05.02.2012, 17:32 Љупчо Георгиевски ја пребројува ВМРО-НП
Довчерашниот почесен претседател на ВМРО-НП со акламација е избран за в.д. претседател, а на вонреден конгрес на 26 февруари и официјално ќе го преземе кормилото на партијата
Светлана Унковска
Љупчо Георгиевски вчера на седница на Централниот комкитет на ВМРО-Народна партија со акламација е избран за в.д. претседател. Досегашниот почесен претседател и официјално ќе застане на чело на партијата по неговиот избор кој ќе се случи на вонреден конгрес закажан за 26 овој месец.
Ова беше одлучено на вчерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-Народна партија на која претходно, од партијата беа исклучени довчерашниот претседател Марјан Додовски и уште двајца други членови на Извршниот комитет.
Застанувањето на Георгиевски за лидер на партијата се случува само неколку дена откако, Додовски соопшти дека ја згаснува партијата и заедно со голем дел од членството се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ.
Во преполната сала во општина Карпош каде се одржа седницата покрај членовите на највисокиот партиски орган дојдоа и голем дел од пониските партиски структури, но и симпатизери, кои бурно го поздравија Георгиевски, а неговото обраќање неколку пати го прекинуваа со силни аплаузи.
Во своите поенти во обраќањето Георгиевски се задржа на неколку причини кои го навеле да прифати да биде новиот лидер на партијата иако како што истакна таквите понуди кои доаѓале претходно упорно ги одбивал. Новиот лидер на партијата не пропушти да ја искритикува и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, партија која во 90-те години токму тој ја формираше.
„Режимот на ВМРО-ДПМНЕ реши да се пресмета и со политиччките противниците на десниот блок. Прво беше обезглавена партијата на Љубе Бошкоски и тоа со сомнителен, наместен судски процес. Да затвориш некого седум години за навреда, мислам дека тоа и режимите во Латинска Америка не го прават. Претседателот на „Достоинство“ замина во Сомалија да работи и им остана само со ВМРО-НП да прават финансиски трансфери“, обвини Георгиевски. Рече дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ вршеле силни притисоци врз членовите да се приклучат кон Додовски, со цел партијата целосно да згасне.
„Кога партија користејќи ја власта сака да уништи и да распушти било каков политички субјект тоа се вика диктатура, тоа е тотаталитарен систем“ истакна Георгиевски. Тој ја демантираше изјавата на Додовски дека партијата се распушта, бидејќи ниту еден партиски орган не донел таква одлука. Вети дека со еланот што го имал од 90-те години ќе ја крене партијата на нозе и ќе ја обнови идејата на ВМРО во Македонија, бидејќи неговата матична партија целосно ја загубила идеологијата. „Проблемот е што за овие години насилно е сменет идентитетот на македонскиот народ, и на историјата. Кирил и Методиј, Свети Наум, денеска се никој и ништо во нашата историја. До каде отидовме со оваа политика? Се оди и до таму оној кој смета дека не е антички Македонец веднаш му се лепи етикета национален предавник. Со секој кој не размислува како нив тие се пресметуваат жестоко, дрско и безобразно“, рече Георгиевски.
Тој рече дека досега ВМРО-НП ја третирале како приватен бизнис со кој си ја подигаат својата цена и потоа се продаваат во ВМРО-ДПМНЕ. „Од време на време ќе им пратиме еден контингент и тие ги вработуваат или им даваат повисока функција и ова е една силна порака до членството на ДПМНЕ“, истакна Георгиевски. За Додовски рече дека долго време намерно ја пасивизирал ВМРО-Народна партија и дека тоа го правел поради неговите финансиски долгови. Најголем сомнеж кај нив предизвикало тоа што и покрај тоа што неколку месеци немал платено рати за кредитот не му била активирана хипотеката. „Кој е тој што во банкарскиот систем го штити долгот на Додовски“, праша Георгиевски и најави дека ќе покрене тужба против него за клевета што деновиве поранешниот претседател ги изнел против него.
Во однос на неговите изјави дека заминува од партијата поради тоа што не сакал да прави коалиција со СДСМ, Георгиевски одговара дека единствен иницијатор за соработување со најголемата опозициска партија бил токму Додовски.
Кои останаа со Георгиевски
Постојаните преминувања на блиските соработници и стари кадри на Љубчо Георгиевски, од ВМРО-НП во матичната ВМРО-ДПМНЕ го оставија новиот лидер на „народњаците“ со само неколку познати личности. Како верни сенки и натаму му се поранешните министри од Владата на Георгиевски, екс-министерот за транспорт и врски Љупчо Балковски и тогашниот директор на ЕСМ Ламбе Арнаудовски. Со него се уште е и поранешниот директор на Агенцијата за спречување на перење пари и финансирање тероризам Ване Цветанов, како и советникот на Град Скопје Слободан Близнаковски. И покрај тоа што одбегнува да се експонира во јавноста, во партијата се уште е и Никола Тасев, поранешен директор на „Нова Македонија“.
|
|
Статијата е прочитана 3506 пати.
|
Испрати коментар
|
|
ILIJA, 06.02.2012 03:33:39 | Ljupcho dosta e od tebe!!! |
| Ивајло, 06.02.2012 08:33:51 | Сега ке видиме колку Бугари има во Македонија или македонски изроди бидејки вистиснки Бугари нема. |
| Maros, 06.02.2012 09:45:48 | Човекот се вика Љубчо, а не Љупчо. Бидејќи станува збор за лична именка, треба да ја пишувате до буква точно, а не да се правите паметни. Сосема друг муабет е колку воопшто е паметно фонетското пишување (создадено за простаци) на Вук Караџич, кое ние го имаме прифатено. |
| Se za.... kako Lenin vo procenkata, 06.02.2012 09:49:28 | Eh Ljubco! Slab si vo procenka na karakternite osobini na ludjeto. I ti se za.... kako Lenin vo procenkata na svojot naslednik, kogo go instalira na ona mesto . Sega tesko ce go otkornis od foteljata vo koja cvsto sedi ne birajci sredstva , sorabotnici i koalicii. |
| BgMak, 06.02.2012 10:07:24 | Светскoто искуство покажува дека простата раја насекаде си е една и иста. Во 1996 во време на Гонзалес невработеноста во Шпанија беше 25%. Дојде Аснар и за 5 години ја намали на 6%. Кој е намразениот политичар во Шпанија? Погодете: Аснар! Истото се случи во Бугарија со Иван Костов - освен еден грст гратски фамилии интелектуалци, друг не му се поблагодари. Истото нешто во Македонија. И тука никој не е свесен што направија Георгиевски, Кљусев и Лепавцев, и дека втори како нив скоро нема да видат.... |
| Dushan, 06.02.2012 12:00:32 | Ne ve razbiram kako se uste mu veruvate na ovoj???Go izlazza Makedonskiot narod, se prekrsti vo Bugarin, debelo se zbogati, gi ispopluka Srbite, Albancite i onaa Jugoslavija a, igrajki na emociite na Makedoncite - demek Solun e nash, hahahahaha, nitu bil nitu ke bide, i usste sto lagi kazza a, nikoj da go zaprassa da ni razjasni kako se zbogatil, od edno mnogu siromassno momce do vistinski bogatash. Za zzal, ete mu veruvavme.....Zatoa Ljubco zaboravi go Makedonskiot narod, ne ne gnjavi veke, odi si vo Bulgarija kako tvojata Dosta i zzivej si tamu.... |
| Живи били па видели, 06.02.2012 12:11:46 | Mакедонци и останати не брзајте со оценките. дозволете времето да покаже кој е поголем македонец, тој што кажува тоа што го мисли или оној кој кажува тоа што на некого треба да му се допадне.Љубчо покажи колку си силен |
| Do Ivajlo, 06.02.2012 12:13:24 | A bre momce zeleno - a ti kade gi najde vistinskite makedonci? Hahahaha - potrcko... |
| So sreca, Vojvodo!, 06.02.2012 13:53:00 | Ne znam shto ushte vremeto ce pokaze za Ljubcho, ama za onoj Dodovski ne e potrebno vreme. Sudot moze vednash da se dade. Svoeto mislenje, od pristojnost, ce go zadrzam za sebe. |
| vremeto ke pokaze, 06.02.2012 14:50:15 | Suma sumare vmro dpmne partija sostavena od hieni, lugje od interes beskicmenjaci!!! |
| jas sum predrag, 06.02.2012 15:46:20 | Znaci sega SDSM ke ceka Ljubco da se presmetuva so DPMNE. Ako uspee da go raznisa DPMNE, cist im e patot za na Vlast, ako ne, ke go ostavat da zavrsi kako Velija. Dosta pametno, no i prozirno. |
| bez trag, 06.02.2012 20:55:15 | Ako Ljupco go pravite Bugarin togas Nikolas Grucos sto e mu go zaboravate potekloto na vasiot VMROVSKI vladatel... |
| Jug, 07.02.2012 00:44:11 | Ljubco ke si go zeme negoviot del. So 41% neopredeleno glasacko telo site ke dobijat svoj del osven aktuelnite SDSM i DPMNE koi stanaa mnogu dosadni na politicka scena. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -6°C
Слаби снежни врнежи
|
Петок
Снег
Макс: -1°C, Мин: -6°C
|
Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
|