05.02.2012, 17:50 Бројката на невработени намалена за 40 илјади - но како?!
Лани во јануари имало 322.053 невработени, а заклучно со декември нивната бројка изнесува 281.144
Маја Томиќ
Продолжува интензивното чистење на списоците на невработените од Агенцијата за вработување. Во текот на минатата година, или од јануари 2011 година до крајот на декември, бројот на невработените се намалил за рекордни 40.909 лица, што е двојно повеќе од практиката во претходниот период кога на годишно се бришеа по околу 20.000 лица од листите на навработени.
Поконкретно, лани во јануари имало 322.053 невработени, а заклучно со декември нивната бројка изнесува 281.144. А, само во декември минатата година од евиденцијата на невработени се избришани 2.092 лица или 0,7 отсто од нивниот вкупен број. Споредено декември 2011 со декември 2010 година бројот на невработени е намален за 12,5 проценти помалку, или отстранети се 40.197 лица.
На што се должи ова опаѓање на невработените? Колкумина го изгубиле тој статус поради вработување, а колкумина затоа што оствариле услов за пензионирање. Колку од нив не се пријавиле во Агенцијата за вработување на одредениот датум, не прифатиле понудена работа од Агенцијата или биле фатени дека работат на црно?
Одговорот на овие прашања отсекогаш е непознат. Ние новинарите безуспешно бараме објаснување за ваквата ситуација од првите луѓе на Агенцијата. Прашањето го поставивме и до сегашниот директор на оваа институција, Влатко Поповски, кој беше на состанок. Секретарката рече дека тој не може да се јави и дека треба прашањето да се испрати преку електронска пошта. „Ако имаме време, ќе ви одговориме веднаш. Ако не, одговор ќе добиете во понеделник, после 12 часот“, ни рече таа.
Трендот на опаѓање на бројот на невработените особено се засили лани летото, откако ним им беше наложено да добиваат сини картони за лекување директно од Фондот за здравствено осигурување, без да мораат да се пријавуваат во Агенцијата за вработување. Тоа како да ја охрабри Агенцијата да избрише што побрзо и што поголем број од невработени во својата евиденција.
Зголемено бришење на невработените од списоците беше посебно забележано од стартот на минатата година, кога во првите три месеци беа „исчистени“ 14.300 лица, а од нив само 4.701 лице беше тргнато поради стапување во работен однос.
Опозициската СДСМ во повеќе наврати ја обвини власта и Агенцијата дека на разни начини намерно и вештачки го намалува бројот на невработените со постојано усложнување или укинување на критериумите. Таа излезе во јавноста и со податок дека во периодот јуни-октомври 2011 година, на еден или на друг начин, се избришани 47.000 невработени од евиденцијата на невработени.
Владата ги отфрли овие обвинувања. Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, ја објасни намалената бројка на невработени дека дошла како резултат на проектите за самовработување, финансиската поддршка за отворање на нови работни места, обуките за преквалификација и доквалификација, субвенционирањето на земјоделците и слично. Тие се, вели, дел од Оперативниот план за активни мерки и политики за вработување и Национална стратегија за намалување на сиромаштија и социјална исклученост за периодот 2010-2020 година.
Во минатата година, според Ристовски, 85.000 граѓани го изгубиле статусот на невработени по 19 основи од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Тој вели дека Владата сака да направи ред во хаотичната состојба со невработените за која придонеле социјалдемократите додека беа на власт.
Според Заводот за статистика, кој единствено ја мери стапката на невработеност, таа во третиот квартал од 2011 година паднала за 0,5 отсто во однос на истиот период 2010 и изнесува 31,2 отсто, по што Македонија беше и останува на врвот на листата европски земји според процентот на невработени, и покрај сите досегашни владини мерки за нејзино намалување. |
|
Статијата е прочитана 3044 пати.
|
Испрати коментар
|
|
laste, 06.02.2012 00:09:35 | kako : taksistite gi nateraa da se prijavat kako vraboteni , izbrisaa nekolku iljadi od spiskovite bidejki dadoa moznost da zimas plavi kartoncinja bez da se prijavuvas vo agencijata za vrabotuvanje i sega nikoj ne trca da se prijavuva i ete go toa namaluvanje
|
| Itar Pejo, 06.02.2012 06:54:15 | Na vakov nacin se namaluva nevrabotenosta sekade vo svetot. Toa ne e opravduvanje, ama taka e. Cudno sto se davaat brojki na nevraboteni a ne na vraboteni. |
| zoran, 06.02.2012 07:49:41 | во агенцијата за вработување службените манипулираат со не вработените на тој начин што усмено и закажуваат кога наредниот пат треба да е пријават а терминот на пријавување го менуваат така во еден период и кажуваат дека треба да се пријавуваат на три месеци а после без да знаат не вработените истиот тој термин го менуваат на два месеци и бидејќи не вработените не се известени за тоа тие се симнуваат од списокот на не вработени а со тоа го губат правото да се пријавуваат наредната година и да бараат работа или остваруваат права по основ на не вработеност.Освен што се казнети се дискриминирани таа година додека чекаат повторно да ги пријави агенцијата за вработување и да бараат работа.Се крши уставното начело секој има право на работа во аваков случај тоа право е суспендирано таа година
|
| Mirko, 06.02.2012 08:17:21 | Premiere po vnimatelno so nevrabotenite doagjaat kako sto velis ogromen broj investicii pa da ne nemame rabotna sila pa sto ke pravime treba da uvezuvame. |
| milkov, 06.02.2012 11:01:52 | do kraj na mandatot na vmro vi garantirat ce ima 5% nevraboteni se zivo i divo ce izbrisat pa vie novinari cudete se sigurno vmro ima volsebno stapce zarem mislitie ce vi go kaze toa na vas za da go ukradete toa vovsebno stapce i ga dadete na nekoja si druga partija.... |
| Dejan od Skopje, 06.02.2012 11:23:25 | Точно е ова што го говори г-ин Ласте. Истите прикаски ги слушаме 20 години. И од едните и од другите. Жално е што мислат дека им веруваме. |
| maja, 06.02.2012 12:04:38 | Vladata, vo ovoj slucaj, e kompletno vo pravo. Rabotam na pozicija da moram da vrabotuvam lugje i dosega mi se ima sluceno nekolku pati, lugje da odbivaat rabota (normalna, edno-smenska rabotata), i da si ostanuvaat kako nevraboteni. I davam predolog na vladata, da postavi site za site rabotodavci, da prijavuvaat lugje kako gorenavedenite da ODMA se brisat od evidencijata na nevraboteni.
Ne mozeme site da rabotime vo drzavna administracija. Nekogas ne e dovolno samo da se kuka kako nema rabota. nekgoas treba i da se prifati da se raboti. |
| Jane, 06.02.2012 12:08:17 | Се прашувате како???
Ке Ви одговорам како..
Пред 4 месеци бев да се пријавам во заводот за вработување, и им кажав дека не сум вработен и дека ми требаат плави картони. Вработената ми рече дека нема потреба да се пријавувам, и дека тоа веќе не е морално да се пријавувам, но за секој случај таа ке ме пријавела. и тоа беше тоа. пред недела дена ми стигна писмо дека сум избришан од листата на невработени и дека една година не можам да се пријаавувам. Ете почитувани како е можно тоа... жалосно но вистинито
|
| beni, 06.02.2012 12:59:04 | brojki....brojki...... samo toa li ne zasega......
mesto vladata da otvora primer ene nekni bea vo Turska ...imame cela Ulica Plasticarska koi ogromni devizi se slevaat vo turska za turski plasticni proizvodi neka gradi vladata fabrika za proizvodstvo na Plastika.....a ne da nosi Turci da otvoraat Firmi so somnitelni povolnosti primer navedoa vo prehrambena industrijaa so toa ke gi stravi domasnite proizvoditeli vo Mesnata Industrija vo nepovolna sostojba.....ama toa e Turcite davaat Provizija i toa direktno uplateni vo Kiparski Banki |
| cobe, 06.02.2012 13:47:54 | Како???? Едноставно, со МАЈМУНЛАЦИ........нели Феликс????????? |
| zzz, 06.02.2012 14:43:42 | Onie sto se pretsedateli na kuknite soveti (zaednica na stanari) vo zavodot za vrabotuvanje gi vodat kako vraboteni.Toa e edna od merkite koja vlasta ja primenuva za namaluvanje na brojkata na nevraboteni. |
| ФЕЛИКС, 06.02.2012 16:37:42 | Мајмунлаците се на друга адреса,токму кај вашиот кампус cobeeee!!!!!!!,Tогаш кога вашето детуле лидерско се vikna i provikna дека ќе вработува по еден од семејство. |
| Ајван Доктор®, 06.02.2012 17:28:38 | Најпрвин таа Агенција за вработување нема вработено никого кому претходно не му било отворено работно место врз основ на познанства и партиска подобност!Кого го вработила?Јас такви не познавам!Какво самовработување,какви глупости!Зарем пропагандната реклама „Осмели се“му донела некому вработување?!Зарем е можно некој кај нас да отвори фирма со 3000 евра и да опстане?!Кого залажувате?Најголемиот број луѓе се откажаа од доаѓањето во Агенцијата бидејќи за да стигнат до неа треба да потрошат најмалку 70 денари месечно за автобус!Настрана малтретирањето,чекањето во неред и гужви!Да,познавам и такви кои имаат фирми,а сè уште се водат како невработени!Познавам дури и бивши полицајци кои нудат вештачко запишување на стаж за сума од 300 евра!Таму во Агенцијата има сè и сешто само нема вработени кои таа некогаш,од своето постоење до сега, ги вработила!Се работи за вештачко бришење од евиденција,односно станува збор за фиктивни вработувања само за да се докаже (одглуми)зголемување на вработеност! |
| wd40, 06.02.2012 18:02:57 | Citam komentari od tipot gi naterale taksistite da se prijavat ili zemojodelcite se prijavile .... pa zarem taksistite se nevraboteni
Vo Makedonija sigurno ima uste pomalku nevraboteni....do koga tie sto rabotaat ke plakaat za nekojsi lazni socijalci...... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -6°C
Облачно
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -3°C, Мин: -11°C
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: -4°C, Мин: -14°C
|
|
|
|
|
|