Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Британскиот Форин офис притиска врз Софија да продолжи да соработува во „случајот Марков“

Скотланд јард ја продолжува истрагата за убиството на бугарскиот дисидент од пред 30 години, трагајќи по единствениот осомничен - агентот Пикадили

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски


ЛОНДОН - Британското Министерството за надворешни работи го зголемува притисокот врз Бугарија за да продолжи да помага во истрагата што ја води Скотланд јард околу истрагата за убиството на бугарскиот дисидент Георги Марков од пред 30 години во настојувањето да се открие убиецот и да се доведе пред лицето на правдата. Претставник на Форис офис изјави дека официјален Лоднон бара од бугарските власти потврда дека ќе продолжи соработката и дека досиејата и архивските материјали на Софија ќе останат отворени и по истекувањето на законскиот рок што го има Бугарија, кога станува збор за застарување на криминални случаи.

Според бугарските прописи, нерешените случаи се затвораат засекогаш ако во период од три децении не бидат откриени сторителите и ако работите не завршат пред судот. Тој рок во случајот на Марков истекува оваа недела, па додека бугарските власти настојуваат „случајот Марков“ да и' се препушти на историјата и од правна гледна точка да остане трајно нерешен, Британците настојуваат работата да продолжи и понатаму.

Георги Марков почина на 11 септември 1978 година во Лондон откако три дена пред тоа додека на мостот Ватерло чекаше автобус беше прободен со чадор, на чиј врв имало отров од типот рицин. Уште истата вечер, тој и' се пожалил на сопругата дека не му е добро, по што бил префрлен во болница. Лекарите не успеале да откријат каква е „мистериозната болест“ на Бугаринот, па тој починува под мистериозни околности, како што е речено тогаш. Скотланд јард отвора истрага за случајот и дури деталното испитување по обдукцијата открива минијатурна капсула во телото на Марков, наполнета со опасниот отров. Неговата способност брзо да се апсорбира во телото ги збунува лекарите кои се обидувале да го излекуваат на традиционален начин, но им помага на полициските инспектори „смртта од чудната болест“ на Бугаринот да ја преквалификуваат во ладнокрвно и професионално извршено убиство.

Истрагата ја посочува вината кон тогашните софиски власти, обвинувајќи ги дека го испланирале убиството на нивниот политички противник. Марков по бегството од Бугарија на Запад, се населува во Лондон и работи како новинар и водител на програмата на бугарски јазик во Светскиот сервис на Би-Би-Си. Се сметал за остар критичар на бугарската политичка реалност од тоа време и на комунистичкиот режим на бугарскиот лидер Тодор Живков. Случајот ќе предизвика нагло влошување на британско-бугарските односи, кои ќе дојдат на работ да бидат целосно прекинати откако официјална Софија ќе ги обвини Британците за „антикомунистичка пропаганда“, забележувајќи и' на полицијата и на британските власти дека немаат никакви докази за обвинувањата.

Триесет години подоцна и во сосема поинакви политички прилики во Бугарија и во Европа, „случајот Марков“ се' уште нема судска завршница, но во Лондон се вели дека првпат на виделина се појавиле неколку нови сознанија кои фрлаат повеќе светлина врз убиството, потврдувајќи притоа некои од досегашните претпоставки на британската истрага. Во документите и материјалите на бугарската државна разузнавачка служба се откриени детали од средбите и разговорите меѓу претставници на руската КГБ и на бугарската тајна служба околу атентатот. Во материјалот е најден и тајниот договор меѓу КГБ и бугарското разузнавање според кој Русија би го обезбедила ефикасниот отров рицин од биолошко-хемиската лабораторија на советската тајна служба, како и направата и техниката за неговата употреба како ефикасно оружје кое убива „без трага“. Новите докази покажуваат дека засега единствениот осомничен како убиец на Марков, данскиот државјанин од италијанско потекло Франческо Џулино (за кого велат дека некаде е запишан и како Џуилино), добил задача од бугарската служба и по завршувањето на работата бил награден со одликување за ликвидацијата на дисидентот Марков.

Осомничениот Џулино во архивските документи на бугарското разузнавање бил означен како агент Пикадили и еднаш пред неколку години е сослушуван, па пуштен без да биде поднесено обвинување. Велат дека тој тогаш ја признал само шпионската работа во полза на Бугарија, но тврдел дека нема ништо со убиството на Марков. Сега Скотланд јард признава дека нема трага каде се крие некогашниот бугарски шпион во Лондон Пикадили и одбива да ги коментира најновите сознанија што доаѓаат од Софија во британскиот главен град, но полицијата потврди дека нејзините детективи кои работат на случајот, „наскоро одново ќе заминат за Бугарија“.

Мајката на сопругата на Георги Марков, во изјава за лондонски „Индепендент“, открива дека тој очекувал дека ќе биде убиен и отруен, па затоа се' повеќе бил внимателен, но никако не очекувал дека убиството ќе се изведе со помош на еден обичен чадор.

 


Статијата е прочитана 450 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Кремљ не се откажува од признавањето на Јужна Осетија и Абхазија
Словачки автобус се преврти во Хрватска, 14 мртви
Евакуирани 800.000 луѓе пред налетот на ураганот „Ајк“
Штајнмаер ќе ја предизвика Меркел в година
Во Србија има околу 10.000 проститутки
Николиќ ги напушта радикалите на Шешељ
Затвор за докторот што работел во „гаража“
Шестмина загинати во судир на војници со курдски бунтовници
Србија ќе бара арапска поддршка против признавањето на Косово
По 87 години прва седница на владата надвор од Лондон
Италија ќе и' врати затвореници на Албанија