08.02.2012, 18:13 Мислења
Придонесите на Глигоров се огромни
Живко Кондев
Сите предлози за именување институции и објекти со името на Киро Глигоров се крајно несериозни и некоректни
Глигоров замина од овој свет онака како што и живееше. Тивко и достоинствено. Меѓутоа, тоа некому не му беше доволно. Доколку не се истакнеа барем дел од неговите придонеси и заслуги, кои несебично ги даваше секогаш во неговиот богат и исполнет живот, онаму каде што живееше и работеше, требаше барам да се остави да почива во мир, а не неговото име да се споменува во најразлични и најневозможни контексти, далеку од здравиот разум, од вистината и, што е најважно, од минимумот култура и домашно воспитание.
Изминуваат четириесет дена откако Глигоров мирно, во сон, како и секој праведник, замина во легендите, а веќе се изнаслушавме и изначитавме разни небулози за кои е потребен голем простор само да се нотираат. Почнувајќи од неговиот погреб и најразличните толкувања на неговата последна желба тоа да се направи во кругот на семејството и без државни и црковни почести, па до сите други случувања и намерни омаловажувања на неговото име и на неговото дело.
Се покажа уште еднаш дека Глигоров и околу одлуката за начинот на неговиот погреб бил во право. Не даде шанса никому и од овој настан да прави „циркус“, да собира поени или, најпросто кажано, да се изживува. Иако е несоодветно да се прави какво било споредување, само да потсетиме на односот на владејачката гарнитура кон идејниот творец на ВМРО-ДПМНЕ - Драган Богдановски, кон останатите основачи на оваа партија, па и кон поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.
Не минаа ни два-три дена од смртта на Глигоров, а се случија еден куп недолични дејства и настани. Имаше реакции дека не било дозволено, дури и дека било забрането да се присуствува во капелата и на погребот на Глигоров. Да појасниме - беше соопштено дека „желба на покојникот и на неговото семејство е погребот да се изврши во кругот на семејството и без државни и црковни почести“. И толку.
„Се кани на свадба, а не на погреб“, му беше кажано пред неколку дена на еден „загрижен“ штипјанец, кој најдиректно обвинуваше дека не било дозволено тој и група штипјани да му оддадат последна почит на својот сограѓанин. Инаку, споменатиот граѓанин претходно немаше никаков контакт со семејството и опкружувањето на Глигоров околу овој настан. Но, кога уште додаде дека „се зборува“ оти трошоците за погребот ги намирил СДСМ, односно нејзиниот претседател, што е апсурд и ноторна лага (околу ова прашање многу коректен прилог имаше во „Утрински весник“ од 3 февруари годинава), на овој „сончоглед“ беше неопходно да му се каже да посвети повеќе време за она што се' се зборува за него.
Глигоров во изминатите 20-ина години како претседател на Република Македонија (во два мандата) и како поранешен прв претседател живееше само од плата (не користеше, а можеше да користи претседателска резиденција со домашна послуга и платени режиски трошоци), немаше никакви други примања и привилегии, освен скромни авторски хонорари за неколку објавени книги, на кои макотрпно работеше, па тогаш можеше „да си дозволи“ и трошоците за сопствениот погреб сам да си ги намири.
Се јавија повеќе идеи и предлози за именување институции и објекти со името на Киро Глигоров: ветеринарна станица во Штип, спортската сала „Борис Трајковски“ да се преименува во „Глигоров – Трајковски“, фудбалскиот стадион во Скопје „Арена Фипил Втори“ во „Арена Киро Глигоров“, Македонската опера да го добие името „Киро Глигоров“ итн. Сите овие предлози можат да се сфатат како крајно несериозни и некоректни.
Поранешниот американски помошник-државен секретар и американски амбасадор во Македонија, Кристофер Хил, е во право кога во неговата колумна по повод смртта на Глигоров напиша: „Ќе помине време пред придонесите на Глигоров да бидат признаени во неговата проблематична татковина“. Треба да помине време. Но, тоа ќе трае многу кратко. Луѓето во Македонија (оние во целиот свет тоа многу добро го знаат) ќе сфатат и разберат дека штипјанецот Киро Глигоров, ако не по друго, мора да биде запаметен во македонската историја и во меморијата на македонскиот народ барем по неколку негови лични храбри потези. Ги има повеќе, но да споменеме барем неколку.
Прво. Приговорот што го напиша во името на АНОК на Манифестот на Главниот штаб на НОВ на Македонија, поради што беше под постојан притисок од матичното, македонското раководство и влечеше консеквенции се' до своето пензионирање во поранешна СФРЈ.
Второ. Уште пред 50-ина години прв пат во Источна Европа, само две децении по завршувањето на Втората светска војна и победата на социјалистичката револуција, преку т.н. Кирови реформи радикално беше пренасочен курсот на С��РЈ во правец кон пазарното стопанство.
Трето. Со својата личност и со својот личен придонес ги поврзува двата столба на современата македонска државност: АСНОМ 1943 година и 8 септември 19991 година.
Четврто. Под негово лидерство Република Македонија се избори за независност и меѓународно признавање без војна и крвопролевање.
Петто. Кога безмилосно се форсираше антиквизацијата на нашата земја, тој единствено и многу јасно ги отфрли тезите за наводната крвна сродност со античките Македонци, истакнувајќи дека нашето потекло е словенско.
Шесто. Беше храбар да ја внесе Македонија во ОН (не со кратенка, туку како „поранешна југословенска Република Македонија“) во 1993 година и да се потпише Привремената спогодба со Грција во 1995 година, за што жестоко беше критикуван, за сега, со истите овие остварувања да се моли да ни биде дозволено да аплицираме во евроатлантските интеграции.
Седмо. Под негово водство Македонија успешно се справи со бегалската криза во 1999 година.
Осмо. Неговата остра реакција околу беспримерното признавање на Тајван и расипувањето на односите со НР Кина, што само по неколку години како крајно штетно за Република Македонија се врати на првобитната состојба.
И има уште за набројување...
Познато и признато е под изразот куртоазија за починатите да се говори се' најдобро. Тоа го прават и пријателите и непријателите. Но, во случајот со Глигоров се покажа дека тоа не е така. Во многубројните телеграми и пораки од светски државници, интелектуалци, културни и јавни работници, многу реално, достоинствено се говори за огромниот придонес на Глигоров, не само за остварувањето на независна и самостојна Република Македонија, туку и за неговите заложби за мирно разрешување на југословенската криза и пошироко за состојбите во Југоисточна Европа и во светот.
Само да ја споменеме телеграмата со сочувство на актуелниот вицепремиер на Грција, Теодорос Пангалос, упатена до семејството на починатиот: „Ве молам да го примите моето најдлабоко сочувство за загубата на Киро Глигоров, проминентен претставник на прогресивните идеи во нашиот регион. Како претседател, тој одигра значајна улога во еден критичен историски период. Тој ќе биде запаметен од сите кои ја имаа привилегијата да се сретнат со него и да разменат идеи за иднината на нашите нации“.
(Авторот беше шеф на Кабинетот
на поранешниот претседател Киро Глигоров) |
|
Статијата е прочитана 1368 пати.
|
Испрати коментар
|
|
xcghjk, 09.02.2012 00:34:17 | Tretoto e gazenje po zdraviot mozok na zdravite, sestoto treba da se dopolni deka do posleden zdiv i so site sili i sredstva se borese da ja izbrisi kratenkata so sto go isturi seto mleko. Sedmoto e vtoro gazenje po mozokot. So krizata se spravi DPMNE a po toj povod Trajkovski dobi pretsedatelski mandat. Za drzenjeto na DPMNE 4 godini nadvor od parlamentot, za prodazbata na pasosi na Albancite za 500DM i sl. nesto ne vi se zboruva/pisuva. I konecno, mojot iskren predlog bese i e Bihacka da bide preimenuvana vo ul. Kiro Gligorov. I da, negovata skromnost, dobronamernost i zalozba za dijalog odbi da porazgovarame za problemot so imeto. Vprocem kako i sega pokojniot Trajkovski i sega Gorge I. Taka ostanav da go imam videno samo Tito. |
| So pochit kon Predsedatelot, 09.02.2012 01:00:34 | Da, ako nishto drugo barem od kurtoazija mozea da kazat ubav zbor ili barem nishto da ne kazea. Drzavnici se, treba pozitivno i vospitno da deluvaat, posebno vo ovakvi priliki koga treba da go splotat narodot. A tie, toboze vernici, da se chovek krsti i da ne veruva shto gleda i shto slusha. Mozebi gospod ce im prosti shto ne znajat shto pravat, ama narodot - teshko! |
| Ljubotan Trade Name, 09.02.2012 03:45:08 | Hvalospev na Gligorov vo sedum tocki!Uste mnogu odamna Diboa Rejmond konstatiral sedum svetski zagonetki,a deneska i mnogu povece.Gligorov gi sluzel,religiozno site fanatizmi;Kraljevina,fasizam ,komunizam i mafiaski socializam-Dete za site vremina! Gligorov im sluzese na Bozanstvata ,sto im trebase covecki zrtvoprinosenija. Takvite idoli,kako sto se :Narod,proletirijat,kapitalizam,fasizam,komunizam,humanost[bezBoga] sekogas barale covecki zrtvi,i tie zrtvi se prinesuvani vo ogromni milionski kolicestva i so necuvena zestina.Zatoa Antol Franc Nnegoviot roman go nasloviLes DieuxOnt SoifBogovite se Zedni-Zedni na Coveckata Krv.Znaeme,Gligorov ne bese Bog ,ama bese Apostol na site tie zedni Bogovi!Vo se ova ima, nekoja satanska ironijareligija na covecanstvotoe najnecovecna religija.PS,a za Baba Kata od Sekulica;Otom Potom. Ljubotan nema ni eden razred na Makedeonski pravopis,a uste pomalku Interpukcija.Na Babata Kata i preporacuvam;da go komentira komentarot, a ne interpukcija. |
| Bogomil, 09.02.2012 06:07:48 | Несреќа е во земјата на првиот универзитет (Свети Климентов) да има толку празноглави и лесномислечки суштества и место зрели мисли, во своите коментари да дробат салата од неразумни зборови. И предлогот на неговите сопартијци името Киро Глигоров да го носи оперско-балетска куќа е недостоен, како и оној ступиден на штипјанецот за именување на ветеринарна станица. Глигоров е интелектуална величина, вонсериски национален егзземплар. Култна личност, какви што за жал, малкумина беа во поновата македонска историја за споредување со неговата човечка и државничка големина. Никакви плукачи, од било кои партиски барикади не може да го осквернават неговото национално величие. |
| DO xcghjk, 09.02.2012 08:36:01 | Bravo covece POGLUP komentar nesum sretnal uste ednas bravo.Pa kakvi umovi ima ovaa drzava ti si covece direkten potomok na Ace vakva hrabrost vakva glupost tesko da se pojavi.Tek sega gledam deka Aleksandar so vakvi kako tebe a gi imal mnogu go osvoil svetot.Covece da imame uste nekoj vakov so vakov um pa kaj ke nie krajot.Neznam kaj zivees ama odma baraj pomos od psihijatar.Ocekuvam utre da pises nesto za skromnosta na familijata na Trajkovski,i da bidam iskren se mislev dali da pisam zatoa sto tesko moze covek na vakov UM da mu parira mislam duri i Hil koga ke go procita ke svati deka si go matiral ti si idninata za pogrebuvanje na razumot. |
| bb, 09.02.2012 09:22:14 | na kogo gospodine Kondev?na kogo mu go kazuvate ova ,na onie sto se sluzat so cuden recnik i cudna istorija?normalen covek znae koj e KIRO GLIGOROV i sto ostavi toj za vistinskite-pravi Makedonci,da ne nabrojuvam toj e legenda na nasiot narod . |
| ODNADVOR, 09.02.2012 10:20:27 | So poveke pocit, da go izgovarame imeto na Pretsedatelot Gligorov!Do nego mozeshe da se dojde i da se razgovara, so lesnotija, a negovoto bistro razmisluvanje i memorija, bea istoriski roman za Balkanot i Makedonija.Dobar po dusha , sposobe za humor,znaese da se posheguva i so samiot sebe, pa duri i so atentatot koj mu bil napraven samo vo napredni godini!Do sega, site negovi predviduvanja za Mk uste od poodamna, se ostbarija Onie sto si dozvoluvaat da go valkaat negovoto ime i umeshnosta so kaja go spasi makedonskiot narod od eden Vukovbar, imaat problem so memorijata,so zdraviot razuma ili se plateni za da ne milsat , vprocem kako i sekoe stado koe e vodeno od svojot pastir. Da ne cekame istorijata da mu odade preiznanie za sé sto napravi za Makedonia, toa e NASHA dolznost! Z. Kondev , negoviot sorabotnik i iskten prijatel,e mnogu skromen vo zaslugite koi mu gi pripishuva na nasiot pokoen Pretsedatel, Gligorov, neka mu e lesna zemja! A onie koi go ozboruvaat da i se izvinat na MK |
| Moris, 09.02.2012 12:30:55 | Дедо Киро беше човек по мерка на Македонија и на ниво на времето во кое живееше и како човек и како претседател. Убав допринос даде за Македонија и спокојно си замина од овој свет. Слава му засекогаш, се друго се небулози од набилданите силеџии опиени од власта. |
| Gligorov bese skromen covek i ostroumen politicar, 09.02.2012 12:43:05 | Vo genetikata na makedonskiot narod e da se plue samiot sebe. Taka se slucuva i so pretsedatelo Gligorov, covek neverojatno inteligenten, intelektualec, politicar, no pred se skromen i ednostaven covek. Vo ramkite na mojata profesija imav cest da bidam na ista masa so nego i koga bese na vlast, pretsedatel na Sojuznata skupstina, i koga bese vo nemilost na makedonskoto rakovodstvo vo 70-setite godini, i koga stana pretsedatel na. Toj covek sekogo go soslusuvase i za sekogo se secavase makar da go videl i pred 30 godini. Na svecenite ruceci, no i na privatnite, pominuvase so casa jogurt ili kisela voda i so parce pohovan kaskaval. Ziveese skronmo vo kucata na svojot blizokrodnina gener. Apostolski, bez nikakvi slugi, za razlika od segasniot koj izigruva vtor Tito, ili Trajkovski okolu koj se vrtea po 15 obezbeduvaci. I SDSM i VMRO neka go ostavet da pociva vo mi. Narodot i istorijata ce ja ocenat skromnosta i velecinata na Gligorov.Vo Saraevo, Klintot za nego rece: Toj e golem covek. |
| Od bankrut, 09.02.2012 20:43:45 | Gligorov bese dobar covek i Predsedatel a tajkunite i tie okolu nego ne cineja a zatova gi kazna gospot isto kako i pitacite so bankrutot.......... |
| EU, 09.02.2012 22:54:56 |
Primitivnosta, nepismenosta, zlobata iskazana vo komentarite pod tekstot na gospodin Kondev e zagrizuvacka. Za zal mnozinstvoto komentari, vo site mediumi bez isklucok, obiluvaat so omraza, prostotija, plukanje na se sto e po razlicno. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -6°C
Слаби снежни врнежи
|
Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -3°C
|
Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
|