Џим Куриер нов селектор на САД
Своевремено еден од најдобрите светски тенисери Џим Куриер е именуван за нов селектор на американските тенисери, откако минатиот месец отказ на таа функција даде Патрик Мекинро, кој на чело на Дејвис куп репрезентацијата беше десет години, а во 2007 година со неа ја освои популарната „салатара“.
За време на играчката кариера, во која освои четири гренд-слем титули, Џим Куриер им помогна на Американците да го освојат Дејвис купот во 1992 и во 1995 година. Џим Куриер 58. недели беше најдобар светски тенисер (1992- 1993). Ролан Гарос го освои во 1991 и 1992 година, а Австралија опен во 1992 и 1993 година. Се пензионираше во 2000 година, а пет години подоцна беше примен во Меѓународната тениска куќа на славните. |