08.02.2012, 14:39 Македонски државјанин, прва жртва од студот во Косово
Македонски државјанин на возраст од над 50 години е првата жртва од студот во Косово.
Македонскиот државјанин, чиј идентитет не се наведува, со камион превезувал брашно од Македонија за Косово. Според првичните информации од полицијата, утрово тој бил пронајден мртов под камионот, што бил паркиран во Ветерник.
Првичната истрага наведува на фактот дека тој се подготвувал за пат кон Македонија и се обидувал да стави синџири на гумите. Од полицијата најавиле подетални информации по обдукцијата на телото. Температурата синоќа во Косово била до минус 22 степени.
|