Во Србија има околу 10.000 проститутки
Белград - Околу 1.000 проститутки официјално се регистрирани во Белград, но неофицијално нивниот број во главниот град изнесува 2.500, а во целата држава околу 10.000.
Ова се наведува во извештајот на српското списание „Престап“, каде што пишува дека секоја седма проститутка во Србија е малолетна, а вкупниот обрт на пари заработени од проституција на годишно ниво ја надминува сумата од шест милиони евра.
Српското Министерство за внатрешни работи со цел да го намали овој криминал, пред пет години ги забрани агенциите за придружби, но на нивно место денеска се отвораат салони за масажа каде што цвета проституцијата. Во подем е и „хотелската проституција“, во која се' помалку учествуваат жени од Молдавија, Украина и Русија за сметка на локалните жени.
Најчесто со проституција, според списанието, се занимаваат сиромашни студентки од рурални средини, кои на овој начин се обидуваат да си го платат образованието. (Макфакс) |