05.02.2012, 17:51 Германци ќе отворат фабрика за 4.000 работници
Груевски вчера најави дека Германците планираат да отворат фабрика од автомобилската индустрија и за таа цел веќе и регистрирале фирма
Премиерот Никола Груевски вчера најави нова германска инвестиција во државава, која ќе овозможи четири илјади нови работни места. Германците планираат да отворат фабрика од автомобилската индустрија и за таа цел веќе и регистрирале фирма.
„Се' уште ја немаат избрано локацијата, но имаат интерна одлука за инвестирање. Таа е од делот на автомобилската индустрија. Според она што ни го кажаа, ќе вработат 4.000 луѓе. Тоа е рекордна бројка. Не знам дали во Македонија има компанија што воопшто, во државна или приватна сопственост, вработува 4.000 луѓе“, изјави вчера Груевски. Според него, компанијата кон крајот на годинава планира да вработи 300 до 400 лица, а во наредните две години ќе ги комплетира 4.000 вработувања. „Каде ќе одберат да инвестираат, локацијата е нивно право. Засега немаме можност да го објавиме нивното име, освен дека се од автомобилската индустрија“, посочи Груевски. Тој најави дека таа е само една од десетте компании кои до крајот на годинава најавуваат свои инвестиции во Македонија. Премиерот најави и отворање на белгиска фабрика во која ќе се произведуваат автобуси.
Според Груевски, новите инвестиции се резултат на претставувањето на Македонија во странство. Турција ја посочи како најзаинтересирана што се докажало при последната промоција на државава. При посетата на шест градови околу 1.700 компании од Турција дошле да слушнат за можностите за инвестирање во Македонија. Некои од нив поединечно се сретнале со македонската делегација и изразиле конкретен интерес за инвестирање.
„Поради тоа стекнавме одредена доверба и кредибилитет кај нив за разлика од минатото пред нашето доаѓање, кога тој кредибилитет беше загубен затоа што најчесто властите уште при првото доаѓање на компаниите за анализа на пазарот ги пречекуваа со сите медиуми и со бомбастични најави дека веќе е договорена работата, а тие дошле само да го анализираат пазарот. Многу сме внимателни во тој дел и тоа ни се исплати затоа што странските компании не' гледаат сериозно и сериозно разговараат со нас без страв дека ќе им ги нарушиме нивните планови“, изјави вчера премиерот. (Ек.Р.)
|
|
Статијата е прочитана 8259 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Баба Ката од Секулицу, 06.02.2012 01:34:27 | Синко Грујо,ако имаш душа и знаеш за Бога,веќе цркнавме од твоите инвестиции,ни сон немаме.Доста ни се тие,ако се секаваш 7 МИЛИЈРДИ ЕВРА инвестици. А за оваа најава за фабрика за автомобили и автобуси,тие чиста пропаст.��ој ќе ти ги купува? Туку синко нам ни требат фабрики за тенкове.Оној бугарски отпад што доби чичко ти Клусев отиде во мајчината.А ваму имаме резервни делови за 15 тенковски дивизии.Како,може ли да го освојуваме солунското поле без тенкови? |
| пријател, 06.02.2012 01:37:23 | Нашите комшии Србите би рекле:„ Обечање лудом радовање“! До тука ли стасавме да се радуваме на ветувања? |
| UNISTI SVOE za da uvezes tugjo!, 06.02.2012 05:53:04 | makedonskata t.n. politicka elita MNOGU USPESNO gi unisti site mozni konkuranti na makedonskiot pazar na trudot za da NEBRANETO moze da vleguva koj ke stigne...od poedinci od Kosovo do multinacionalni kompanii. Gospod ke gi kazni! |
| vladimir petrovski-xarizanov/schepanovic, 06.02.2012 06:10:48 | KE KE KE ????KENEF???? |
| Vlado, 06.02.2012 06:45:53 | Ova vi se kolnam so chesen vMROVCIII zbor doagja direktno od Bundestagot kje go ima i na Vikiliks Odi vaka -gLUJO Merkelche a da otvoreshe edno fabrikiche za mercedes ne mora povekje Angela Merkel- Aj vazhi samo ti da neja utnesh so infrastrukturata pa koga kje izvrshime napliv vie da ne ste spremni da gi prechekate tie silni investitori gLUJO Ne be ne Ti kazhuem mnogu sme vnimatelni HAHAHAHAHA HAHAHA HHHAAAAHHHAHAHAHAHHAAHHAAHAHAA |
| Itar Pejo, 06.02.2012 06:58:07 | пријател veli: Обечање лудом радовање !!! Ama vo ovoj slucaj ne se ni znae koj obecal. |
| mark, 06.02.2012 08:13:10 | E moj Grujo pa i edna kompanija ne se sekavam od kaj bese otvori firma i ke pravese nekojn ekrani kompjuteri pa duri i denes na vratata od stanot stoi imeto kaj se tie i za niv vaka trubese po televiziive.Ako imas tolkav napliv od germanija Turcija sto majka barate sega promotori za kazastan i uzbekistan tie leb nemaat da jadat a ti ke gi molis da investiraat Grujo daj im da disat i da rabotat na domasnive tie ke ne spasat ako i na mene mi dades takvi uslovi kako na strancite i jas ke vrabotam no ti si odluci i uporno si teras si go maftas ovoj narod mu ja najde slabata tocka i teraj brate starite ne slucajno rekle kaj sto ima ovci tamo ima volna. |
| Европјанин, 06.02.2012 09:06:35 | Да не е фирмата случајно BMW? Ако не е, тогаш единствено останува BOSCH... |
| vlado, 06.02.2012 09:19:26 | Поради тоа стекнавме одредена доверба и кредибилитет кај нив за разлика од минатото пред нашето доаѓање...
civa doverba si steknal, edna recenica nemozes da sostavis ko sto treba? |
| Перо, 06.02.2012 10:03:31 | Не знам дали во Македонија има компанија што воопшто, во државна или приватна сопственост, вработува 4.000 луѓе“... Има, има и се вика ВМРО. |
| Зевзекмен, 06.02.2012 10:21:39 | - прво треба нафтни бушотини... тенковите лапаат многу нафта
- второ фабрика за тенкови, делови ИМА
- трето е освојување на солунско поле...
.. ама тогаш треба и товарен воз Париз- Атина, со леб, за да се нахранат гладните, Атина има 30.000 гладни |
| pero, 06.02.2012 12:16:09 | Ne umri magare do zelena treva |
| Mitre od Bituse, 06.02.2012 13:04:58 | Погледнете ги овија зад Премиерот......... очигледно прво тие на веруваат во лагите.......по погледот се познава..........Феликс, што велиш ти??????? |
| bitolaHamiltonCanada, 06.02.2012 14:24:09 | Da, golema e razlikata.Sega vlasta si go precekuva vladetelceto za skromno da najavi,a ne bombasto kako drugite, deka nova germanska investicija ni nosi naseto ni milo vladetelce.Samo,vo ovoj moment nemozi da kazi koj se tie,ne oti neznae,tuku kredibilitetot negov e vo prasanje,a koga se raboti za kredibilitet,vladetelceto nashe e mnogu vnimatelno
,nesaka da go izgubi i da im gi narushi nivnite planovi.Saka samo skromno da kazi,a ne bombasto da se fali,kako tie drugite pred nego,oti se raboti za 4000 novi vrabotuvanja.Tivko i bez mnogu fanfari,oti ako slusni investitorot,ke se uplasi i nema da dojdi.I ushte poskromno veli deka neznae dali ima nekoj drug vo Makedonija shto vrabotuva 4000 rabotnici.Znae deka nema, ama nesaka da se fali deka toj ke bide prvoto vladetelce shto ke vraboti 4000 rabotnici.Ima vreme za vrvenje niz PORTATA NA TRIUMFITE NEGOVI. |
| aj sea aj utre aj ponatamu..kjuti, 06.02.2012 15:04:42 | Abe 6 godini samo obekavas i obekavas, bukvalno se ponasas kako sea da si dosol na vlast,jas licno ne osetiv nikakvo podobruvanje naprotiv uste poloso se zivee!Poveke ne vi veruvam! |
| nikola, 06.02.2012 15:31:45 | Site si imaat premieri pa i nie.Kako ne laze so godini, podobro bi bilo i da go nemavme - mozebi ke ostanese nesto od drzavata. |
| Трпе, 06.02.2012 15:38:04 | Оптимистичка блада на ветувања.Сопствениот народ го смета на деца во градинка.Неговото ЌЕ,Ќе,ќе,че,че..... е секогаш пред избори.Но пастирот има створено големи симпати кај овој непораснат народ.Има големи симпати на чесен начин а и самиот не знае како.Да не случајно многу е симпатичен помеѓу народот.Само има една изрека која вели кој лаже и к......Надежда последна умира.Па човекот има големи симпати,зарем не е власт.Кој ја има власта ја има и силата и мочта. |
| ?????, 06.02.2012 15:40:18 | Ovde e najpotrebno nekoj pod hitno da investira vo nekoja dobra psihijatriska bolnica. |
| mene, 06.02.2012 19:30:04 | MERCEDES BENZ |
| bez trag, 06.02.2012 19:33:40 | Te zamoluvame Diktatorce ili Bokserce se edno.. Duri cekame da dojdat tie od Mercedes da vrabotat 4000 luge ti do togas vraboti barem cetvorica site ke ti bidat blagodarni..... |
| aleks, 06.02.2012 20:54:57 | ova e od sustinsko znacenje za makedoncite da ne begaat od zemjata a voedno ke znaci i kraj za crvenkovski ako se realizira ova nema sto da bara poveke od makedoncite. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -18°C
Делумно облачно
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
|