Дури и Брисел стравува од евроскептикот Вацлав Клаус, кој чешкото претседателствување со ЕУ го нарече „неважна работа“
Интересен е развојот на настаните во врска со нашите намери да добиеме датум за преговори со ЕУ. Оваа недела имавме можност да чуеме од страна на министерот за надворешни дека тој очекува идната година да го добиеме датумот. Образложението што и' беше дадено на јавноста, преку оние вообичаени безлични настапи, е дека приоритетите за Чешка и за Шведска, државите што ќе претседаваат со Унијата во наредната година, се проширувањето и визната либерализација.
Ме заинтригираа изјавите, па си реков да проверам дали навистина е така. Мотив повеќе ми беше се' уште свежото сеќавање на германското претседателство, кое во 2006 година од страна на истиот министер беше најавувано како клучно за нас. Се сеќавате дека Германија на сите страни и со сите можни средства беше прогласувана за наш стратегиски партнер, кој ќе ни помогнел. Никој никогаш не образложи зошто беше тоа така. Зошто требаше Германија и нејзиното претседавање да биде наш моментум, наша предност? Секако дека е добро моќна и влијателна држава како Германија да биде наш промотор и поддржувач. Би сакал да е така. Меѓутоа, до ден-денешен не ми е јасно зошто јавноста се доведе во заблуда дека нашата европска перспектива безрезервно ќе биде поддржана од Германија. Злобниците говорат дека се играло на картата да се замае јавноста, со претходно лиферуваните информации дека министерот само што се врати токму од таа држава за да го преземе раководењето со МНР. Тоа требало да значи дека тој има силни контакти таму, кои со нивно несебично залагање за Македонија ќе ни ги отворат сите порти. Внимателно креираниот привид, кој нема некоја поголема врска со реалноста, создаде кај нашата јавност оптимизам кој и навистина не' носеше едно време. Си спомнувате ли што одговори Германија и што постигнавме, всушност, за време на нејзиното претседателствување во ЕУ? Од таа држава, токму во времето на создаваниот оптимизам, стигнаа пораките дека Германија не е наш стратегиски партнер. Ладниот туш беше многу директно пуштен. И на тоа остана. Не видов поголема расправа во нашата јавност зошто Германија се одлучи на така директен начин да ни соопшти дека не може да ги исполни нашите огромни очекувања. Дали можеби сакаа да ни кажат дека стратегиските пријателства се градат на многу посуптилен начин, со долготрајни дипломатски контакти, кои мораат да ги блендираат интересите, така што да одговараат за двете држави.
Замислете сега јас да прогласам дека Шпанија е наш нов стратегиски партнер. Па, да почнам на сиот глас да раскажувам приказни дека тоа е прекрасна држава која многу ја почитувам, дури и сум живеел таму некое време. Тој период мене ми оставил впечаток, таму има култура и традиција кои ме фасцинираат. Па затоа, од утре Шпанија е нашиот стратегиски партнер! Уште подобро ако наидува нејзиното претседателство со ЕУ. Се' ќе направам да и' се додворам со прикажување на нејзините вредности низ медиумите. Истата процедура ќе ја применам со цел да им го создадам истиот привид и на моите ментори, на едно огромно разбирање на нештата, длабока упатеност. Сите ќе ги внесам во истиот филм... И што мислите дали потоа Шпанија навистина ќе стане наш партнер? Или можеби ќе постигнам и спротивен ефект? Се разбира дека не. Таа држава има јасно изградени сојузи и пријателства што траат со векови. Примерот може да се аплицира на сите европски држави.
Ајде, за момент да се согласиме дека сум погрешил во оцената кога зборувам за Германија. Ете, можат да се поминат купишта изговори зошто така поминаа работите во почетокот на 2007 година. Министерот бил млад, на почеток биле работите, се направиле грешки поради ударничкиот елан итн. Но, што се случи потоа, што би покажало дека погрешив со оценката. По Германија, дојде Португалија, па Словенија, па Франција. За некои од овие држави повторно кај јавноста силно се подгреваше надежта дека ќе завршиме работа. Особено за Словенија. Пак ќе кажам дека не го спорам ниту пријателството со Словенија. Во нејзиниот случај дури и ќе се согласам дека сме поблиски во смисла на алијанса и заеднички интереси (економија, геостратегија, историја). Ама и во време на претседавањето на Словенија не се исполнија нашите очекувања. За Франција да не зборуваме. Со несреќните изјави на Саркози и Кушнер, ни дадоа алиби да ги прецртаме на листата на желби. Всушност, ни дадоа алиби да не работиме на нив. Штом така се однесуваат, нема да бидеме со нив стратегиски партнер. Контроверзното однесување на Франција спрема нас создаде негативна енергија која нема своја позитивна завршница ниту во меѓудржавните односи. Тоа откри и дека комуникацијата со таа држава не ни е стратегиски планирана и работена во периодот на самостојноста, речиси две децении. Тоа значи дека многу елементи, начинот на работење и остварувањето на француските надворешни интереси не сме ги разбрале. Иако белезите на нивното присуство се и повеќе од видливи, да потсетам дека еден од гарантите на Рамковниот договор, односно негов потписник, беше претставник на Франција. Македонија се' уште нема соодветен одговор. Секако, тој не може да биде изграден без познавање на навиките, историските пријателства и интереси на таа држава.
И сега да се навратам на Чешка и на Шведска. Наидува нивното претседавање со ЕУ. Според истата шема, која постојано ни се нуди, наидуваат подобри времиња. Наводно, според министерот, нивните приоритети ни одат во прилог. Тоа беше соопштено на јавноста по состанокот со македонските амбасадори. Фина обланда. Насмеани лица. Министерот бил задоволен од нивната работа. А, само пред неколку недели некои од нив ги посрамотија и кај македонската и кај тамошната јавност со јавното казнување од плата поради незадоволително работење (метод кој искусен дипломат никогаш не би го употребил - јавното фалење со казните). Еве, да сум згрешил и за Чешка. Како да ја толкувам изјавата на Александар Вондра, потпретседател на чешката влада, кој најдиректно ни порача дека имаме мали изгледи за напредок ако не се реши прашањето со името. Дали мора веќе постојано странските политичари да ни одговараат недипломатски поради забележаната навика работите да се претставуваат такви какви што не се? Колку за информација, Чешка е една од најевроскептичните држави. Покрај Ирска, Чешка е единствена држава која се' уште не го ратификувала Лисабонскиот договор. Дури и Брисел стравува од евроскептикот Вацлав Клаус, кој чешкото претседателствување со Унијата го нарече „неважна работа“ и одбива да го постави знамето на ЕУ пред резиденцијата. Во исто време, Вондра вели дека состојбата и не е толку лоша доколку не се очекува многу! Пустите желби на министерот, на тој начин, стануваат привид и лажно очекување за целата нација. Ние ја чекаме Чешка со голема радост, а таа никако да го сфати тоа.
Edno kratko rezime, bivshiot premier LJ.Georgievski vtoriot vmrovbski kongres ke go odrzi vo Solun/teshka budalshtina/ ne samo od seto tova stana magla tuku i ermigrira vo BUL. segashniot prerodbenikot N.Gruevski se zanimava so nekakvi antichka magla so nekavi hunzi so bezkompromisna kofrontacija relacija predsedatelot na drzavata i premijerot, seto tova svetot slusha i gleda i ima jasna politichka atmosvera vo Makedonija no sepak ostanuva nadeez vo nekoja idna Makedonska intelegencija, se razbira so kolku tolku pismeni "zemjodelci glasachi"
Од: analitichar
Датум: 27.12.2008 06:16:58
G-dine Filip,
Do nekade se soglasuvam so analizata,odnosno kritikata,megjutoa najmnogu me nerviraat kritiki bez predlozi.Bevte konzul vo USA,shto napravivte?Imeto ne e prechka,prechka e samat EU koja zapagja smata vo zamka,Irska me ja prifati portugalskata rezolucija i zaradi "shaka"narod taa ne moze da se sporeduva,sega Slovenija go osporuva vlezot na Hrvatska poradi neresheni granichni problemi(kako nie so Grcija taka i tie so Hrvatska,ne go reshile problemot za izminative 50 godini nitu ke go reshat za narednite 50 god.)EU mora da go smeni zakonot za vakvi bilateralni problemi za obedinuvanje na novite drzavi.Vladite gubat dragoceno vreme pa i pari za reshavanje na bilateralni problemi.Na primer,koj i dava pravo na USA da posreduva za imeto za vlez vo EU,zoshto barashe reorganizacija na vojskata prema standardite na NATO i barashe Makedonski vojnici,a sega i smeta imeto za vlez vo Nato?Ne go pravdam Miloshoski,ama vie dzabe imate magistarska diploma so vakvi napisi.
Од: Пинг
Датум: 27.12.2008 07:41:30
Оваа Влада на некои полиња на делување направи добри чекори. Но на некои-тапа. Посебно во делот на работењето на Министерството за надворешни Работи. Почитуван Г-дин Петровски, се надевам покрај нам, читателите тоа му го имате соопштено и на шефот. Ако не сте го сториле тоа, направете го на суптилен начин, бидејќи сите ја знаеме нетрперливост помеѓу Вас и Вашиот камарад од студентски денови. Колку што можев да Ве сватам преку Вашите колумни, Вие нема да го направите тоа, тоа не е Ваш стил. Ама сепак ...... До сите коментатори: ДЛАБОКО ВЕ МОЛАМ- пишувајте Кирилица. Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: Stojan
Датум: 27.12.2008 08:15:13
Ex, navistina nasiov Filip e "ekspert" za se.Filipe koga ce napises nesto za razmnozuvanjeto na zabite?Mozebi i za toa si ekspert.
Од: mene
Датум: 27.12.2008 09:32:10
Проблем на Македонија се самите Македонци-зборови на Г-дин Томе Серафимовски.Ништо во светот кон кој се стремиме не е црно-бело, а не е ни розово, но е јасно како ден, бело како снег, дека додека не се реши името, нема НАТО и ЕУ.Се друго е демагогија.Чешкиот претседавач беше директен.Ладен туш. Проблемот е недоволна припременост на јавноста и соочување со фактите, кои кога-тогаш ќе испливаат на површина.Тие(НАТО и ЕУ) очигледно бараат едно име за сегде без да се чепка во идентитетот и не верувам дека ќе отстапат. А наше е- земи или остави.Но залудно е да се мисли дека без НАТО и ЕУ се може, на подолги патеки тоа е тешка заблуда. Колку побргу тоа го сфатиме, толку побргу ќе се отрезниме и ќе бидеме спремни да се соочиме со реалните факти и состојби. Од илузии и фантазии не се живее.
Од: Ико од Кавадарци
Датум: 27.12.2008 10:17:06
Не мора Филип да пишува за жабите. Еве јас можам. Предлагам да се воведе Ден на жабата. Имам идеја и за спот. Слоганот би бил: Раззеленете ја природата - практикувајте секс со жабите!!! (Ecologic state of Macedonija)
Од: ekspert
Датум: 27.12.2008 14:36:23
Filip, te razbiram ali gresis. Ministerot Milososki ovoj pat ima skrieni karti vo rakavite za koi ti ne znaesh bidejki ne si "vnatre" i zatoa go izjavuva toa sto go izjavuva. Poslushaj go sovetot na citatelite i vrati si se vo jatoto ali prevzemi si odgovornost. Lesno e da se pisuva, vreme e da se ucestvuva vo sozdavanjeto na pozitivnata istorija na MK.
Од: Dvoec na gubitnici
Датум: 27.12.2008 16:43:06
Se soglasuvam so komentarot deka vinata e kaj nas. nekoj( vladata) uporno ssiri magla i lazni nadezi, a na site i malku sto imaat "kal" im e povece od jasno deka bez resavanje na sporot so Grcija vlezot vo EU i NATO e samo dalecen son.Ovaj milososki e posebnodiletant i " grevce" za vodenje na nadvoresna politika i diplomatija. Da ti e zal da go slusas koga onaka " gebelsovski" tresi zeleni vo koi i samiot ne veruva , a zacudo ne se zacrvenuva od sram. Nego moze da go zagrozi vo negativen rejting samo onaj metuzalem od minister za pravda. Toaj navistina e nedostizen vo tresenje gluposti i nepoznavanje na problematikata od svojot resor.No za nego avtorot nema nikakva vina , no za Milososki i i zidsanje na negovata kariera i Filip snosi odredena vina , kako togasen lider na mladinata na DPMNE
Од: za ekspertot
Датум: 27.12.2008 21:08:53
Milososki imal skrieni aduti vo rakavot!!!Da umre covek od smeenje,ili da pukne od maka!?Aduti,kakvi sto imase Grujo pred Bukurest,koga vmrovcite pustaa glasovi deka trebalo"da kutime,a amerikancite ke svrsele rabota i oti Grujo rabotel po nivni instrukcii".
Edinstven adut sto go imate e da fatite magla od ovaa upropastena zemja,dodeka se uste imate vreme za toa i dodeka se uste ima sansi,AMA BEZ VAS,da se spasi nesto...Odete si,poveke ne ve sakame!
Од: Маја
Датум: 27.12.2008 23:17:51
Сметам дека во оваа колумна на г-нот Петровски само уште еднаш се забележува и потврдува неговата фрустрацијата затоа што г-нот Милошоски е министер за надворешни работи, а тој (г-нот Петровски) не успеа да ја оствари оваа негова амбиција, и очигледно се уште тагува по тоа