Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Дедо со 56 години беше играч на мечот!

Помошниот тренер на белорускиот прволигаш Динамо од Брест Јуриј Пудишев (56) влезе во игра против Бате Борисов. И не само што влезе во игра туку и во поразот на својот тим (0:2) е прогласен за играч на натпреварот. Тој настапи во вториот дел и ги поврза сите конци на својот тим. Тоа беше негов втор настап по две години, а и во последниот меч (тогаш како 54 годишник) исто така беше играч на мечот.

„Некои мислеа дека тој ќе изигрува кловн на теренот, но видовте што може. Играше одлично“, кажа тренерот на Динамо Јуриј Пунтус. Пудишев на врвот од кариерата со Динамо од Минск 1982 година ја освои шампионската титула во СССР, а потоа играше за Динамо Москва.

Сепак, Пудишев со својот настап против Бате Борисов не влезе во Гинисовата книга на рекорди. Таму стои името на најстариот фудбалер што настапил на официјален меч. Тоа е Мексиканецот Салвадор Рејес кој имаше 71 година кога играше за Чивас против Пумас 2008 година. Но, Рејес на те��ен мина само три минути, само да му се оддаде почест, додека Пудишев и со 56 години беше играч на мечот.

Службен пораз од 0:3 и три меЧа без публика за СрбиЈа?

Српскиот „Спортски журнал“ од свои извори од УЕФА објави информација дека репрезентацијата на Србија поради безредијата што ги направија хулиганите во Џенова (пред и за време на квалификацискиот натпревар со Италија) ќе биде казнета со одземање три бода (службен резултат 0:3), а наредните три меча ќе мора да ги игра без публика.

Оваа казна, вели весникот, и официјално ќе биде објавена утре. Фудбалскиот Сојуз на Србија вината се обиде да ја префрли на слабата организација на натпреварот.

Мурињо задоволен со „нулата“ кај Мурсија

Реал М. лани испадна во купот од третолигашот Алкокрон. А, завчера одигра на гостувањето кај Мурсија (исто така третолигаш) само 0:0, па ќе има шанса на свој терен да обезбеди пласман.

Тренерот Жозе Мурињо, сепак, најде зборови на пофалба за своите фудбалери. „Задоволен сум. Одигравме сериозен натпревар и се обидовме да дојдеме до победата. Ги критикувам само оние кои не даваа се' од себе, но во овој натпревар такви немаше. Напорно работевме, создадовме многу шанси, а момчињата се трудеа. Тоа е најважно. Бевме лимитирани, бидејќи не играа креативци како Алонсо и Озил. Секој тим кој ни се спротивставува тоа го прави со одбраната. Сантандер играше со петмина во последниот ред и тоа не беше проблем, победивме со 6:1, а Мурсија одигра добар меч. Не победивме, бидејќи имаа одличен голман, а и тревата беше во катастрофална ситуација. Ќе победиме на свој терен“, изјави по мечот Мурињо.

Хернандез пак го спаси Манчестер

По втор пат во само три дена 22 годишниот напаѓач Хавиер Хернандез го спаси својот Манчестер јунајтед. Откако викендов ги постигна двата гола за победа на „бебињата“ кај Стоук (2:1) завчера во 90 минута донесе триумф против Вилверхемптон во мечот од Кралинг купот (3:2).

Против Вулверхемптон Фергусон изведе на терен втор состав кој водеше на два пати пред решавачкиот погодок. Својот премиерен гол во дресот на новиот клуб го заби 20-годишниот португалски напаѓач Бебе, познат по тоа дека играше за португалската репрезентација на бездомници. Вториот погодок беше дело на Парк, а двата гола за гостите ги постигнаа Елокоби и Фолиј.

Резултати од осминафиналето во Карлинг купот: Виган - Свонси 2:0, Ипсвич - Нортемптон 3:1, Манчестер Ј. - Вулверхемптон 3:2, Лестер - ВБА 1:4, Бирмингем - Брентфорд 5:4 (1:1 по продолженијата).


#
Статијата е прочитана 941 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Хевде - ривал по мерка за Металург
Вознијацки брутално ја прегази Дементиева
Тројца Македонци во второто коло на СП во куглање
За Владимир Стојковиќ затворена вратата на Србија
Џим Куриер нов селектор на САД
Бостон пресилен за Џејмс, Вејд и за Бош
Ја исфрли Херта од Купот со гол од 60 метри
Странците во Динамо (З) ќе мора да учат хрватски
Фетел не губи надеж за титулата






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000