Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Флеш-вести

Тројца Македонци во второто коло на СП во куглање

Во австрискиот град Рицинг почна Светското првенство во куглање во поединечна конкуренција, на кое настапуваат и четворица куглари од Македонија и три кугларки. Меѓутоа веќе на стартот во првото коло беа елиминирани сите три наши претставнички. Леа Маер загуби од Хрватската Лисовиќ со 3:1, со ист резултат Тања Трпковска беше поразена од Борхолц (Данска) додека Данче Гиевска загуби минимално од Рада Савиќ (Словенија) со 2,5:1,5. Многу повеќе успеси имаа нашите куглари од кои тројца успеаја да се пласираат во второто коло. Најубедливи беа Бранко и Коста Маневи кои ги совладаа своите противници со 4:0. Бранко Манев беше подобар од Данецот Мадеси, додека Коста Манев го порази Босанецот Калат. Многу потешка задача за да се пласира во второто коло имаше Борис Бенедик кој играше нерешено со Унгарецот Херек 2:2, но сепак беше прогласен за победник поради билансот во со��орените дрва. Единствено пораз доживеа Урош Стоклас (на сликата), кој ја имаше таа несреќа на стартот да се сретне со повеќекратниот светски првак Заворко, кој е инаку и главен кандидат за титулата и на овој шампионат. Заворко кој инаку настапува за репрезентацијата на Србија победи убедливо со 4:0. (М.М.)

Стрелаштво

Наковска-Бикова спортист од светска категорија


Стрелачката Оливера Наковска-Бикова се стекна со статусот спортист од светска категорија и во следните четири години ќе прима паричен надоместок во висина од две просечни плати во државава. Договорот вчера и' го врачи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, а таа го заслужи со освоениот бронзен медал на Светското првенство во Загреб што се одржа од 15 до 27 јули годинава. Со третото место Наковска-Бикова воедно обезбеди и норма за директно учество на Параолимписките игри во 2012 година во Лондон.

Еднократна парична награда во вредност од 192.000 денари доби Бранимир Јовановски како тренер на македонската репрезентација на загрепското СП во стрелаштво за лица со телесен недостаток.

Ракомет (ж)

Стрезовски со ослабен состав на „Трофеј Карпати“


Женската ракометна репрезентација на Македонија во некомплетен состав денеска заминува за Романија, каде што претстојниот викенд ќе учествува на турнирот „Трофеј Карпати“ во Дробета Турну Северин. Селекторот Гино Стрезовски, кој на турнирот на четири нации официјално ќе дебитира на клупата, ќе мора да се потпре на репрезентативките што настапуваат во Македонија, без повредените Тања Андреева и Мери Гичева. оваа акција на националниот тим ќе ја пропуштат и интернационалките Јулија Портјанко, Драгица Кресоја, Билјана Црвенкоска и Драгана Пецевска.

Македонија ќе стартува утре од 16 часот против домаќинот Романија. В сабота од 14 ч. е дуелот со Украина, а в недела од 9,30 ч. на „менито“ е Полска.

За македонската сениорска селекција ова ќе биде најсилната проверка пред квалификациите за Светското првенство 2011 во Бразил, кои ќе се одржат од 3 до 5 декември во Драма, Грција. Покрај јужниот сосед, ривали таму ќе ни бидат Швајцарија и Азербејџан, а само победникот на групата ќе продолжи во јунскиот бараж. (Р.Д.)

Тенис

Јотовски елиминиран во сингл на фјучерсот во Чиле


Томислав Јотовски е елиминиран на стартот во поединечна конкуренција на тенискиот фјучерс во Сантјаго де Чиле, кој се игра неделава на земјени терени и за награден фонд од 10.000 долари. Единствениот македонски претставник на турнирот, кој оваа седмица е 1402. на АТП-листата, загуби со 6-2, 6-4 од Серхио Галдос (926.) од Перу.

Повремениот репрезентативец на Македонија продолжува во двојки, каде што заедно со Гонкало Переира од Португалија стигнаа до четврт-финалето. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 303 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хевде - ривал по мерка за Металург
Вознијацки брутално ја прегази Дементиева
За Владимир Стојковиќ затворена вратата на Србија
Џим Куриер нов селектор на САД
Дедо со 56 години беше играч на мечот!
Бостон пресилен за Џејмс, Вејд и за Бош
Ја исфрли Херта од Купот со гол од 60 метри
Странците во Динамо (З) ќе мора да учат хрватски
Фетел не губи надеж за титулата






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000