Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Мистеријата продолжува

Даниела Трпчевска

„Ќе ја тужиме државата оти вистината за хеликоптерската несреќа ја крие од нас“. Ваква порака испратија семејствата на загинатите мировници кај катлановско Блаце, преморени од исчекување на извештајот што се подготвуваше со месеци. Владата во средата во три часот изутрина јго усвои извештајот и досието „Хеликоптерска несреќа“ како класифицирано го препрати до Обвинителството. Така ниту семејствата, ниту пак медиумите не дознаа што содржи досието, а надлежните куртулија од притисокот да го обелоденат тајниот документ.

Поради строга доверливост на информацијата, новинарите цел ден вртеа во круг, за на крај да објават информации повикувајќи се на неофицијални извори. Но токму таквите парцијални извештаи, место да придонесат кон расветлување на вистината, само дополнително ја зголемија тагата кај семејствата.

Зошто толку мистерија,затвореност и молк околу извештајот? Јавноста е свесна дека тој содржи тајни сознанија од военото разузнавање кои не би требало да бидат достапни за сечии очи, но надлежните, сепак, и' останаа должни на јавноста со една коректна информација за причините за загинувањето на 11 млади луѓе.

Голема е веројатноста дека извештајот би можел само да донесе дополнителна тага и немир во душите на семејствата на загинатите војници, но тие велат дека најголемата неправда и тага им е веќе нанесена со тоа што најпрво ги загубија своите најмили, а сега цела година се во грч за да дознаат што се случило всушност тоа утро на 12 јануари.

Вистината за несреќата може да открие многу фалинки во институциите, но она што е најважно ќе ни помогне да го поправиме она што со години се криело од јавноста. Со молк нема да се реши ништо.

 


Статијата е прочитана 1217 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 27.12.2008 00:08:02
Luge, ne postavuvajte mnogu prasanja. Toa moze da ve kosta 30000 evra
Од: demokrat
Датум: 27.12.2008 06:00:03
celosna poddrska za semejstvata neka istrajat, sramno e ova sto se dovedeni vo vakva situacija ama od kogo e ne e za iznenaduvanje. inache von temava se zgroziv od kolumnata u dnevnik na senkata na pregovaracot. uf ke puknev od maka to nema kako na ekoja recenica da mu turam kapak na taa magla i laga nevidena. noo ke sumiram vo nekolku zbora: UPLAV IMAAT OD BRANKO ...i treba da imaat -amatercinja nepismeni. Na utrinski mu posakuvam nova godina Ve OBOZAVAM site , vnesuvate svetlina vo sekojdnevnovo crnilo
Од: caci
Датум: 27.12.2008 10:10:44
Ve molam da mi kazete vo koja seriozna drzava istragata za nesreka na voeni letala se objavuva javno vo mediumite?
Од: do caci
Датум: 27.12.2008 12:42:21
Семејствата кои изгубија свој најблизок не се медиум и тие имаат право да имаат увид во извештајот.Патем речено санким ние сме некоја голема воена сила која претставува опасност за светскиот мир и располага со некои екстра софистицирани летала и системи па ќе ги криеме од јавноста.Абе аман нека не се кријат зад тие фрази ,туку нека им ја кажат еднаш правата вистина на семејствата и нека сносат последици сите што се виновни за трагедијата.
Од: meto
Датум: 27.12.2008 14:00:08
Целосна подршка на семејствата.Имам едно прашање до владата.Кој беше министер за одбрана во тоа време и дали ке сноси одговорност,па макар и морална.???
Од: Rade
Датум: 27.12.2008 19:40:09
Среќа што армијата имаше само 1-2 хеликоптери. Да имаше повеќе, со таков Министер за одбрана како Лазе Еленовски, сите ќе испопаѓаа.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ има кадри за претседател
Претходен број
Загина македонски работник во Ирак
Пазарите ќе се фискализираат по влезот на Македонија во ЕУ
Зденко
Изборите ги спасија пазарџиите
Аеродромите ќе почекаат на ТАВ
Милион евра за камери во Клиничкиот центар
Л.А. Лејкерс ја прекина серија на Бостон
Од Германија до Чешка - промашено дејствување
Дедо Мраз уби осум лица на божикна прослава во Лос Анџелес
Писмо до Дедо Мраз
Никола Ристановски премиерно во „Дервишот и смртта“ во Белград