Брoj 2785  петок, 12 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Организаторите очекуваат над 50.000 публика на концертот на Мадона во Будва

И македонската публика ќе биде дел од спектаклот, домашните агенции нудат различни аранжмани

Голем дел од македонските туристички агенции нудат аранжмани по различни цени (во зависност од содржината на програмата) за домашната публика која на 25 септември сака да биде дел од единствениот настап во регионов на поп-кралицата Мадона во Будва. Влезница за концертот со вклучен превоз, ако сакате и сместување, односно туристички тури со разгледување на локалните атракции во Будва и околината се нудат по цена од околу 2.400 денари, па се' до 7.000 денари. Најскудниот (2.400 ден.) вклучува само влезница за стоење на плажата „Јаз“, превоз и влезница чинат 4.750 денари, доколку сакате да патувате организирано, со две ноќевање и прошетка до Котор ќе треба да издвоите нешто повеќе од 5.000 ден., а ако, пак, ве интересира комплетен аранжман (превоз, сместување во соби од прва категорија, два полни пансиони, влезница, организирани туристички посети на Котор и Херцег Нови), цената изнесува 6.900 денари.

„Овој аранжман е распродаден уште пред две недели“, не' информираа од ТА „Савана“, која е задолжена за негова организација и реализација. Оттаму велат дека поради ограничениот број влезници ќе испратат само еден автобус, додека за пакетите „влезница и превоз“ се' уште има слободни места. И од контактите со останатите агенции кои го покриваат концертот на Мадона во Будва дознаваме дека постои интерес кај нашата публика, но, главно, во сите нив местата се ограничени поради бројот на дозволени влезници.

Промоција на концертот на Мадона во Будва, кој е дел од нејзината турнеја „StickyиSweet“, како и промоција на туризмот во Црна Гора, беа повод и завчера во Скопје да допатуваат дел од организаторите и претставници на општината Будва. „Станува збор за единствен концерт на Мадона во Источна Европа и на екс ЈУ-просторите, па затоа промоцијата и продажбата на влезници се одвива во целиот регион“, истакна Јелена Раѓеновиќ, директорка на Туристичката организација на општина Будва на завчерашната средба со новинарите во хотелот „Александар палас“.

Имено, во продажба се пуштени 66.0000 влезници, поделени на ВИП-сектор и т.н. златен круг (сите се распродадени по цена од 200 евра), пред бина чинат 75 евра, а за стоење 35-40 евра. Организаторите очекуваат над 50.000 публика на плажата „Јаз“.

Еден ден пред настапот на Мадона во Будва ќе настап�� познатиот диџеј Роџер Санчез, а во текот на целата недела ќе се организираат разни случувања со цел анимација на посетителите и продолжување на туристичката сезона. Како предгрупа на поп-кралицата ќе настапи шведската пејачка Робин, додека Мадона ќе се појави на сцената во 21 часот и ќе пее два часа, при што секоја песна ќе има и различен сценски настап. (К.Ш.)


Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Уживам да пеам во живо и со комплетен бенд
Кајли Миног за настап во Дубаи доби два милиона фунти
Гладни за победи
Македонскиот изворен мелос - инспирација за "Зајди, зајди"
Тина Тарнер се враќа на светската музичка сцена
Нов хорор-бакнеж од принцот на мракот
Добро знаеш дека јас знам...