Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Хевде - ривал по мерка за Металург

Швеѓанките ќе бидат домаќинки на првиот меч од третото коло од Купот на ЕХФ

Роберт Димитриевски

Македонскиот женски ракометен првак Металург доби противник по мерка во шведски Хевде во рамките на третото коло од Купот на ЕХФ. Во однос на германските Букстехуде, Гепинген и Олденбург, руски Кубан Краснодар, дански Холстебро или шпански Леон, Хевде изгледа како премија, дотолку повеќе што првиот натпревар на 13/14 ноември ќе се игра во Шведска. Но, тренерот на тимот од Автокоманда, Крсто Петрушевски, не се согласува целосно со тоа.

„Добивме екипа за респект, бидејќи доаѓа од скандинавските земји, противник што не' обврзува на зголемена сериозност. Шведскиот женски ракомет е во подем, што го потврди и Севехоф со трите убедливи победи на квалификацискиот турнир за Лигата на шампионите минатиот месец во нашата сала. Податоците за Хевде залажуваат и не го одразуваат вистинскиот квалитет на овој тим“, смета Петрушевски, кој признава само дека мала предност е што реваншот го играат дома на 20/21 ноември.

А податоците за Хевде велат дека станува збор за тим чијшто најголем меѓународен успех е токму овој пласман во третото коло од Купот на ЕХФ со двете победи на свој терен од 34:23 и 33:25 над Городничанка од Белорусија. Во претходните три излети на европската сцена, сите во овој куп, клубот формиран во 1949 година не успеа да го прескокне вториот круг.

По шест одиграни кола во шведското првенство Хевде е осми меѓу 14 екипи, со само две победи. Единствена репрезентативка во екипата е пикерот Тереза Валтер со 21 меч и 26 гола за селекцијата на трите круни, која дојде од Олборг и против Городничанка постигна вкупно девет погодоци. Ако се суди по тој двомеч, опасноста треба да доаѓа и од Ерика Видел (12 гола со Белорусинките), потоа од левиот бек Софија Олофсон (9), од Ана Ларсон (9) и од Карин Ниден (8).

Петрушевски пред 11 години го има посетено Хевде со машката екипа на Металург во нејзиното деби на евросцената во тогашниот Куп на градовите.

„Тоа е гратче на море близу Гетеборг, па на двете средби што ги одигравме таму во три дена дојдоа и македонски иселеници да не' бодрат. Салата е мала, со капацитет од околу 800 места за седење“, се сеќава тренерот на ракометарките на Металург.


#
Статијата е прочитана 392 пати.

Испрати коментар

Од: Pozdrav
Датум: 28.10.2010 12:25:59
Ajde Krle ve cekame vo Svedska,pozdrav od Zivra i Ile.

Најди! во Утрински
Спорт
Вознијацки брутално ја прегази Дементиева
Тројца Македонци во второто коло на СП во куглање
За Владимир Стојковиќ затворена вратата на Србија
Џим Куриер нов селектор на САД
Дедо со 56 години беше играч на мечот!
Бостон пресилен за Џејмс, Вејд и за Бош
Ја исфрли Херта од Купот со гол од 60 метри
Странците во Динамо (З) ќе мора да учат хрватски
Фетел не губи надеж за титулата






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000