05.02.2012, 12:22 МО: Не се основани обвинувањата на професионалните војници
Како резултат на социјалниот дијалог е и решавањето на станбеното прашање за припадниците на Армијата со што значајно ќе се подобри нивниот статус, информира Министерството за одбрана
Министерството за одбрана ги отфрла како неосновани и политички мотивирани изјавите на Независниот синдикат на професионалните војници, кој вчера на прес-конференција соопшти дека МО не им исплаќа за дежурства и патни трошоци и дека две години ниту еден од професионалните војници не е пренесен во активна резерва.
- Изјавите од страна на Независниот синдикат ги отфралме како неосновани и политички мотивирани. Министерството за одбрана е во континуиран дијалог со Синдикатот на вработените во одбраната за решавање на сите прашања вклучително и прашањето за професионалните војници. Министерството ги води разговорите согласно Законот за работни односи, Законот за одбрана и Законот за служба во АРМ и така ќе продолжи. Како резултат на социјалниот дијалог е и решавањето на станбеното прашање за припадниците на Ар��ијата со што значајно ќе се подобри нивниот статус, информира Министерството за одбрана.
- Концептот за резервен состав на АРМ е еден од модалитете за решавање на идниот статус на професионалните војници. Потребно е да се нагласи дека сите припадници на АРМ кога стапиле на должност во Армијата имаат потпишано договор со свои права и обврски кои им се добро познати и прифатени од сите. Министерството за одбрана ќе направи се да дојде до решавање на идниот статус на професионалните војници согласно можностите на државата и договорените проекти, стои во реакцијата на МО.
|
|
Статијата е прочитана 1216 пати.
|
Испрати коментар
|
|
stavre, 05.02.2012 17:29:38 | Ovie mutavi se pravat ili nedovetni? Alooooo....prasuvame za toa sto nema nadomestoci za dezurstvo, zakupnina i patni trosoci od m.Septemvri pa navamu. Sega e Fevruari 2012 god. Ne mi kazuvaj ti mene za stanovi, nisto od toj proekt nema da bide toa i vrapcinjata go znaat. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -7°C
Слаби снежни врнежи
|
Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -4°C, Мин: -8°C
|
Вторник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|