Брoj 2785  петок, 12 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Кајли Миног за настап во Дубаи доби два милиона фунти

Нејзиниот настап ќе трае само шеесет минути, па од таа причина ќе влезе во историјата како еден од најскапите настапи досега

Пејачката Кајли Миног ќе добие два милиона фунти за настап на отворањето хотел во Дубаи. Нејзиниот настап ќе трае само шеесет минути, па од таа причина ќе влезе во историјата како еден од најскапите настапи досега.

Слатката ѕвезда својот хонорар ќе го заработи со настап пред двесте илјади одбрани личности на отворањето на еден од најлуксузните хотели „Атлантис“.

Хотелот е изграден на познатиот остров во облик на палма, а сумата од два милиона фунти за настапот на пејачката нема да бидат единствениот висок износ таа вечер, бидејќи огнометот предвиден за таа вечер ќе изнесува дополнителни три милиони фунти.

Компанијата што ќе го организира огнометот беше дел и од олимпискиот тим во Пекинг, но овој пат ветува дека ќе биде многу поскап и побогат отколку тој на Олимписките игри.

 


Статијата е прочитана 267 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Уживам да пеам во живо и со комплетен бенд
Организаторите очекуваат над 50.000 публика на концертот на Мадона во Будва
Гладни за победи
Македонскиот изворен мелос - инспирација за "Зајди, зајди"
Тина Тарнер се враќа на светската музичка сцена
Нов хорор-бакнеж од принцот на мракот
Добро знаеш дека јас знам...