Штајнмаер ќе ја предизвика Меркел в година
БЕРЛИН - Социјалдемократската партија на Германија (СПД) го избра министерот за надворешни работи Франк-Волтер Штајнмаер за кандидат за канцелар на сојузните избори што треба да се одржат идната година. Изборот значи дека ќе се натпреварува со актуелната канцеларка Ангела Меркел од Демохристијанската унија (ЦДУ).
Штајнмаер е министер за надворешни работи и вицеканцелар во „големата коалиција“ на СПД и ЦДУ во владата на Меркел. Анкетите покажуваат дека СПД далеку заостанува во однос на ЦДУ според мислењето на гласачите. СПД ја загуби поддршката последните години од Левичарската партија, составена од дезертери од СПД и комунисти од поранешна Источна Германија.
Во партиската реорганизација, поранешниот претседател на СПД Франц Мунтеферинг беше избран од претставници на партијата да ја обнови улогата кога Курт Бек најави оставка.
„На партијата и' треба силно раководство и силен центар, а верувам дека денешната одлука го поставува курсот за тоа“, рече Штајнмаер по состанокот на партијата. Тој беше началник на Генералштабот во владејачката коалиција на Герхард Шредер со Партијата на зелените, од 1998 до 2005 година. По изборите во 2005 година, кога ниту ЦДУ ниту СПД немаа доволно гласови да формираат влада, тој стана министер за надворешни работи во коалицијата што ја формираа двете партии. (Би-Би-Си) |