Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
31.01.2012, 16:06

Позеленеа лавовите на „Гоце Делчев“

Општинарите од Центар допрва ќе прават увид на терен

По спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев, позеленеа и два од четирите лава на мостот „Гоце Делчев“. Тоа особено паѓа во очи кај лавот од страната на тврдината Кале, но и кај соседниот е забележлива промената на бојата. Општинарите од Центар не знаат дека и тие споменици почнале да ја менуваат оригиналната боја откако пред неколку месеци се измени бронзата на спомениците на Гоце и на Даме.

„Двата лава како да се излеани од зелена бронза, која и не постои, целосно се позеленети. Како ќе објасните дека неколку метри подолу од лавовите, на споменикот на Скендер-бег нема никаква промена и по толку години. Веќе почнувам да се сомневам дека квалитетот на бронзата од која се леат нашите споменици не е тој за којшто плаќаме. Сметам дека е потребна подлабока анализа на квалитетот на спомениците“, рече Благородна Крстевска-Мојсовска, советник од СДСМ на последната седница на Советот на Центар. Го запраша градоначалникот Владимир Тодоровиќ дали тој, воопшто, ја знае состојбата на лавовите и дали планира да преземе нешто. Градоначалникот реплицираше дека секој ден поминувал оттаму, но не забележал никаква промена кај спомениците. „Очигледно промената не е толку драстична. Сепак, ќе пратиме екипа на терен и доколку има потреба, соодветно ќе реагираме“, вети Тодоровиќ, кој истакна оти најверојатно станува збор за процес на оксидација на бронзата, што е вообичаено.

Инаку, ова не е прв случај некои од спомениците од „Скопје 2014“ да ја сменат оригиналната бронзена боја. Минатата година слични проблеми имаа и коњаниците на Даме и на Питу. Нивните релјефи ја сменија бојата, позеленеа, па интервенираа екипи од италијанската леарница каде што се лееја. Надлежните тогаш објаснија дека станува збор за вообичаена состојба, процес кој не може да се спречи, туку единствено може да се санира. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 1660 пати.

Испрати коментар



Државата ќе ги уништи Воинот и Портата, а црквата - паркот пред АРМ



Македонец, 01.02.2012 02:18:59
Никаде во светот непозеленуваат спомениците...како и секогаш Македонија е исклучок во се,па мора но нешто и први да бидиме,не само први во мизерија...кога нема контрола како се трошат парите,ова ќе ни се случува,плаќаат помалку,а пријавуваат високи суми и потоа имаме споменици со низок квалитет,народе тоа што сте го дробеле тоа ќе си го сркате...поздрав
todor, 01.02.2012 06:12:20
Mozam da kazam deka se poubavi vo vakava varijana da sme barale takov matrijal ne bi upotrebile ,bravo bas mi dobagat makedonskite lavovi,me cudi sto razbiraat ovie od SDSM od novata tehnologija,(_).
jimmy1, 01.02.2012 06:42:38
Toa se pravi namerno za koga ke dojde den da se cistat cenata ke bide vo milionski sumi na evra, kako sto bese koga go menuvaja osvetluvanjeto, pa neli potrosija milioni evra za negde okolu 1000 svetilki. Ovie mislat deka nie pasime treva i neznaeme kolku cini edna sijalica i kolku bi cinelo edna promena na svetilkite. Nasle drzava bez stopan pa kradat kolku sto im e volja. So sve istoto se raboti i zatoa samo gradat nesto sto nee produktivno, nesto ste ne pridonesuva za podobar zivoten standard na graganite nitu pak za dobroto na nasata drzava. E ovie ti se opstinski tatkovci.
angel, 01.02.2012 09:40:34
mala ispravka vo zavrsniot tekst:mislam deka nese na plostat Dame i Pitu,nego Dame i Goce
mentalist, 01.02.2012 18:15:17
Далтонистите црвената боја ја гледаат како зелена, но некои далтонисти зелената им се гледа како бронзена. Добро што не е во Партија на Зелените, кој знае како би ја прекрстил...
м и л ч о, 01.02.2012 21:03:49
pa sto se cudni lugeto,,pa za odrzuvanje na spomenicite ke se formira firma,,pa ke rabotat luge ,,pa ke se trosat pari ,pari pari ,treba da se trosat parite do posleden dinar nisto da ne ostane,,mesto da krpime ulici i drugi povazni raboti ke cistime spomenici ....bravoooo

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Слаби снежни врнежи

Недела
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -8°C

Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -4°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |