Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Свет
08.09.2008, 16:16

Николиќ ги напушта радикалите на Шешељ

БЕЛГРАД - Претседателот на главната опозициска партија во Србија Томислав Николиќ поднесе оставка откако постарите колеги одбија да ги поддржат напорите на земјата за приклучување кон ЕУ. Николиќ неодамна ја убеди неговата Српска радикална партија да ја одобри ратификацијата на една важна спогодба со Европската унија. Но, во партијата постоеше револт околу ова прашање, при што критичарите истакнуваа дека тоа значи откажување од претензиите на Србија кон Косово.

Косово унилатерално прогласи независност од Србија оваа година. Дописникот на Би-Би-Си од Белград јави дека Николиќ ја управувал партијата кон центарот на српската политика, фокусирајќи се на социјалните прашања, како што се невработеност и сиромаштија наместо кон милитантниот национализам од минатото.

Николиќ официјално е заменик-претседател на партијата, бидејќи нејзиниот лидер Воислав Шешељ се соочува со обвиненија пред Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг. Неговото одобрување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, потпишана во почетокот на годината, но се' уште не е ратификувана од српскиот парламент, беше предалечен мост за многу негови партиски колеги, јавуваат дописниците.

На состанокот на партиското раководство во петокот ноќта беше сменета одлуката да се прифати Спогодбата со Брисел. Во знак на протест, Николиќ поднесе оставка и од позицијата де факто лидер на партијата и како шеф на нејзината парламентарна група.

Парламентарното гласање за спогодбата со ЕУ се очекува следната недела. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 969 пати.

Испрати коментар



Кремљ не се откажува од признавањето на Јужна Осетија и Абхазија
Штајнмаер ќе ја предизвика Меркел в година
По 87 години прва седница на владата надвор од Лондон
Британскиот Форин офис притиска врз Софија да продолжи да соработува во „случајот Марков“
Шестмина загинати во судир на војници со курдски бунтовници
Србија ќе бара арапска поддршка против признавањето на Косово
Италија ќе и' врати затвореници на Албанија
Евакуирани 800.000 луѓе пред налетот на ураганот „Ајк“
Словачки автобус се преврти во Хрватска, 14 мртви
Во Србија има околу 10.000 проститутки
Затвор за докторот што работел во „гаража“



grazerin, 09.09.2008 00:45:49
Mu cestitam na Nikolic vrven politicar so ogromno razbiranje za siromastijata vo Srbija.Samo vaka mozi da se bori za gradjanite na r,Srbija.Moderen politicar koj go razbira vremeto kako faktor vo politikata,na siromasnite gradjani koj sto vo celost se solidarizira .Dobro bi bilo i neka im sluzi na Makedonskite politicari kako primer. Momentalno eden od vrvnite politicari na balkanot,Sekoja cest.
08.09.2008, 13:31

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 27°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 15°C

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 22°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |