Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
19.06.2012, 16:58

Колку се платени нашите топ-менаџери

Директорот на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, е единствен менаџер во земјава што ја стави на увид својата годишна плата од 140 илјади евра

Соња Маџовска
Маја Томиќ

Директорот на „Макпетрол“ Андреја Јосифовски се охрабри пред целата македонска јавност да ја стави на увид не само својата годишна плата, туку и платите на членовите на целиот Надзорен и Управен одбор на компанијата.

„Макпетрол“ неколку години наназад ги објавува платите на првите луѓе во фирмата како ценовно чувствителна информација на Македонската берза. Но, оваа практика не ја прифаќаат и другите македонски фирми. За најголемиот дел од менаџерите во земјава платите се најстрого чуваната деловна тајна. Компаниите овој податок го пласираат во годишните извештаи, но скриено, односно нема одвоени податоци за секој од првите луѓе кој колкава плата прима.

И за разлика од цел свет каде што секоја година се прават листи на најплатени менаџери, кај нас прв и единствен на листата засега останува Андреја Јосифовски, бидејќи за другите нема податоци.

Според годишниот извештај на Управниот одбор на „Макпетрол“ за 2011 година, претседателот на Управниот одбор, Андреја Јосифовски, лани примил годишна вкупна плата со сите додатоци од 8,7 милиони денари, или 140.000 евра. Овие бројки покажуваат дека месечната плата на Јосифовски изнесува близу 12.000 евра. Во извештајот, објавен на Македонската берза уште се вели дека Јосифовски останува и претседател на Одборот на директори на осигурителната компанија „Кјуби“ - Македонија.

Познати се платите и на преостанатите членови на Управниот и Надзорниот одбор на „Макпетрол“, но тие се далеку помали од онаа на првиот човек на компанијата. Годишните плати на останатите членови се движат од 40.000 евра, па се' до најниската која изнесува 13.000 евра. Вкупно за топ-менаџментот, компанијата за плати во 2011 издвоила 440.000 евра.

Овие бројки се без дивиденда, бидејќи лани, а и оваа година „Макпетрол“ реши да не дели дивиденда. Минатата година ја заврши со добивка од 417.000 евра, за разлика од 2010 година, кога пријави загуба од 4 милиони евра. Загуба имаше и во 2009 година, што не беше случај во претходните години.

Македонските компании во последниве неколку години редовно ги објавуваат финансиските извештаи за нивното работење. Се анализираат податоците за добивките или загубите, но платите најчесто се губат во многуте бројки. Од Компаниите објаснуваат дека станува збор за нивна деловна политика, освен доколку Надзорниот и Управниот решат да ја симнат тајноста на овие податоци, што значи дека само во тој случај би ги објавиле податоците за платите на менаџерскиот тим.

Освен во извештаите на компаниите, податоците за примањата на вработените врз основа на поднесени даночни пријави ги има и Управата за јавни приходи. Таа ги објавува овие податоци, но без имиња. Евентуално се открива секторот од кој доаѓаат најплатените менаџери.

Откако Управата за јавни приходи почна официјално да ги објавува највисоките плати исплатени во земјава, врз основа на платениот персонален данок, неколку години по ред на врвот на листата најплатени професии се фармацевтите, банкарите, вработените во ИТ и во телекомуникацискиот бизнис. Тие се ретките среќници со највисоки плати кои се далеку над просекот во државава. Додека најголемиот број на вработени едвај преживуваат со некои 200 евра месечно, иако статистичкиот просек на платата е околу 350 евра и додека земјава се дави во сиромаштија и во невработеност, мал број на граѓани не знаат каде да ги потрошат парите. Во јавноста, по објавувањето на највисоките годишни плати, почнуваат да кружат разни приказни и претпоставки за која личност би можело да стане збор.

Според последните податоци на УЈП, објавени лани есента, во 2010 година

највисоките плати се во фармацевтската дејност. Таа е на прво место со највисок исплатен приход од вработен од 50,6 милиони денари, или околу 800.000 евра годишна плата. Тоа покажува дека најдобро платен менаџер во 2010 година од фармацевтскиот сектор примал месечно по 68.651 евра.

Веднаш зад фармацевтите, со мали разлики во приходите, следуваат вработените во телекомуникациите, во банкарскиот и во ИТ-секторот.

Вториот на листата е од Куманово, кој во 2010 годишната плата му изнесувала 430.000 евра, или на неговата сметка месечно легнувале по 35.000 евра. Сите останати до десеттата позиција на листата се скопјани. Треторангиран е менаџер со годишни примања од 390.000 евра, или месечно по 32.000 евра и четвртиот најплатен директор земал годишна плата од 180.000 евра или 15.000 евра месечно.

Излегува дека следен на листата со месечна плата од 12.000 евра би можел да се позиционира првиот човек на „Макпетрол“ Андреја Јосифовски.


Статијата е прочитана 2388 пати.

Испрати коментар



За туристите во Црна Гора задолжителна потврда за престој
Казни за кафеаните кои работат по 1 часот
Презентирани опциите за инвестирање пред руските бизнисмени
Пензиските фондови немаат каде - па ќе ја кредитираат државата



Komunisti, vratete se!, 20.06.2012 13:47:28
Dodeka rabotnicite od realniot sektor zemaat prosechno po 120 evra, gospodinot 12.000 evra. Za onoj farmacevtot i da ne zborime, a vrabotenite vo aptekite se so primanja od 120-250 evra, vo zavisnost od SS. I nekoj ..rabotnici,, ke mi go falat ovoj sistem. Ma proklet da e!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |