05.02.2012, 17:33 Додовски: Собирот на Георгиевски е нелегитимен
Седницата на Централниот комитет на ВМРО-Народна партија на која Љупчо Георгиевски е избран за в.д. претседател на партијата е нелегитимна и нелегална, сметаат поранешниот претседател и генерален секретар на ВМРО-НП, Марјан Додовски и Миле Јакимовски. Според нив , седницата кои ја нарекоа собир на граѓани, била ��елегитимна и спротивна на статутот на партија.
„На овој собир на граѓани, кои некои се обидоа да го наречат Централен комитет, присуствува само мал дел претставници на 10 комитети, роднини и пријатели. На коктел можат да се соберат 106 роднини и пријатели, но не и во делот на формирање на партиско тело“, рече Додовски. Тој го оспори користењето на името ВМРО-Народна партија бидејќи како што рекоа партијата повеќе не постои.
„Седницата на Централен комитет е нелегитимна бидејќи согласно статутот на партијата може да ја закаже само претседателот, но не и почесниот претседател. Исто така, претседател на партија може да се бира исклучиво само на конгрес“, рече екс-генералниот секретар Јакимовски. |
|
Статијата е прочитана 891 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jimmy1, 06.02.2012 03:27:54 | Ne go obozavam Lupco nitu najmalku, ali ne mi e jasno sto saka da kazi ovaj tokmak. Ako toj zamina vo predavnicite i lopovite neznaci deka VMRO-narodna ne postoi. Ke dobijat nekakvi mest avi partija i vlada pa se nadprevaruvaat koj poveke ke istrese gluposti. Ako predsedatel na partija ne raboti za svojata partija i odi na propaganje na partijata (kako ovaj debler) sekoj moze da svika sednica za da se smeni predsedatelot, a ovaj sam zamina i uste izjavuva samo (predsedatelot) toj mozel mozel da svika konferencija. Od vakvi drzavava za dolgo vreme nema da mrdne od mesto zosto si stvaraat svoi licni pravila nadvor od nasite zakoni. |
| Hari, 06.02.2012 09:18:58 | Koj e ovoj:))) |
| Kolkav e tranferot?, 06.02.2012 09:58:07 | A ti li se smetase za nekakov si lider . Pa ti bese obicen instaliran poltron i bezglasna bikva vo politickiot zivot na drzavava. No kazi za transferot kolku lapna i dali ce mozes so tie pari da si gi pokries hipotekite? |
| патриот мкд, 06.02.2012 10:31:52 | Еднаш викаат ВМРО-НП не постои, потоа останале само 10-15 Општински комитети, абе на овие луѓе крај не им се фаќа, а фактот е нешто сосема друго, а тоа е за престанување на партија одлучува ЦК ,по предлог на Извршен комитет, а таков нешто не било разгледувано ниту на ИК ниту на ЦК така да распуштање на партијата постои само во главата на 10 продадени души што за ситни пари си го продаваат образот, и во право е тој т.н ген.секретар Претседател се избриа на Конгрес, па зато г.дин.Георгиевски е избран за в.д Претседател на ВМРО-НП, а здравје со господ напред на 26.02 на Вонреден конгрес ќе го избереме и за Претседател на ВМРО-НП, и ��чера немаша само 106 делегати туку имаше над 2.000 присутни делегати, гости, симпатизери кои конечно дочекаа вистинскиот Лидер на ВМРО да застане на чело на ВМРО-НП. А овие двајца ги разбирам зошто се во паника зошто од сега ќе си имаат работа лично и персонално со Љубчо Георгиевски |
| realen, 06.02.2012 11:05:54 | mile dali se sekavas na ck vo stip,trendafilov go isklucivme dodovski go naznacivme za vd pretsedatel se e isto isti legitimitet.
prestani da treses gluposti |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -6°C
Слаби снежни врнежи
|
Петок
Снег
Макс: -1°C, Мин: -6°C
|
Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
|