Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Евакуирани 800.000 луѓе пред налетот на ураганот „Ајк“

Во историјата на Куба не се памети државата да ја погодат два урагана толку брзо едноподруго како сега „Густав“, па „Ајк“

ХАВАНА - Ураганот „Ајк“ ја погоди северна Куба во текот на ноќта со огромни бранови и поројни дождови, но незначително ослабе додека се движеше преку островот. Максималните ветришта на невреме од втора категорија се со брзина над 165 км/час. Некои куќи по должината на крајбрежјето, каде што се евакуирани околу 800.000 луѓе, се уништени неповратно.

Претходно, „Ајк“ однесе 61 живот на Хаити и, наводно, уништи 80 отсто од куќите на главните острови Туркс и Кекос.

Кубанскиот метеоролошки институт соопшти дека центарот на ураганот пристигнал на брегот во близина на Пунта Лукреција во државата Холгвин, околу 823 км југоисточно од главниот град Хавана. Имајќи предвид дека ураганот „Густав“ ја погоди Куба пред само една недела, службите за вонредни состојби на Куба, кои се меѓународно признати, се растегнати до крајни граници, јави дописникот на Би-Би-Си од Хавана.

„Густав“ предизвика сериозно оштетување на западната страна на островот, при што уништи речиси 100.000 куќи. „Во целата историја на Куба никогаш не сме имале два урагана толку блиску“, рече Хозе Рубиера, шеф на метеоролошката служба на Куба, за државната телевизија.

Се предвидува дека „Ајк“ ќе стигне до Хавана утре изутрина. Директен удар врз густо населениот град со два милиона жители и несигурни колонијални згради би можел да биде опустосувачки, јавуваат дописниците.

Во градот Холгвин, хотелски работник јави за новинската агенција Ројтерс: „Постои голема загриженост, прозорците почнуваат да се кршат. Има многу вода, врне многу силно“. Меѓу евакуираните пред доаѓањето на „Ајк“, има 15.000 туристи. (Би-Би-Си)

 


Статијата е прочитана 147 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Кремљ не се откажува од признавањето на Јужна Осетија и Абхазија
Словачки автобус се преврти во Хрватска, 14 мртви
Британскиот Форин офис притиска врз Софија да продолжи да соработува во „случајот Марков“
Штајнмаер ќе ја предизвика Меркел в година
Во Србија има околу 10.000 проститутки
Николиќ ги напушта радикалите на Шешељ
Затвор за докторот што работел во „гаража“
Шестмина загинати во судир на војници со курдски бунтовници
Србија ќе бара арапска поддршка против признавањето на Косово
По 87 години прва седница на владата надвор од Лондон
Италија ќе и' врати затвореници на Албанија