Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Милион евра за камери во Клиничкиот центар

Поставени се 950 камери во установите и 150 надвор од објектите, а за проектот се потрошени околу еден милион евра

Јасмина Јовановска

Камерите кои без прекин ќе снимаат во болниците и клиниките вчера беа пуштени во функција без докрај да се заштити приватноста на пациентите. За 1.200 камери се потрошени околу еден милион евра.

Иако трипати досега од Агенцијата за заштита на лични податоци имало забелешка ликовите на лицата во чекалниците, пред шалтерите и ходниците да се замаглуваат, не било сторено тоа до вчера утрото, кога министерот за здравство, Бујар Османи, го промовира системот за видеонадзор.

И покрај тоа што забелешката од Агенцијата, како што дознаваме, не била внесена во правилникот за начинот на вршење на видеонадзорот во здравствените установи, министерот Османи тврдеше дека правилникот е усогласен со забелешките и со Законот за заштита на лични податоци и дека усогласувањето го направиле ден пред да се пушти системот, односно завчера попладне.

Од Агенцијата за заштита на лични податоци, пак, велат дека целата измината недела работеле на правилникот, но останале уште две забелешки, кои до Министерството за здравство биле дадени вчераутро. Агенцијата, сепак, била известена дека Министерството за здравство попладнето работи на усогласување на правилникот со забелешките и се надева дека овој пат забелешката за замаглување на ликовите ќе биде внесена во правилникот. Втората забелешка, како што ни рекоа во Агенцијата, се однесува на тоа кој ќе биде чувар на архивата и кој ќе има пристап до неа. „Некои делови за архивата беа прифатени, а останаа уште неколку“, објаснуваат во Агенцијата и додаваат дека тие даваат само мислење кое Министерството за здравство не е обврзано да го прифати.

Иако камерите ги пушти во функција без да биде целосен правилникот, министерот Османи смета дека е добро што за поставувањето на камерите се развила „дискусија во јавноста слично како и во Лондон и во Токио“.

Според него, видеонадзорот се воведува заради поголема ефикасност на здравствениот систем и за подобрување на безбедноста на јавните здравствени установи. „Камери има на главните влезови, пред шалтерите, чекалниците, болничките ходници, централните аптеки и центрите за зависност. Поставени се 950 камери во установите и 150 надвор од објектите“, го објасни Османи проектот за кој се потрошени околу еден милион евра. Во системот за видеонадзор се 71 локална единица поставени во 64 здравствени установи и една централна што се наоѓа во просториите на Заеднички служби при клиниките. „Во централата ќе има само п��т авторизирани лица кои ќе вршат мониторинг. Ако некој има потреба од видеозаписите, процедурата ќе оди преку Министерството со посебно барање“, објаснува Османи, кој исто така ќе може да врши мониторинг. Ова право Османи го објасни со фактот што тој ги именува директорите на здравствените установи.

За поставувањето на камерите повторно реагираше и клиничкиот синдикат, кој на министерот за здравство му порача дека подобро е да се мисли како да се вработи медицинскиот кадар, кој е дефицитарен, отколку да се трошат пари за видеонадзор. Синдикалците се за камери само на влезовите на објектите, се' друго е кршење на приватноста на пациентите и на лекарите.


Статијата е прочитана 589 пати.

Испрати коментар

Од: doktor
Датум: 27.12.2008 00:14:14
Dodeka vo bolnicite pacientite se lekuvat vo katastrofalni uslovi, skinati pidzami i carsavi, najeftini i nekvalitetni materijali za rabota, dodeka vo Intenzivna nega nema respiratori i ima samo eden racen aparat za merenje na krven pritisok za 20 pacienti, dotraeni i amortizitrani aparati, se postavuvat kameri koi gi ima samo vo najbogatite zemji. Nekriticno trosenje na pari bez denar vlozuvanje od onie 40 milioni evra za oprema koi samo gi veti vladata. Kolku li se ofajdija poedinci od vladata za ova glupost. Da ne zboruvam za pravoto na pacientot za diskrecija, itd????
Од: Камера на срамот
Датум: 27.12.2008 00:22:30
Не,не ви е на арно...народот ви гладува сиромаштија направивте овие 17 години,најнеспособни политичари,расипани во светот сте никаде нема вакви како нашите политичари....Бог гледа и ке ве казни и Вас и се ваше.....сите вие кои владеете со Вардарска Македонија,во другите делови Македонците подобро живеат и подобро изгледаат....Не треба никој да ти каже само погледни тв вести ке видиш еден жалостен напатен народ,еј од кого се богатите ке горите во пеколот.Прокондирени селанчишта,камери се ставаат на врата влезови,или компјутерите ви се вишак...срамно и жално...Господ да ви е преврти среќата,одсега ке ги учиме сите Македонци да ве колнат.Клетвата ке ве стигне.
Од: saska
Датум: 27.12.2008 00:25:24
pak nekoja partiska firmichka ke se opari i ke frli vo partiskata kasa. bolnicite se smrdlivi bez lekarstva i osnovni sredstva vazno kameri imaat. ne znam kako i zosto se ovie kameri osven da ja narushat privatnosta na bolnite. ako se sprecuvanje korupcija koj e toj budala sto ke bara mito vo kancelarija koga znae deka se snima...ke zakaze u kafana i os posrednici. ne ja gledam svrhata na ovoj golem i nepotreben trosok vo vreme na ekonomska kriza i kolaps na zdravstvoto
Од: Македонија
Датум: 27.12.2008 01:05:36
Време беше!
Од: Dr Coci
Датум: 27.12.2008 03:11:35
Ke padnat li i kamerite na Ustaven Sud? Inaku kameri treba da se postavat tamu kade sto se pravi kriminal kade decata ne se sigurni vo ucilistata, kade sto imase terorizam i trgovija so droga, oruzje, zivi lugje... Orveloviot 1984 , sto go citavme koga bevme studenti vo 1970 tite i go doziveavme vo sopstvenata drava i toa vo Zdravstvoto. Postavete kameri na Popova Shapka i na site pristapni patista do nea. Kameri po k=granicite so Kosovo, Albanija i tn.n. Kako od fiskalnite kasi, od reklamite taka i od kamerite ke ima da se oparat mnogu lugje. Ne mi e jasno samo koj ke plati za voveduvanjeto medicinska elektronska banka na podatoci i elektronska karta za sekoj gragjanin na Makedonija? Za toj proekt kako pronaogjac sto veke implementiral programa vo SAD ke konkuriram na javen tender dokolku takov se objavi, no kako da ja doniram mojata programa koga za se ima "nekoja sema"? Toj proekt ke sobere pari za da "se stavaat kameri" a kamerite ne pravat pari za proektot.
Од: Trajko Kimov od Amerika
Датум: 27.12.2008 06:56:46
Postavenite kameri se najubavotonesto i treba da gi ima vo site komercialnite ustanovi pa duri i privatnite kuci. Ne mu odgovaraat na vrabotenite od SDSM zosto nemozat da kradat: tie cel zivot se uceni na gaga i velat koj specalil so Plata ako nema date polazi tuga voska nist nesi napravil.
Од: stole
Датум: 27.12.2008 07:33:48
super vladava sega ke moze da se leci i da bide pak celo vreme snimena a grujo niz klinicki centar ke seta na bel konj kako Aleksandar deka peski ne biduva da gi pomine i da se namesti(normalno nasmean) pred 1200 kameri za da bide snimen 100% vleguva vo rekordite-ginis.
Од: sandokan
Датум: 27.12.2008 09:11:03
gledajte gi samo komentarite na mazohistickata nacija. tie se presrecnio sto ke izlezat na "televizija" pa makar i bolni ili koga ke odata na abortus koj neli ednostavno ke bide diskreten. ovaa nepismena nacija ne izlegla od 1918 godina. placat po Lenin. ja prasuvam novonarkata znae li kolku iznesuva odrzuvanjeto na kamerite mesecno. ova e isto kako i parkingot vo klinicki.
Од: gv
Датум: 27.12.2008 09:30:07
Zaludno se trosat tolkavi pari koga nasite bolnici se vo katastrofalna sostojjba,stari carsavi,pizami.kreveti i drugi raboti,nema lekovi no nekoj ce ima korist od ovaa rabota.
Од: zabegan
Датум: 27.12.2008 10:03:07
za ova milionce da zemevte zito i da delevte brasno pred izbori ke vi fatese mesto. barem siromasniot narot ce jadese leb 1 mesec.potoa doaga prolet i cese snajdat lugeto ke si pasat treva.
Од: ма-ри
Датум: 27.12.2008 10:22:25
Каде што има голема фрекфенција на луге потребни се камери!зошто да нема и мегу другото пред шалтерите (поклонуване)во болниците кога пред секој има предупредуване за чуване на паричниците и личните работи.Секаде во ЕУ е така!нели сакаме да сме дел од неа? или пак не!
Од: Камери и во WC
Датум: 27.12.2008 10:41:30
Уште ли не се наситија од перење пари ДеПеМеНЕовците?!? Уште ли ќе трошат народни пари за глупости? Донесоа закон за прислушкување, сега и камери за шпионирање по болниците. Што е следно? Поставете и камери по приватните домови на луѓето. Денот кога вие ќе паднете од власт треба да се прогласи за национален празник на слободата во дршжавата!!!
Од: Perunika
Датум: 27.12.2008 10:50:29
Konecno nesto vakvo da se sluci i na klinicki.Normalno deka e dobra inicijativa i e vo nasoka na podobruvanje na uslugata.Mozebi trebase i porano, pred da se opljackaat bolnicite i kapitalot da se prefrli vo privatnite bolnici.Zosto tamu e podobro?Pa zasto vladee red i disciplina.
Од: Kavadar
Датум: 27.12.2008 11:35:28
Da se vidi, koj sto raboti i kako raboti, a ne da se izzivuvaat doktorite so narodot., ako imas prijatel ce vlezes da ti go najdat careto, ako ne umri vo cekalna.
Од: kole
Датум: 27.12.2008 13:24:00
Ova se detski raboti, od detska Vlada sto i da cekas, vidi go ministerceno siroto... uste brada ne mu niknala a pazi bogati: MINISTER, ova e propast vo bukvalna smisla na zborot, matni zdelki, perenje pari... Vo sekoj slucaj tesko na bolnite...
Од: goran
Датум: 27.12.2008 14:40:39
proektot realno ne kosta poveke od 400000 evra, znaci 800000 iljadi se staveni vo dzeb. a za video nadzor nema potreba lugeto da gi faka strav, veke ima video nadzor skoro vo sekoja banka i prodavnica. i kako e mozno 5 lica da vrsat video nadzor nad 1200 kameri.
Од: од народот.
Датум: 27.12.2008 16:13:23
ме интересира за што ке им слузат камерите, да посматрате како умираат пациентите, за друго сигурно не. во болниците ги нема ни најнеопходните апарати, па затоа пациентите одат во приватните амбуланти и клиники. .
Од: spectator
Датум: 28.12.2008 08:31:03
definitivno ne ve biva.krevam race od drzavata makedonija.sram da se nemalo, perde ich. a be dovolno e da gi vidite samo klozetite vo odredeni zdravstveni objekti. prvo higienata, pa posle kamerite. a za privatnostan na pacientite da ne zboruvam. orvel e ziv.....
Од: Корисник
Датум: 28.12.2008 11:03:02
Една од поубавите работи што се случи во Здраство, сега персоналот во јавните здраствени установи ќе треба да почне да работи како што треба во служба на корисниците на здраствените услуги!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ има кадри за претседател
Претходен број
Загина македонски работник во Ирак
Пазарите ќе се фискализираат по влезот на Македонија во ЕУ
Зденко
Изборите ги спасија пазарџиите
Мистеријата продолжува
Аеродромите ќе почекаат на ТАВ
Л.А. Лејкерс ја прекина серија на Бостон
Од Германија до Чешка - промашено дејствување
Дедо Мраз уби осум лица на божикна прослава во Лос Анџелес
Писмо до Дедо Мраз
Никола Ристановски премиерно во „Дервишот и смртта“ во Белград