05.02.2012, 17:00 Мислење
Канибализмот на Груевски
Ивор Мицковски
Станува се' појасно дека машинеријата на Груевски направи погрешна процена и дека нивниот спин за „обединување“ испадна комичен
Канибализам стратегијата на Никола Груевски деновиве доби една нова димензија. Премиерот - канибал, откако ги соџвака, почна да ги голта своите поранешни или актуелни сојузници. Принципот на канибалот не е секогаш ист, за секој вкус има различна рецептура. Така, на некои, вечерата им се сервира ладна, со местенки и затвор, како што ни покажа случајот со Љубе Бошкоски. За други пак, вечерата е во рамките на топлата прегратка на матичната партија ВМРО ДПМНЕ.
Целта е единствена, да се создаде перцепција во јавноста дека партијата на власт и понатаму има сила да обединува. Да се создаде привид дека кампусот на десницата е монолитен и е монопол на Никола Груевски. Привидно и лажно, а во суштина краткорочно и контрапродуктивно, Груевски се обидува да го санира судирот кој се' повеќе станува акутен помеѓу автентичните вмровци и дојденците. Тој сака да го уништи прозорецот на надеж за оние вмровци кои се' повеќе бараат враќање кон историските корени на ВМРО ДПМНЕ.
Но, контрадикциите и апсурдите кај наводниот обединувач Груевски не можат да се помират со реалноста. Откако го подели сиот народ, на етнични, на национални, на идентитетски линии, успеа да ја подели и партијата чиј идентитет во суштина го узурпираше.
Затоа деновиве сме сведоци на една провидна и смешна ПР кампања во знакот на „обединување“ на десницата, а која набрзо ќе се покаже дека е само краткотраен потег и дека стратегиски е крајно погрешна.
Како што поминуваат деновите станува се' појасно дека и ПР машинеријата на Груевски, направила погрешна процена и дека нивниот спин за „обединување“ испадна комичен. Прво, замирањето на ВМРО - Македонска и враќањето на Борис Стојменов помина во јавноста како и да не се случило. Кој политички субјект беше таа партија и нејзиниот претседател? Поправен испит требаше да биде напуштањето на Марјан Додовски на ВМРО – Народна, нешто што во јавноста лажно се продаде како згаснување на партијата на Љупчо Георгиевски. Беше смешно и тажно да се гледа Додовски како чита текст напишан од Илија Димовски и како вели дека бил просечен граѓанин со кредит од 120.000 евра. Но, уште посмешно беше прегледувањето на неговите изјави од пред само неколку месеци каде ја нарекува ВМРО ДПМНЕ удбашка партија која го гази достоинството на македонскиот народ.
Не поминаа незабележани ниту комплиментите од страна на Груевски, кој до пред некој месец, ги опиша своите нови регрути за незначајни политички субјекти. И сега, како тоа одеднаш ВМРО - ДПМНЕ се окрупнува со незначајни политички субјекти? Колкава ли е силата на ВМРО - ДПМНЕ кога се зајакнува со една морална дијабола каков што е Марјан Додовски? Или, пак, со Борис Стојменов, еден од ретките политичари кој влегува низ врата, а излегува низ прозорец.
Како и да е, секој се клади во тоа што верува или во тоа што мора. Она што е очигледно е дека квантумот гласови кои можат да ги добијат Марјан Додовски и Борис Стојменов е еднаков на нула. Груевски дебело се лаже дека на овој начин ќе успеа да привлече нешто од гласовите на опозициската десница. И не само тоа, туку се поставува и едно друго прашање, а тоа е дали Марјан Додовски беше кодошот кој продавал информации за намерите на ВМРО - Народна, за Груевски да може да врши притисоци и дали сега премиерот остана и без тој инструмент?
Како и да е, тоа што ВМРО ДПМНЕ погрешно го толкува како изолација на Георгиевски, всушност е создавање на простор за војводата да се врати на голема врата и исчистен од смешни фигури да ги привлече кон себе огромниот број на незадоволни вмровци.
Затоа сметам дека Љупчо овој пат нема избор, услугата му е направена, по политичката елиминацијата на Бошкоски и на маргиналните десничари, ова е просторот кој на Георгиевски му требаше. Тој треба само да реши што сака да биде кога ќе порасне. Ова се сепак неговите најзрели години во политиката. Георгиевски сега мора да се прекрши и да застане на кормилото на опозициската десница. Тоа му е шанса да го тестира својот кредибилитет за врзување на десничарски гласови, кредибилитет кој од неговото повлекување од активната политика, медиумски никогаш не бил оспорен.
Напротив, Георгиевски и во сенка покажа дека се' уште е атрактивен и за медиумите и за пошироката јавност. Неговите зборови дека ВМРО ДПМНЕ од сега има работа со Љупчо Георгиевски звучеа премногу заканувачки за да поминат незабележано. Сега има и мотив повеќе да расчисти некои стари сметки. Георгиевски мора да стави крај на понижувањето од страна на човекот кој тој го измисли. Го избришаа од историјата на ВМРО ДПМНЕ, го плашеа со екстрадиција на Даравелски, му ги купуваа соработниц��те како што ќе стигнат. Само тоа по себе е доволно за реакција, затоа што Георгиевски е еден вид на рането политичко животно кое се уште може да се одмазди.
Затоа тврдам дека на Георгиевски не му останува ништо друго освен преку силен политички ангажман да го оправда својот политички габарит и да почне на терен да ја остварува најавената борба за промени во државата. Само така ќе покаже дека неговото спротивставување на политиките на Никола Груевски не е само декларативно или како што неговите злобници умеат да кажат, дека постои таен договор помеѓу нив двајца.
Бељата за Груевски не доаѓа само од лажниот спин за стабилизирање на десницата. Тоа се гледа и од неговото однесување. Груевски овие потези ги повлекува и затоа што му е јасно дека повеќе ја нема силата да води војна на два фронта.
Но, пропагандата е само еден аспект од борбата, а реалните состојби на терен се' помалку му одат во прилог. Анкетите од релевантните институции во последно време недвосмислено покажуваат забрзан пад на довербата во власта. И не само тоа, покажуваат и дека рејтингот на СДСМ се' повеќе расте. На една година од избори, разликата од 5 проценти е драматична за ВМРО ДПМНЕ, а јас лично се сомневам дека воопшто и е толкава. Ако го земеме предвид и наметнатиот страв кај електоратот и високиот процент на неопределени, равенката за ВМРО ДПМНЕ не изгледа најрозово. Затоа, пак ќе повторам, по сите поделби и катастрофални политики, Груевски се лаже ако мисли дека ќе добие гласови преку некакво „обединување“. Напротив, со ваквите потези, тој дополнително инвестира во создавањето и кристализирањето на два поделени блока.
Ножот, од страната на дршката се' повеќе е во рацете на опозицијата. СДСМ ја има силата и гравитациската моќ да ги привлече сите оние кои мислат поинаку од власта. Груевски веќе подолго време му прави услуги на СДСМ и дополнително предизвикува приклучување на интелектуалци и слободоумни луѓе во редовите на СДСМ. Сите знаат дека осамени тешко ќе опстојат.
Затоа, мојот заклучок е дека последните потези на Груевски се сериозни знаци на слабост. Уште повеќе, како што станува послаб, така се' повеќе и покрај многубројните укажувања за сериозно уназадување на демократските процеси, тој упорно влече тоталитарни потези. Може да апси и да купува колку сака, но ниту може сите да ги уапси, ниту пак може сите да ги купи. Осуден е на вакви очајнички потези каде наводно ќе се „обединува“ кога всушност само етички и естетски бескрупулозно и без критериуми се разводнува.
Премиерот - канибалот мисли дека загризал силно парче месо, кога во реалноста само голта ситна боранија.
(Авторот е аналитичар од СДСМ) |
|
Статијата е прочитана 13689 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Urota, 06.02.2012 00:32:02 | Ne e zagrozeno VMRO-DPMNE.Zagrozeni se dojdencite, a tie dojdenci se pred se od SDSM, ili so koreni od SDSM.Istite tie dojdenci krojat planovi kako da go reformiraat SDSM i spored receptot so VMRO, i tamu na mestoto na Branko da instaliraat svoj covek.Mozebi ne se sekavate, no ednas na sala i samiot Latas izjavi deka imal ambicija da se kandidira na mestoto na Crvenkovski.Tie koj ja zgrapcija ovaa drzava vo sopstvenite kandzi i ja koristat isklucivo za svoj interesi, krojat planovi za spasuvanje vo slucaj vistinskite VMROvci se osvestat i svatat koj vsusnost gi igra.Voedno znaat i deka segasniov SDSM vo nikoj slucaj nema da gi primi nazad, naprotiv (moe mislenje e, no nesum tolku siguren)deka duri i zestoko ke se presmeta so niv.Zatoa Latas se poveke propagira pomiruvanje.Ne se sigurni dali ke ostanat da go kontroliraat VMRO, a znaat i deka SDSM nema da gi primi nazad.Za da preziveat, potrebno im e, ili uste pogolema diktatura i teror koj ke go vrsat preku VMRO, ili prevzemanje na SDSM |
| aleksandar, 06.02.2012 00:41:02 | Avtorot zaboravil da ja napise drugata strana na ravenkata: SDSM nema sto da ponudi na pazarot osven nekakvo osvezuvanje sto mnogu brzo ce se pokaze kako golemo promasuvanje. Koga ce dojde momentot, neopedelinte glasaci zad paravanot tesko ce se odlucat da go stikliraat Branko. |
| zoran, 06.02.2012 01:05:20 | ne tresete zeleni fakajte se za rabota, sto mislite bugaron ke vi vrsi rabota |
| Analiticar, 06.02.2012 01:07:16 | Analizite se odamna jasni,so branko na celo na SDSM,ljupco vo koja saka Vmro ,se zagarantirani ponatamosnite pobedi na Gruevski.
Edno treba da svatat ,momceto e dosta po razlicno od niv dvajcata ,raboti i ostava dela!
Frustracijata kaj opoziionite lideri e samo toa sto sto so nisto ne se vgradija vo istorijat na Makedonija,nema po sto da gi zapamtat.
Sovet obedinete se okolu Gruevski! |
| albatros, 06.02.2012 01:09:02 | eve sansa i za avtorot na pisanievo da mu stane portparol na voskresnatiot ljubco. |
| citatel, 06.02.2012 01:34:49 | Voopsto ne se soglasuvam so vasite razmisluvanja i koncepcijata na rabotite kako gi gledate.Ne sum clen na niedna politicka partija nitu pak planiram da bidam vo idnina.Mnogu mi e zal za site vas koi na eden ili na drug nacin ste vlegle vo ovaa kasa narecena politika.Samite tekstovi so gi pisuvate se sveduvaat na pogovorkata:Covek moze da ja iskrivuva vistinata,no na dolg rok se laze samiot sebesi.Ostanete pozdraveni i sekoe dobro |
| goran mitrevski, 06.02.2012 02:31:36 | znaci ne sum clen na niedna patija ama so e dosta dosta e....decko ti ocigledno imas nekoj problem so samiot sebe pa preku pisuvanje se lecis so plukanje i so ironija, namesto toa jas ti preporacuvam da porabotis malce na sreduvanje na tvojata partija koja e na samoto dno na politikata vo makedonija..... |
| B. Betinski, 06.02.2012 03:28:02 | Izrazot „raneto politicko zivotno“ koj treba da vi posluzi kako vpecatliv opis na politickata figura na Lj. Georgievski, kombinacija od nekoi hipoteki i kontroverzi, megju koi e nezaboravna negovata uloga vo ustolicuvanjeto na N. G. kako vojvoda-prestolonaslednik na VMRO-DPMNE, ne vi e najsrekno pogoden. Ne e tesko, za upatenite, da se setat deka mislite, vsusnost, na aritotelizmot „zoon politikon“, kako sto ne e tesko da se pretpostavi deka toa ke bide dobra moznost za spin-majstorite da trgnat vo frontalna odbrna/apologija na svojot idol. Razbiram deka mlakite kolumni malku se citaat, ama smetam, isto taka, deka „zovrienite“ treba da bidat napisani so pomalku racki i zakacki. |
| МЕНЕ ЗА ВАС, 06.02.2012 03:41:09 | Првпат читам нешто потпишано од човеков и се изненадив. Додуша изненадувањето траеше кратко. Повеќе беше шок! Имено пред да стигнам до крајот на текстот не знаев дека е член на СДСМ. Без тој товар читав и си помислив - навистина уште постои надеж за СДСМ - Еве убедиле некој колумнист во нивните глупости! Кога видов дека всушност „колумнистот“ е всушност “КОМУНЛИСТ“ ми стана јасно, дека СДСМ всушност врбува пискарала за да се убеди себеси и своите поданици во сопствената лага! |
| Covek, 06.02.2012 03:43:16 | Не е жалосно што пишувате вакви работи, жалосно е што мислите некој ќе ви поверува! |
| d.d, 06.02.2012 04:19:13 | cuvajse ivore kako trgnal da meli da ne te someli itebe milosevic da bese ziv trebase kapa da mu izvadi |
| Tatart, 06.02.2012 04:47:56 | Neznam za Gruevski dali e Kanibal posto nesum slusnal da izel nekogo,site se seuste zivi.Ama tesko na SDS so ovakvi analiticari.Sega razbiram povece zosto olku dolgo se opozicija pri tolku losa vlast. |
| Interesen komentar, 06.02.2012 05:51:14 | Interesno razmisluvanje za opservacija; edna zabeleska: Gruevski e najgolemiot DOJDENEC vo DPMNE i toa mnogu mu smeta. NEmu mu trebaat VMRO DPMNE vci ili nivni boi kako poddrska za da lici na VMRO-vec, inaku site znaat deka toj na ovaa pozicija dojde od BELGRAD kade za LICEN INTERES BIZNIS bese SOVETNIK. Komu sega toj ke prodava patriotizam? Toa e kako tie koi glasaa za ramkoviot dogovor da ni kazuvaat kolku e steten, a na onie koi glasaa protiv da ne im priznavaat ni pravo na DRZAVJANSTVO vo Makedonija? Ete ti go DPMNE...gi vidovme site prodadeni fajdadziski dusi...narodot go dovedoa ( kolektivno ) do pitacki stap, a od megjusebnoto plukanje napravija zimska lizgalnica! |
| Dalibor, 06.02.2012 06:13:28 | Очигледно оваа недела ќе се изнагледаме текстови од овој вид во насока на минимизирање на преминот на мнозинството членови од ВМРО НП во ДПМНЕ. За жал реалноста е поинаква. Повеќето видни членови на ВМРО НП од општинските комитети се веќе купени со ветувања за работни места и позиции на советничките листи следната година. Организационата структура на ВМРО НП е обезглавена, а слично сценарио ќе следува и со Обединти за Македонија и со Достоинство. За жал, се дури е Бранко на чело - СДСМ ќе нижи порази. Кога само би се освестиле и го поставиле Заев на чело, се би било поинаку (доколку скопската шема се одважи толку). |
| Janko, 06.02.2012 06:40:12 | Неверојатен кредит од 120.000 евра за просечен македонец. За таков кредит треба да имаш месечна плата од 9-10.000 евра.
Напред криминалци во мизер Македонија. |
| nacional-patriot, 06.02.2012 07:01:06 | Navistina e simptomaticno i duri perverzno sto SDSM-ovci kako avtorot na ovoj tekst go velicat Ljubco.Porano na niv im smetase negovoto odnesuvanje,negovoto bogatenje so negovata Sneska,negovata prosofiska opredelba...Sega nisto od ova vekje ne im smeta na SDSM-ovcite,a mozebi ne im smetalo i porano,samo glumele deka im smeta.Tazno i bedno za simpatizerite na SDSM koga partiskata vrhuska spas bara vo politicko voskresnuvanje na Ljubco.Samo taka gledaat sansa da ja oslabnat partijata na vlast,no imaat i zaednicki interes i cel SDSM i Ljubco,a toa e dodavka na imeto na drzavata.Za Ljubco jasno e zosto bara dodavka.Da se obezlicat Makedoncite,no dali i za SDSM e toa pricinata sto bara dodavka.Pred izborite isto taka opozicionerite se nadevaa vo neopredelenite i deka narodot se plasi,no tie proceni vidoa deka se pogresni.Na idnite izbori ke se vidi deka vlasta ke pobedi pak ubedlivo i sekako mnogu povekje od pet procenti razlika.Kakvo opravduvanje ke baraat togas opozicionerite za porazot? |
| Alek®, 06.02.2012 07:41:52 | Навистина уживам да ги читам Вашите колумни со аргументирани и издржани ставови. Како и препораката дека треба да се работи на ослободувањето од теророт на Груевски. Тука сме и за тоа. |
| Hari, 06.02.2012 07:42:24 | Ivore cist pogodok, slabosta na dpmne vo ovie mracni vreminja se gleda i preku dezurnite komentatori koi lupaat sve ama ne te demantiraat. Tipicno za dpmne. Brodot tone no vece e napravena golema steta. Pozdrav Ivore. |
| P.Petar, 06.02.2012 08:04:06 | Se obrakam do site aktivni VMROvci i nivni simpatizeri so cel da ve vratam vo istoriski rihverc i da vi go kazam slednoto: Vasite ideolozi i borci za imeto Makedonija pocnuvajki od Goce Delcev pa do Pavle Satev bea SOCIJALISTICKI IDEOLOZI!! Utuvete go toa vo vasite glavi i ne ne zamarajte so DESNICA koja forsira izliten kapitalizam koj kako sto gledate i sami bavno no sigurno UMIRA. Golema neednakvost,tiranija,laziranje po mnogu osnovi ne se ni od daleku kvaliteti od tipot SVETOT KAKO POLE ZA KULTURNA KONKURENCIJA!! Me potsetuvata na cetnicite vo Srbija ,poslatko vi e da se NISTITE so SDSM/svoj narod/ odkolku da gledate so OTVORENI oci kako Makedonija sistematski ja topat nekoi drugi sili!!
|
| profesor, 06.02.2012 08:13:28 | Koj uste mu veruva na DMNE??? Site nivni malverzacii izleguvaat na videlina. Bravo za komentarot. No nisto nema da napravi SDSM ako ne im vetat na graganite deka ovie od segasnava vlast ke odgovaraat krivicno za lopovlucite sto gi pravat no i konfiskacija na ukradenoto, a ne da se dogovaraat kako vo minatoto so LJupco za zastita na biznisite. |
| milan, 06.02.2012 08:29:49 | I jas na vremeto glasav za Grujo,no sega debelo se kajam,bidejki gledam sto napravi vo drzavata za ovie zadnite 6 god. i stanuvam se pogolem pesimist,dali drzavata ke uspee da se izvlece od kalta sto ja sozdadoa portokalovite.Ivore bravo,portokaloviot stab nokeska si go ostavil bez son,sto se gleda po komentarite.Po se izgleda osnovacot na nivnata partija Ljubco ke im ja zabiberi corbata. |
| do goran mitrevski, 06.02.2012 08:34:23 | Gorane ako covek ima malce um vo glavata i go procita tvojot komentar ke vidi so kolkava nervoza i trauma si go pisuval,duri se plasam i tastaturata da ne si ja skrsil.Pa Gorane mozebi i ti si eden od onie koj so zaminuvanje na Gruevski gubis sve i te razbiran no bratko pa sto ostanalo vecno i onie od SDSM so Bucko mislea deka ke se vecni pa zabegaa a toa narodot go gleda.Gorane revolucijata sto ja predizvikuva gladen stomak nikoj nemoze da ja kontrolira a glasacite velat vaka e ke mu ja e.. mamata i toj neka vidi kakoe{normalno gladen i bos}.Gorane vo najgolem del glasacite glasaat protiv za inat i Gorane najnovite anketi velat razlika 5%no 40% kutat a bogami vie sto ste za VMRO na Grujo toa ne go prekutuvate jasno i glasno zborite.Gorane 40% zakuten narod isplasen da kaze ne zboruva dobro za edna vlast i bez nervoza taka e vo politikata no onoj koj si e cist nema sto da se plasi od poraz denes dobivas utre gubis kako sto mnogu SDSMOVCI otidoa vo VMRO taka i mnogu VMROVCI odat vo SDSM |
| Neopredelen, 06.02.2012 08:35:09 | A be dete, sam se promoviras vo izmekar na Crvenkovski, a zboruvas za slicnite takvi koi mu sluzat na Gruevski. Site ste isti. Dajte rakomet ili kosarka da se izraduvame deka nesto ubavo se slucuva za i okolu Makedonija, od vakvite kako tebe vladee stomacen virus i na -20. |
| percak, 06.02.2012 09:06:42 | Nemoj decko solzi mi dojdooa na oci .od koga go zasaka tolku lubco. aj dobro me ubedi ima eden glas od mene. |
| девичанецот, 06.02.2012 09:24:45 | Иворе,
Тешко ако Вашата што ја нарекуваш левица, ќе се обединувала, ако со дршката ножот е кај Вас.
Тоа значи тој што доаѓа кај Вас....на сечивото го чекате брат.
Затоа, што поскоро откажи се од своите анализи, зашто само зло и носат на опозицијата...нешто како канибализмот на Заев, Изјавата за Пахор на Данева и слично.
Или сменете го пензионерот, или пак неговиот тим...Вам ви треба програма, акција, стекнување на доверба кај обичниот гласач, а не вакви неиздржани анализи, кои уште повеќе создаваат одбивност кај народот. |
| realist, 06.02.2012 09:38:48 | Gladna kokoska proso sonila. Covece dali znaes sto zboruvas? Tesko na Makedonija koga se potpiras na prodadeniot bugaras sizofrenik. Ocigledno tvoeto nivo e daleku pod normala za da mozes toa da go razberes. Zasrami se. |
| ФЕЛИКС, 06.02.2012 09:44:06 | Авторот на текстот може да има проблеми кога посочува политички канибализам.Оти ваквиот израз е патентиран токму од неговиот потпреседател,и секоја интелектуална своина е заштитена со закон.Но тоа и не е толку важно колку што е важно на вмешаноста на неговата партија (за која анализира) во настаните на Калето.Ова ептен аргументирано му го образложија на неговиот потпреседател во емисијата на Чомовски.Тука баш има канибализам и тоа на државно ниво а против сопствениот народ.Тезата да ,,непријателот на мојот непријател,е мој пријател,,ја докажува цела јаловост на шашардисанава опозија која немајќи автентичен настап опозициски,бере гајле на друга партија која види комика е идеолошки страотно различна.Но добро е кога се употребува слоганот,,губитници од сите бои обединете се,,Слоган кој ептен им прилега на Бихаќевците. |
| Gjorgji, 06.02.2012 10:39:17 | Avtoru - novinaru! Zosto imam vpecatok deka statijava si ja pisuval po necija naracka? Pa ne mi se veruva deka navistina pravis vakva analiza. Nisto od toa sto go pisuvas ne e taka. No, dobro. Ti si znaes. Samo so vakvi naracki go rusis novinarskiot kodeks.... Ne e dobro. |
| Милена, 06.02.2012 11:14:27 | Трагично е ако уште некој во оваа земја навистина ги поверувал во тоа дека оваа власт се окрупнува. Ако ги земете рејтинзите од пред 6 години ќе видите дека вртоглаво оппаѓаат. Сега кога не постои начин како во јавноста да се покаже дека нешто навистина суштински се менува, го земале Додовски кој наводно како што он сам ќе каже како секој обичен граѓанин и јас земав кредит од 120.000 евра (пазете ЕВРА) и знаејќи го минатото на Додовски и кој до вчера плукаше по ДПМНЕ одеднаш на сите ни е јасно дека тука нема апсолутно ништо ново односно плаќање на кредитот на Додовски.
Народот е разочаран, не им верува повеќе! Фиктивното припојување на поединци го прават само како помпа во јавноста, од некреативност и одпаднат рејтинг. |
| Lile, 06.02.2012 11:14:30 | Na cel narod mu e jasno deka so ovaa vlada nema idnina. Duri i onie sto glasaa za VMRO na prethodnite izbori veke se predomisleni. Zaludni se site spinovi, ocajni obidi da se zadrzi vlasta. Vremeto veke im istekuva! |
| seirdzija, 06.02.2012 12:06:23 | Surija gnidi zakacena na Makedonska glava od razni magacini se javuvaat isplaseni za svojot status od 200,300 evrici...Makedonija i ne zasluzuva podobro koga nekoj tuka mu se fatil i veruva vo potparol na DUI,razbira se gledajki MTV.Felikse treba da e covek idiot pa da veruva vo teza deka partija od vlast sorabotuvala so opozicija da se srusi sama sebe??Ako go racunate onoj doktor novinar koj bese ispracal novinari medju demonstranti da zemale pobliski informacii za nivnie togas tezata ke drzi...Inaku deka ste kanibalski raspolozeni postojat mnogubrojni dokazi,a ako ne veruvas prasaj go Dodevski!!! |
| Диме, 06.02.2012 12:08:57 | А како би обединувал Груевски освен со уцени и закани |
| Bato, 06.02.2012 12:18:52 | Gruevski so svojot lazen patriotizam ke gi dobie i lokalnite izbori, oti Branko toa ke mu ovozmozi. Dali Mijalkov ne mu dava na Branko da si zamine? Ako ne e taka neka si gi pushta Sekerinska, Zaev i Goergiev. Togash Grujo za pet meseci kje padne vo bezdna. Grujo ja crpi energijata od istroseniot Branko. |
| Емилија, 06.02.2012 12:29:07 | Премиерот- канибалот ја изеде иднината на македонскиот народ |
| makedonka rod.cegan makedonia, 06.02.2012 12:45:11 | tatar za greotka si ako nesi razbral deka nikola gordana koteski i tigaro izedo mlado dete
na 6 jyni tolky si slab so misleneto za zal |
| Levichar, 06.02.2012 12:58:25 | Predlogot na onoj germanski grk da se Grcija preimenuva vo Helas, bi mozel da e od korist i primena i za SDSM. Naime, mnoshtvoto makedonski gradjani, pa i golem del od komentatorite, ne znaat shto e sushtinski leva, a shto desna politichka opcija, a zatoa e kriv tokmu SDSM, koj ispadna pogolem pop od papata odnosno, pogolem desnichar od VMRO. I toa narodot nema da mu go prosti. Zatoa Brane so svojot (bivshi,segashen i iden) tim mora da zamine, a pozelno e da i SDSM se prekrsti. Vo sekoj sluchaj, celosna rekonstrukcija i toa chas poskoro, bidejci vo krajno ne e rabotata samo da se pobedi, nego treba neshto i da se ponudi. Samo da ne bide matenica, posle mlekoto. |
| koki, 06.02.2012 13:22:17 | Nema pari vo drzavata.Poslednive 12 meseci se zadolzivme za 600 MILIONI Evra!!! Od Tie 400 milioni se potroseni za plati i penzii.Vladata ne e ucena da funkcionira bez ekstremno i nepotrebno trosenje i sega se javuva problem.Strujata znacitelno poskape,gorivata se na maksimalni vrednosti zaradi ogromnite akcizi od koi drzavata ne saka da se otkaze i pak im se malku parite |
| Marko, 06.02.2012 13:30:35 | Убава анализа на авторот. Мислам дека георгиевски има голем број приврзаници и може да ја врати ВМРО на вистински колосек |
| Sasho Stefanovski, 06.02.2012 13:54:38 | Sega mi e jasno zosto e tolku popularen SDSM!
So vaka pametni analiticari i ljuge koi tolku Strucno ja sogleduvaat sostojbata vo Makedonija VMRO ke vladee uste 1000 godini.A i bradicevo go pusta samo za da lici na idolot a kako mu stoi tesko i deka nekoja ke go pogledne. |
| Goce, 06.02.2012 13:55:47 | Porano ili pokasno na site diktatorski rezimi pa i na ovoj nasiot ke im dojde krajot. Duri i na trpeliv i polu-razumen narod kako nasiov ke mu svetne koga-togas sto pravat ovie koi se na vlast 10 godini vo poslednive 15.
Goelm pozdrav do ovie 10-tina komentatori ovde sto imaat zadaca da prakjaat komentar na sekoj anti-vladin tekst vo site TRI vesnici! |
| Избраниот, 06.02.2012 14:11:24 | Одлично дополнување на колумната на Ерол Ризаов.
Еве и јас да додадам нешто. Георгиевски посебно не го милувам од многу причини, кои се повеќе или помалку очебијни, но истовремено морам да признаам дека го почитувам како еден ретко искрен политичар, кој ретко ако воопшто и лаже (во вистинска смисла на политичко лажење).
Неговиот проблем или можеби нашиот проблем, е во тоа што никој не му верува и тогаш кога ја говори ноторната вистина.
Затоа, само еден совет до сите неверници, верувајте му на Георгиевски, макар што не ви се допаѓа! |
| Михајло, 06.02.2012 15:59:35 | Ептен е на место ваквата анализа. Подобра не сум прочитал одамна. Браво! |
| Mark-do Zoran, 06.02.2012 16:21:40 | A be stalno ne teras na rabota-eve jas bev na pazar i go iscistiv snegot, a ti sto sraboti denes? |
| bez trag, 06.02.2012 19:07:00 | Do FELIKS. Samo tebe nesto netie pogodeno se nekoj treba da odgovara za nesto. Koga ke odgovara tvojata VMRO nenarodna mislam deka ke svatis togas kakvi gubitnici ste. Da znaes logoto na SDSM e da go zblizuva narodot a ne partii i podelenost kako vas. I za kraj vasiot BOS brzo ke go fati taa evrejskata( Da dade Gospot da imas i pak da nemas )..... |
| Od koj raboti i ima, 06.02.2012 20:04:09 | Od do Mark i do Zoran i jas denes rabotev so Glavata............... |
| Dr. No, 06.02.2012 20:09:01 | Edna od podobrite kolumni sto sum gi procital, ako se zeme i taa na Prof. Gjorgji Spasov od sabotata. Po komentarite moze da se sogleda deka od DPMNE reagiraat kako popareni. Izgleda si gi pogodil vo nerv, pa po partiska direktiva pisuvaat. Bravo uste ednas, respekt za kolumnistot. Vrfeme e ovaa nenarodna vlast da si zamine vo delot na mracnata istorija na ovaa napatena zemja. |
| krt, 06.02.2012 20:11:47 | So izjavata deka M.Dodovski e prosecen graganin so kredit od 120 000 evra se gleda deka VMRO DPMNE veke znacitelno zastranuva i veke poveruvala vo sopstvenite lagi deka standardot na prosecniot makedonec dozvoluva da ima sekoj po 120 000 evra kredit. Vakvi prosecni gragani nema poveke od 10% vo Makedonija. Na Gruevski mu se slucuva isto sto i na sekoj izmoren politicar na vlast. Go lazat negovite. Od Dodovski samo zijan ke ima. SDSM nema kapacitet da ja zameni VMRO DPMNE ama VMRO DPMNE se veke umorni od vlast. Pocnuva politicka depresija vo Makedonija ... bidete spremni. |
| Небојша, 07.02.2012 01:17:03 | Незнам авоторт што сака со ова да каже. Очигледно да изиграва квази екперт полно со омраза кон Груевски. Дечо ти и твоите понудите нешто па и ние ке се залажеме и гласаме за вашата омилена опозиција, ваккви какви што сте 18 години тешко дека некој помислува на вас.
Ај честито инвестиција, Мерцедес инвестира во фабрика во Македонија, тоа за мене е важно. А ти дечко квази новинарче очигледно дека наскоро ке пишуваш за некој нонејм весник. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Слаби снежни врнежи
|
Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -3°C
|
Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
|