Србија ќе бара арапска поддршка против признавањето на Косово
Каиро - Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ вчера на министерскиот Совет на Арапската лига, чиј домаќин беше шефот на египетската дипломатија Ахмед Гајт, побара поддршка за иницијативата на Србија Меѓународниот суд да се произнесе за законитоста на прогласувањето независност на Косово, јавија српските медиуми.
По средбата со Гајт, претходно во Каиро Јеремиќ изјави дека Египет е против признавањето на Косово. Српскиот министер за надворешни работи додаде дека има информации оти некои арапски држави се подготвуваат да го признаат Косово и дека поради тоа тој се наоѓа во посета на Египет. (МИА) |