Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

По 87 години прва седница на владата надвор од Лондон

Лондон - Британската влада својата прва седница по годишните одмори ја одржа вчера во Бирмингем, а не во Даунинг стрит 10 во Лондон или во летната резиденција на британските премиери во Чекерс, што е прв ваков случај по 1921 година.

Пред 87 години, владата на тогашниот премиер Џорџ Лојд одржала седница во шкотскиот град Инвернес во зградата на локалниот градски совет во време кога таму на одмор се наоѓал претседателот на владата. Со своите министри премиерот Лојд тогаш расправал за мошне актуелното прашање од тоа време, ирското напуштање на британската монархија. Нема посебно објаснување зошто актуелниот премиер Гордон Браун ја преселува владата во Бирмингем, но во просториите во Даунинг стрит 10, каде што живее премиерот и каде што заседава владата, се' уште траат работите околу разубавувањето на зградата, па се претпоставува дека затоа владината седница се одржува во градот кој е втор по големина во Британија.

Според соопштението на кабинетот на Браун, на седницата ќе биде промовиран документот според кој „Британија може да го преброди сегашниот економски застој“. Минатата недела министерот за финансии Алистер Дарлинг изјави дека Британија се соочува со најтешката економска криза во последните 60 години. (МИА)

 


Статијата е прочитана 185 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Кремљ не се откажува од признавањето на Јужна Осетија и Абхазија
Словачки автобус се преврти во Хрватска, 14 мртви
Евакуирани 800.000 луѓе пред налетот на ураганот „Ајк“
Британскиот Форин офис притиска врз Софија да продолжи да соработува во „случајот Марков“
Штајнмаер ќе ја предизвика Меркел в година
Во Србија има околу 10.000 проститутки
Николиќ ги напушта радикалите на Шешељ
Затвор за докторот што работел во „гаража“
Шестмина загинати во судир на војници со курдски бунтовници
Србија ќе бара арапска поддршка против признавањето на Косово
Италија ќе и' врати затвореници на Албанија