Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Загина македонски работник во Ирак

Горан Адамовски


Дваесет и петгодишниот тетовец Мерсим Адеми го загуби животот во несреќен случај што се случил во средата во кампот на американската армија „Самерол“ во близина на градот Беџи, оддалечен околу 200 километри од Багдад. Адеми во Ирак заминал преку германската фирма „Еколог“, која има седиште во Тетово и која редовно испраќа наши државјани во Ирак. Телото на Адеми во четвртокот беше пренесено во земјава, а вчера беше погребано на градските гробишта во Тетово. Тој е осмиот македонски државјанин што загинал во Ирак или во Авганистан, каде што, исто така, работат голем број нашинци.

Според „Еколог“, Адеми загинал при несреќа крај станицата за гориво во кампот на американската војска. Тетовецот се здобил со тешки повреди, на кои им подлегнал по неколкучасовна битка на лекарите за неговиот живот. Причините за несреќата ги утврдува американската армија.

„Од наша страна веднаш беше формиран кризен тим, кој ги организираше и координираше сите активности за пренесување на починатиот во земјава. Откако се обезбедија сите потребни одобренија од воените власти, телото на нашиот ценет работник беше транспортирано во земјава и предадено на семејството“, се вели во дописот од тетовското претставништво на фирмата.

Во Министерство за надворешни работи се запознати со случајот, иако, поради познатата состојба во Ирак и лошите комуникации, официјална информација од тамошните власти немаат добиено.

Мерсим Адеми во Ирак работел од 2005 година. Неговите претпоставени велат дека тој бил еден од истакнатите и одговорните работници, за што често пати бил наградуван.

Официјална бројка колку македонски државјани работат во ризичните подрачја Ирак, Пакистан и во Авганистан - нема, но неофицијално, само во Ирак работат околу 1.500 нашинци. Министерството за надворешни работи во 2003 година издаде препорака со која им се советува на македонските граѓани, поради вкупната безбедносна состојба, да не патуваат во Ирак и во Авганистан . Но, оваа препорака ретко се почитува, оти поради добрата заработувачка, голем број граѓани се одлучуваат да заминат на повеќемесечна работа во ризичните земји.

А работата таму неколкупати се покажа кобна за македонските граѓани. Осум македонски граѓани во изминативе неколку години го загубија животот во Авганистан и во Ирак, додека тројца нашинци беа ослободени откако за нив беше платен откуп од неколку милиони долари

Преклани, четворица тетовци кои работеа за „Еколог“, беа убиени во близина на градот Кандахар. Авганистанската полиција ги пронајде телата на Сабид Тахири, Фадил Зенуни, Јорзам Фодани и Бесим Алиу по шестдневна потрага во планинскиот регион Мајванд. Тогаш Талибанците соопштија дека „четворицата странци биле убиени поради соработка со американските војници во Авганистан“. Претходно, тројца кумановци беа ликвидирани во Ирак. Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ, кои работеа за градежната компанија „Соуфан инженеринг“, беа киднапирани триесетина километри од Багдад, кога вооружена група го нападна нивното возило. Заложничката драма во Ирак ја преживеаја тројца тетовци, за кои беше платен откуп.

 


Статијата е прочитана 851 пати.

Испрати коментар

Од: federalist
Датум: 27.12.2008 08:26:34
Ne znam dali ova statija ke ja procitat gruevski i Ahmeti oti ovie luge ki prakat nashive deca vo Irak,Avganistan i drugi mesta samo za profit. Za eden rabotnik se zema 7 do 8 iljadi evra a na tie shto rizikuvaat im davat po 1.500 evra ko bajagi vo tie mesta nema lugje bez rabota pa im trebaat od Makedonija. Ova e sram za Mkedonija i za samite gazdi milioneri od Ekolog.
Од: do vladata i min. za trud i socijala
Датум: 27.12.2008 18:34:42
uste kolku zrtvi se potrebni za makedonija, ginele lugje za vreme na turskoto ropstvo, za vreme na balkanskite i svetskite vojni.... i uste kolku treba da zaginat???? se kitite so iminjata na heroite za vreme na politickite kampanje im sa zablagodaruvate na mrtvite koi ne se vrakaat nazad, namesto toa predlagam da gi zastitite zivite, dajte im rabota vo makedonija namesto da izdavate soopstenija deka rabotata vo istocnite zemji e rizicna i da se pravdate deka lugjeto odat na svoja odgovornost. VRABOTETE gi vo sopstvenata zemja za da nepotpisuvaat rizicni dogovori .

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ има кадри за претседател
Претходен број
Пазарите ќе се фискализираат по влезот на Македонија во ЕУ
Зденко
Изборите ги спасија пазарџиите
Мистеријата продолжува
Аеродромите ќе почекаат на ТАВ
Милион евра за камери во Клиничкиот центар
Л.А. Лејкерс ја прекина серија на Бостон
Од Германија до Чешка - промашено дејствување
Дедо Мраз уби осум лица на божикна прослава во Лос Анџелес
Писмо до Дедо Мраз
Никола Ристановски премиерно во „Дервишот и смртта“ во Белград