Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.02.2012, 18:04

Шацимаркакис: Грција треба да си го смени името

Тој во интервју за германски „Билт“ побара Грција да си го смени името во Елада

Јоргос Шацимаркакис во интервју за германски „Билт“ побара Грција да си го смени името во Елада, бидејќи ова со кое ја идентификуваат сега, во светот преставува поим за уништен политички систем и за не��отизам.

„Како дел од вистински нов почеток би требало грчкиот устав да се напише одново и земјата на сите јазици консеквентно да се вика ’Хелас’ (Елада), бидејќи и' треба нов имиџ“, изјавил Шацимаркакис.

Тој уште и предвиде дека на земјата, поради осиромашувањето, и' престои војна за храна бидејќи само во Атина, во моментов има 30.000 бездомници кои и сега се натпреваруваат во депонијата со илегалните имигранти за собирање на остатоците.

„Политичкиот систем во Грција е и ќе биде обележан со протекции. Политичката припадност е многу подлабоко вкоренета во секојдневниот живот отколку што претходно се мислеше. Политичарите ќе продолжат да обезбедуваат работни места во државната служба или други привилегии за добивање гласови. Сегашниот систем треба да се распадне целосно и да се замени со нов“, изјавил Шацимаркакис за „Билт“.

На прашањето дали Атина ќе се согласи земјата да ја контролира европски специјален преставник, тој одговорил дека нема шанси и дека најдобро за земјата ќе биде да се ослободи од сегашната коалициска влада и да добие кабинет на технократи предводен од Лукас Пападимос, како што се случи веќе во Италија со премиерот Монти. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 4391 пати.

Испрати коментар



Зоран Талер ослободен од обвинението
Mуличкоски ќе и' помага на Владата, ама не за фасадата
Интервју
Се шири грчкиот фронт против Привремената спогодба
Грција го манипулира и Метју Нимиц
Германци ќе отворат фабрика за 4.000 работници
Бројката на невработени намалена за 40 илјади - но како?!
Додовски
Љупчо Георгиевски ја пребројува ВМРО-НП
Зимска хајка по предавници
Карикатура



Tina, 06.02.2012 05:36:52
Po smenuvanje na imeto Elada, Grcija ke se rasturi, oti Elenite bea striktno vo Atina i maleckata okolija. A po istorija na antikata, tie imat pravo na identitet od 400 BC, koga trgovcite od Mediteranskite i bliskiot istok, doagale so svoite brodovi plni so robovi, i drugi raboti na trgovina, a po toa se naselija na toa primorsko mesto i ostanale taka, poznati na site domorodci kao Elas. I taka tie Eleni ke brkat svoj indentitet po toa doaganje i razvitok so domorodcite, koga ponekogas i ratuvale so nih, zaradi imeto na Lukata deka se nastanile. Go izgubile ratot za imeto, i domorodcite imenuvale lukata Atina, ne kako tie sakale po nijniot bog/boginja. Site novite naciji vo Grcija denes, se tuka od 1912-13, pa po toj pat ke se odvojat. Sepak ne bi sakala da tie naciji okupirat E. Mak., oti po anticko ne im pripaga na nih. A Elada e se do pod, Olimp planina. Turcite go znajat toa, i lesno e da se najde granicata. Se zavisi kako ke se primi vistinata na postojanje na Eleni, i El
Dime, 06.02.2012 06:03:42
Bravo J. Sacimarkakis, tocno taka treba, Grcija da si smeni imeto, a ne Makedonija!.
Јорго, 06.02.2012 08:19:30
Кое и да е име да го имаат, Грците секојпат ќе бидат синоним за неработници, должници и познати галамџии и лица кои само се караат. Неможат да си го избришат синонимот “Долже�� си како Грчка“ а тоа не е бадиала. Тоа го измислил народот а не политичаритре, а народот никогаш не греши. Тие само цицаат а сега на ред е Европа.
Niki, 06.02.2012 10:45:18
Ова секако би било со практичен пример применето правило „ерга омнес“ кое Грција го промовира, а барем до сега аспирира на 3 имиња и тоа Грција, Елада, Македонија. Или треба по примерот на Енглезите во името да ги дефинираат сите освоени неетнички грчки територии ако сакаат да ги интегрираат, а енглезите ја крстиле државата “Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“. Значи „ерга омнес“ би значело едно име за јужниот сосед (Република Елада), едно име за северниот сосед Република Македонија. Компромисно решение е можно „Обединета Република Грција и Јужна Македонија“, со Република Македонија. И во едниот и во другиот случај „нема проблеми“ со имињата.
Tuka lezel djavolot, 06.02.2012 11:07:38
Tie helas nie FYROM i resen problem. a eve sacimarkatis kazuva deka i tami privilegiite i politickata pripadnost bila vkoreneta vo site pori na opstestvoto. ajade da se prekrstime , pa belku tuka lezi djavolot i ce niu trgne i na dvete drzavi na dobro
jas sum predrag, 06.02.2012 16:06:42
Spored toa kako ja opisal Grcija-Elada, ne e nisto porazlicno od ovde. I ovoj sistem na protekcii i pripadnost, treba da se raspadne.
pile, 06.02.2012 17:58:38
Sepak nesto se dvizji,od priblizjno 3700 posetiteli na portalot samo 5 komentari vo stilot, na sosedot da mu crkne kozata.Sepak ke se slozjime deka ova e mnogu mal procent sto znaci deka postoi pozitivna klima, i ne sekoj citatel saka vo idnina da objasnuva na svoite deca-vnuci zosto sosednata prijatelska zemja morala da si go smeni imeto, a voedno i da gi promovira Evropskite vrednosti i standardi na dobrososedski odnosi,kako del od EU, a Makedonskite gragjani vo duhot na tradicijata pokraj spomenatite vrednosti, se i toleranrni i solidarni.Postoi edna opsto poznata anegdota,koja zavrsuvase nesto vaka ,,bato bato dosta me branese.
Jug, 07.02.2012 00:32:59
E ajde da vidime sto mu fali na ovoj predlog. Ova e cista realnost . Predlogot na ovoj covek drzi. Kolku mi e mene bliska Hrvatska a mnogu dalecna za mene e Croatia.Sto poveke vi se dopagja Germanija ili Deutchland. I uste pointeresno vo Grcija barem 70% od naselenieto ne se cuvstvuvaat ni kako Grci ni kako Heleni . No dobro e sto golem del od niv go nadminale toa cuvstvo na pripadnost na etnikom i mnogu ne gi zanima. Po moj podolg prestoj imam zaklucok deka ja delat istata sudbina kako nas ,,,,,kradeni,dokradeni od politicarite koi za licen profit spremni se na se.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -9°C

Мешавина од снег и замрзнат дожд

Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -6°C

Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |