Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.02.2012, 17:02

Мое ќоше

Зимска хајка по предавници

Ерол Ризаов

Ловот на непријатели трае четири сезони без ограничувања

Кога е многу студена и снежна зимата, правите ловџии не ловат. Ги оставаат пушките дома и се организираат како да им помогнат на животните. Го расчистуваат снегот на одредени места во планината. На таканаречени хранилишта положуваат храна за животните. Велат, кога температурите ќе се спуштат под минус 20, свињите и елените спијат заедно. Така е кај животинскиот свет, како вроден нагон за самоодржување, а кај вистинските ловци – џентлменството се стекнува како висок етички стандард и како карактерна особина која посебно се цени.

Но, големиот снег и студ се идеални за ловокрадците. Тие организираат поинакви потери и хајки од нивните благородни колеги. Пукаат на се' што мрда. Не гледаат многу дали се работи за капиталци и ретки примероци на исчезнување, кои заробени во стегите на мразот немаат никаква шанса. Овие злосторници прават вистинска касапаана од живиот свет, без око да им трепне. Всушност, ова е идеално време за нив. Нема кој да ги види по овие снегови и студови, па стрелаат ли стрелаат.

Во Македонија има уште еден лов, кој без забрана трае четири сезони. Власта прогласи слободен отстрел на предавници и странски платеници. Нема никакви ограничувања. Секој што мисли и зборува, пишува поинаку од она што го проповеда Владата, е слободна цел за отстрел како штетник за чија глава следува награда. Деновиве проследивме неколку зимски хајки против живи луѓе. Ловната сезона, под Пелистер, во Битола ја отвори лично премиерот Никола Груевски. Држте ги, викна премиерот и им ги покажа на загарите уставните судии. Тие се виновни што не можеме да ги фатиме кодошите, најголемите душмани на татковината. Судиите под притисок на поткажувачите носат одлуки во корист на овие штетници кои нанеле големи зла. Потоа одекнаа медиумските труби. Ловот е слободен. По храбрите новинари се огласи државната Антикорупциска комисија за заштита на криминалот на власта: само ако уште еднаш најдете закон кој не е во согласност со Уставот, ќе испитаме ние добро каде предавате, на кои факултети, каде имате дополнителни дејности, мајката ќе ви ја расплачеме ако продолжите да го вознемирувате премиерот и да ја кочите преродбата.

Или замислете си, Мирослав Грчев, професор на Архитектонскиот факултет и Љупчо Георгиевски, поранешен премиер, дале изјави за некоја бугарска телевизија. Каква дрскост да зборуваат јавно против ингениозниот проект на Владата „Скопје 2014“. И ни помалку ни повеќе, да си ја клеветат сопствената држава кај Бугарите. Грчев рекол - само дилетант, само будала може да зборува за македонска култура и историја во палеолитот или во неолитот. А Георгиевски со потсмев се прашал пред Бугарите дали сме антички југословени. Веднаш излезе на телевизија оној доктор по новинарство, дежурен бранител на македонските национални интереси и испука цел рафал врз предавниците фатени на дело како зборуваат неконтролирано на бугарска телевизија. Го гледам со сожалување сиротиот тазе доктор по науки како ја потврдува тезата на Грчев на самоубиствен начин. Па какви тоа нации, држави и јазици имало во палеолитот и неолитот бре човече, или уште тогаш се одвоиле Македонците од неандарталците како посебен народ, нели докторе. Потоа излезе еден умен човек, гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и со длабок сугестивен глас и' кажа смирувачки на нацијата дека Грчев треба да се извини на македонскиот народ што го навредил смртно на бугарска телевизија. Ама портпаролот заборави да каже дека имало уште еден кој јуначки ја исфалил Македонија среде Бугарија. Вангел Божиновски, архитект и познат македонист кој некои негови колеги го сметаат за основоположник на проектот „Скопје 2014“, им одржал час по историја на Бугарите и ни го обелил образот. Божиновски им треснал во очи на „татарите“ дека македонската култура го создала и го оформила барокот, дека римјаните копирале архитектонски дела создадени од македонски мајстори при походот на Александар Македонски, дека многу ремек-дела во светот се копии на македонската култура. Браво бе, Вангел, така се брани македонската култура и историја. Па колку сакаат нека ни се смеат Бугарите. Доста ние им се смеевме ним. Нека видат како е кога е нешто смешно до солзи.


Статијата е прочитана 5669 пати.

Испрати коментар



Шацимаркакис
Зоран Талер ослободен од обвинението
Mуличкоски ќе и' помага на Владата, ама не за фасадата
Интервју
Се шири грчкиот фронт против Привремената спогодба
Грција го манипулира и Метју Нимиц
Германци ќе отворат фабрика за 4.000 работници
Бројката на невработени намалена за 40 илјади - но како?!
Додовски
Љупчо Георгиевски ја пребројува ВМРО-НП
Карикатура



jovan, 06.02.2012 00:08:48
Jas samo ke dodadam deka tokmu poradi toj doktorot po novinarstvo i negoviot gazda sme ovde kade sto sme, a i ke propagame uste. Se dodeka i Gruevski ne go svati toa, i toj samiot eden den ke zavrsi kako nivna zrtva. Ne samo nie.
seirdzija, 06.02.2012 00:39:13
Erole se sto se pravi se pravi od STRAV.Strav od sopstveniot kriminal koj bi mozel da dojde na ceslanje so zaminuvanje na ovaa vlast.Svesni se deka vece im nateznaa najmalku 500 godini zatvor vo slucaj da se razotkrie sto se pravele za poslednite 6 godini.Kriminal vo REK Bitola,kriminal vo sudstvo,policija,administracija,Telekom,Skopje 2014,pritvori,zatvori,rusenja ,ubistvo,ogromni pari stavija na licni smetki,zatoa i stravot e so golemi oci,pa otuka e tolku normalno sto ne cestat so sekojdnevni gluposti za zamajuvanje.Sega se uplaseni od radikalizacija na situacijata,pa ke mozes kolku utre da procitas podmetnuvanje ala Latas deka SDSM se radikali....
Tatar, 06.02.2012 02:31:30
Bogami loso mu se pisit na Grcev.slusnav, Grujo go naklevetil i vo Japonija za krazba na avtorski prava.Demek koga go kopiral ventilatorot(Drz Zname)ne pobaral od istite soglasnost da go upotrebi nivnoto Zname kako model.Pa im skisnalo na Japonciva,prvo nacistite im go zloupotrebija Kukastiot Krst,go prisvojia,pa sega uste i Grcev im trebase.Se zboruva deka ce mu napraat tuzba i ce baraat zabrana za upotreba na istoto.So praime nie kutrite,so ovoj nedoveten Grujo,zar nemoit da si cuti i da raboti kako ce mu kazat drugite....?
Hrabri, 06.02.2012 03:33:15
Надеж за спасение на Македонија од оваа безумна политика за лумпенизиране и антиквизација на населението на Груевски е само во луѓе како г-дин Л.Георгиевски, г-дин М.Грчев и вас г-дин Ризаов .. Луѓе изразувајќи смело мислење без оглед на опасноста од репресии од страна на подлизурковците од фалангата на Груевски.
Ljubotan Trade Name, 06.02.2012 06:43:30
Dragi Erole ! Ovoj pat,Nema Mesto za mene, ni da dodavam ni da odzemam! Pisanijeto tie prav Analiticki pogodak na dnevno politickite sostojbi vo Makedonskoto Trlo-Tor. Ne bi bilo posteno od moja strana, da go valkam Tvoevo Pisanie,. Tvoevo Pisanije e Sonce ,a sekoj moj komentar bi bil, kako nepolna Mesecina, A na Sonceto, Polovina Mesecina ne mu e potrebna! Ova Tvoe Pisanie odlicno se nadovrza na vcerasnoto pisnije ,za Stravot ma Makedonskiot Mentalitet na Dr.Spasov ! Najgolema tragedija na Makedonija e, sto ne gi gleda vrednostite, il ne gi razbira porakite i na Tie uste malku sto razmisluvaat so svoja Glava. Eeee ,eden od najgolemite Teoloski Misliteli vo Minatiot Vek,za Nas Balkancite rece: Neznaeneto ne Otepa! Kakvo Prorocanstvo! Eve i den deneska Toa prorocanstvo go Svedocime.
Miki, 06.02.2012 07:45:22
Пред некој ден сакав да се напијам алги (за добро здравје) - и кога оп, ја препознав алгата дека има македонски корени. Па како да ја јадеш? Не, можев ја почувствував како моја далечна роднина. Алга - Македоноид.
pameten, 06.02.2012 08:06:13
А Георгиевски со потсмев се прашал пред Бугарите дали сме антички југословени. Ne e za smev. Integracijata na golemoto mnozinstvo od Makedoncite vo Jugoslovenskata masovna kultura e del od deneshniot Makedonski identitet. Toa e prichinata za konfliktot so Albancite, so koi nashite vo 1913 krenale zaednichoto Ohridsko vostanie protiv Srbite. Toa e prichinata za nemozhnosta da se izgradi strateshko partnerstvo so Bugarite. Toa e prichinata zoshto genialec kako Ljubcho ne beshe prifaten kako priroden lider na nezavisna Makedonija. Toa e prichinata za antikvizacijata - de se negira pre-Jugoslovenskata istorija na narodot i da se najde bozhemno vistinski MAKEDONSKI temel. No bidejki opstanokot na Jugoslovenska Makedonija e istoriska nemozhnost, a izlezot od Jugoslovenstvoto e neprifatliv za mnozinstvoto, Makedonija e soochena so katastrofa.
Alek®, 06.02.2012 09:19:34
Ќе паднев од столицата од „ингениозноста и детерминираноста“ на бранителите на владините проекти - што од шок, што од смеа...
Rezzilov, 06.02.2012 09:20:23
Според честите писанија очигледно е дека авторот е опседнат со лустрацијата.Што му е нему гајле за кодошите?
ФЕЛИКС, 06.02.2012 09:20:34
Кога ја гледав емисијата на Чомовски на МТВ и кога таму се открија некои нешта тогаш мислам да некогаш загарите истеруваат на виделина не баш пријателски настроен ,,дивеч,,Имено потпаролот на ДУИ ептен ачик на видниот член на Бихаќевците му кажа за учеството и намерите на Бихаќката опозицијата визави настаните на Калето,кој изгледаше како да имаше близок контакт со Кличко.Па ако се сетиме за поврзаноста на оние овдешно Бриселски медиумски играчи кој ја искодошија сопствена земја пред оној плагијаторски представник на ЕУ.Па онаа фамозна територијална поделба во која настрада Струга и идната година Кичево.Има и други работи но немам простор за опис.Се на се има и хајки но има и штетен дивеч.
Еден мангуп од Аеродорм, 06.02.2012 09:30:37
Поздрав за храброста на авторот да покрене ова прашање. Но, големиот прашање е колку Македонија не се наоѓа се уште во рацете поранешната УДБА, а тоа значи индиректно во орбитата на КГБ. Демократии од белоруски-молдовкси тип немаат и никогаш нема да имаат место во ЕУ. Не знам на што чудо се надева некој дека баш за Македонија ќе има исклучок.
B.Betinski, 06.02.2012 09:42:54
„Najdobrite najloso se rasipuvaat“. Taka napisa, vo svoe vreme Platon, ucitelot na Aristotel, koj bese ucitel na Aleksandar zatoa sto Pela, vo toa vreme, morase da uvezuva inteligencija od Atina so sto, patem, se gordeese (Vajgal). Platon zboruvase za togasnite tiranii koi sega se vikaat populisticki rezimi. Pod ona „najdobri“ treba da se razbere: najhrabri, najmudri i najcesni, koi trebalo da gi vodat nekogasnite gradovi-drzavi, za da sluzat kako primer za onie sto gi vladeat. E, sega, napravete sporedba so nasata segasna antika na vlast za da se uverite dali taa ja sledi praktikata na svoite idoli, ili pak ja izneveruva. Uste i ova: ako Filip uvezuval pamet od Atina, mozam i jas da se povikuvam na Atinec od vremeto na Filip.
Stipjanec, 06.02.2012 09:55:20
Ne znam sto da kazam? Dali ova sto se slucuva e samo son ili pak nekoja imaginarna (alternativna) realnost. Site ovie gluposti sto se slucuvaat, za toa deka se na ovoj svet poteknuva od MAKEDONCETO, se so kratok zdiv. Kako sto doaga sekoja BUDALASTINA, taa i brzo ke si zamine. No ova e nesomneno eden period na najgolemata BUDALASTINA, sto ja degradira Makedonija do nevideni razmeri.No sepak, i toa ke pomine, i ke se zaboravi, kako sto mnogu Budalastini vo svetot se zaboravaat. Edinstveno sto ke ostane kako vecen SPOMEN, toa e novo-komponiranata ARHITEKTURA, i toa vo najstrogiot centar na Skopje. Taa dolgo vreme ke ne potsetuva na MAKEDONSKATA RENESANSA, i na najgolemite abdali t.n Arhitekti i Doktori po nauki!
milan, 06.02.2012 10:27:11
G-dine Erol nema da se iznenadam ako eden den gi sknat zagarite i kon vas,samo ako uspeat da go izilustriraat ustavniot,na red ke bidat novinarite predavnici. ps.Citam vo nekoi portali vo Turcija trebalo da se sretnat i so Polat Alandar arno ama po se izgleda se sretnale so Iskender i Ersoj a Ferhunde im skuvala kafe.
Давид, 06.02.2012 10:57:51
Ловот и отстрелот на човечки глави, не е вештина од вчера, ниту изум на оваа власт. Присетете се господине Ризаов само колку новинарски трагедии се одигруваа поради убојното оружје на поранешните стрелачки ешалони. Ловот едноставно продолжува во сите сезони. И ќе трае се додека народот не се одлучи да го осмисли сопствениот одбрамбен кордон. И секако, се додека новинарската фела не го изостри сопственото оружје, кое без сомневање, може да придонесе и тоа како во исцртувањето на вистински демократски амбиент и да не биде алатка во рацете на власта, која со помош на докторите по новинарски примитивизам од типот на Латас, Мирка, Миленко и Јанко, ни ги подметнува Потемкиновите села, пејзажите на лажниот рај.
Zagarite se dobro nahraneti od vlasta, 06.02.2012 11:01:31
Izjavata koja Grcev ja dal na bugarska tv e sosema korektna . Navistina samo budala i diletant moze da zboruva za akedonska kultura i istorija vo neolitot i paleolitot. A za onaj Bozinovski e poseben egzemplar vo treskanje gluposti. Pa pri edna debata pred povece od edna godina, na MTV okolu spomenicite javno izjavi deka izgradbata na istite povolno deluvale na namaluvanje na brojot nadusevnite zaboluvanja i mentalnite rastrojstva kaj populacijata i zatoa trebalo da se gradat sto povece spomenici?!I sto mozes da kazes posle treskanje na takvi zeleni od akademski .obrazovaniu gradjani?
mene, 06.02.2012 11:57:22
Po ova sto go procitav dosega izgleda deka imate stroga recenzija vo objavuvanjata na komentarite. Gi objavuvate samo po partijska linija. Isto ti doagja kako pogovorkata kadija te tuzi kadija ti sudi. Samo edno da ve potsetam site aram da vi e koga gi podrzuvate zlikoovcite sto zboruvaat loso za Makedonija
lika, 06.02.2012 12:14:29
Изјавта на арх.Грчев беше дадена за бугарската национална телевизија. Да се зборува за постоење на македонска нација во праисторијата, во времето на неколку илјади години пред Христа е апсурд и апсолутна глупост, незнаење, елементарен аналфабетизам. Затоа, критиките против неговата изјава најдобро зборуваат за интелектуалниот и елементарниот мисловен капацитет на критичарите. Што ли мислат историчарите за критичариве? Како не им е непријатно пред целата јавност да изгледаат толку ступидни? Не ми се јасни тие луѓе - навистина ли веруваат во сопствените небулози или само глумат и нешто одработуваат? Што и да е од двете, ги прави недостојни за јавно внимание. Времето е јаголем непријател на секој човек, па и за критичариве ќе дојде времето кога ќе бидат јавно порекнати и смеани. Ех, Македонци до кога ќе бидете матипулирани од надриинтелектуалци и квази патриоти?
Levichar, 06.02.2012 13:31:52
Kako levichar po ideoloshkata opredelba, ne sum ,,kompatibilen,, so gospodinot Ljubcho Georgievski, ama mislam deka na poslednite izbori imashe najdobar nastap od site uchesnici, a i po izborite prodolzi so nekoi realni tezi i stavovi, pa i za BG TV. Na zalost kaj nas toa ne e od presudno znachenje, nego nudish li nekomu rabota i privelegija ili ne. A tuka Grujo najdobro plovi - deli i shakom i kapom! I ce tera se dodeka ima, a posle neka mu misli toj shto ce dojde po nego. A toj po nego, i pokraj se, ne bi sakal da bide ni Ljubcho, ni Branko, pa ni Grchev (koj odlichno go kaza, toa shto go kaza), nego nekoj sosema nov politichar, pameten i chesen, vistinski patriot, koj ce raboti za narodot i drzavata, za site, a ne samo za sebe i sopartijcite. Ako voopshto takov postoi.
Spase, 06.02.2012 15:08:41
Ne znam sto si po nacija ti Riz. ama po sve izgleda ne si ti nekoj rodoljub vo sekoj slucaj ako branis Bugari ti i ne gi poznavas dovolno covece ajde smiri gi novinarskite strasti. Ovaj Grcev i Georgievski neka tebe ti bidat i licni gosti toa e tvoja rabota ama da kazuvaat so gnev i napadjanje na nasata renesansen nacionalizam koji dolgo vreme ne sme go imale a toa ovie sosedi nikogas i ne prestanal nas ni e potreben pa makar da ima i utki nekoji.. Ako tebe ti e krivo pridruzi im se na ovie dvajca i pocnete da prtestirate srede sofija vasa rabota ama da ne gnjavite so vasite mudruvanja najdobro e da ve nema voopsto.
pero, 06.02.2012 15:33:10
ВАНГЕЛ.......името на нашиот моментално Архитект Намбр УАН, на грчки значело: ЕВАНГЕЛОС - добар, убав глас.......(да не ме појадат античкиве Македонци и да кашат дека тоа е на старомакедонски), арно ама овој наш експерт Вангел Божиновски а зине нешто само Глупост до глупост........... го гнаси името што си го има..............
deko, 06.02.2012 15:34:13
Sto luge ste vie,dali znaete deka od tie kodosi na 10 iljadi makedonci zivotot im bil upropasten na niv sose familijata i vie tuka placete po tie kodosi da ne se gibaat sinki zastiteni se kako mecki vo planina.Pa citajte malku stampa, vo site drzavi bez milost tamosnite sistemi se spravija so niv osven kaj nas kade sdsm sostaven od kodosi se bori po sekoja cena tie da gi zastiti.Dali nekogas ke se setite da napravite intervju so licata sto bile kodoseni,ili emisija na TV da vidite niz kakvi maki prosle,sto doziveale,kako ziveele vo tortura,sikanirani bez milost.Dali smetate deka tie kodosi sega i mislat dobro na Makedonija-NE,NE SE LAZETE............
arhitekt, 06.02.2012 15:41:37
Nie vo arhitektonskata fela sme go smetale arh Vangel B. za netokmu uste od studenskite denovi . Podocna samo stana dobro platen netokmu arh. i istoricarpo naracka na ovaa zabegana vlast.A eve uspeal da ne obruka i nadvor od drzavata.
Трпе, 06.02.2012 15:56:33
Ловци а во вакви услови криволовци не се само лугето, поточно бладата на РМ.Голем број ловци и мршојадци се и животните.Зарем не знаете дека на вакво време кочан зима волците во глутница се однесуват како влада и прават покољ а не колку им треба.Но овој каков таков народ и ова го заслужува,си има пастир со стекнати симпати на чесен начин.
замислен, 06.02.2012 16:45:27
Се чудам и се мислам,зошто денешниве империи не наоѓаат за потреба да спринтерски трчаат по бројнава оска,наназад.Изгледа увиделе,дека поисплатливо им е полжавски,нанапред.Ем секогаш би биле во плус,ем никогаш не би се со��нале.
Ајван Доктор®, 06.02.2012 17:48:45
Да,го изгледав филмот и умрев од смеење!Барок-пред барокот,колку гордо тоа звучи! :0)) Човекот си беше новинар во Радио Скопје и со децении далеку од архитектурата!Наеднаш заради канцелариска блискост (та,цимери се) со главниот на здружението „Мајка Тереза“,стана ценет и почитуван,откако на „трета мајка“успеаа да го протнат својот предлог местејќи го жирито!Секако,франкенштајн градбата со делови од „Ивица и Марица“може да служи за потсмев,а не за егзалтирање на националните чувства!Минував пред некој ден крај домот,а пред мене туристи,Германци,се скинаа од смеа кога ја здогледаа!По моето смеење,подоцна започнавме разговор,дознав дека се архитекти од Берлин,ама ваква смеурија никаде не виделе,ме убедуваа!Ме прашуваа за стилот и веднаш им кажав дека се работи за „антички барок“!Го веселиме светов!Имаат барем некоја корист од нас! :0)))
Зевзекмен, 06.02.2012 23:30:03
ne se slagam so nikakov nacionalizam, no ne sme udreni so mokra krpa... otkaj pa denešnite grci vo solunsko pole, 70% doseleni magiri, se makedonci, a moite pretci koj tamu živeele i se proterani 1945 (pred građanskata vojna) se dojdeni od Karpatite ?? i kako samo oni, da ne imalo nekoj čarter ?? a denes site balkanski narodi so pravo si naođaat deka imaat antički koreni, samo nie ke se pravime deka sme od Karpatite... ne imeto, ke se izgubi i država so takvi razmisluvanja..

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -6°C

Облачно

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -3°C, Мин: -11°C

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: -4°C, Мин: -14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |