ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ постигнаа кохезија во функционирањето на Владата и согласност за клучните приоритети, вели вицепремиерот Зоран Ставрески
Соња Крамарска
Господине Ставрески, дали сте задоволен од Вашата работа во Владата?
Одговорот на ова прашање не би требало јас да го дадам. Сметам дека за секој политичар единствено релевантно мислење за квалитетот на неговата работа - е мислењето на граѓаните. Функцијата ја прифатив со голем ентузијазам и се' уште ја доживувам како предизвик. Во изминативе две и пол години вложив се' и на интелектуален и на физички план за мојата работа да остави белег врз економскиот дел од програмата на Владата, за да имаме подобра бизнис- клима, повеќе инвестиции, како и подобро земјоделство. Би сакал да ги издвојам мерките за подобрување на вкупното бизнис-опкружување, кои придонесоа две години по ред Македонија да се најде меѓу најдобрите реформатори во светот: проектот „Регулаторна гилотина“ за намалување на бирократијата, рамниот данок, намалувањето на социјалните придонеси, кредитите за самовработување, Топ-менаџмент, Центар эа менаџерско образование, субвенциите во земјоделството итн. Од овој аспект, задоволен сум што го дадов својот максимум. Сепак, бизнисмените, земјоделците и воопшто граѓаните на Македонија се тие коишто ќе го оценат квалитетот на мојата работа.
Сметате ли дека вицепремиерската функција Ви дава доволен простор за искажување.
Позицијата на вицепремиер, односно заменик-претседател на Владата, има свои предности и предизвици. Од една страна, оваа позиција не е институционално поддржана со сектори и број на луѓе како што е тоа случај во министерствата, а, од друга страна, дава поголем степен на информираност, простор за креативност и можност за влијание врз дизајнирањето и спроведувањето на проектите во повеќе сектори. Тоа, секако, бара знаење, но и поголема флексибилност, разбирање за специфичностите и потребите на министерствата и министрите и, би рекол, трпение за да се најде најсоодветен начин на соработка со секој од нив и заедно во рамките на тимот. Моето работно искуство на повеќе раководни места во земјата и петгодишното работење во Светска банка, како и знаењето стекнато низ работната кариера, многу ми помогнаа во тој процес. Мислам дека успеавме да изградиме хармоничен тим кој спроведува квалитетна економска програма, која како таква е препознаена и во меѓународни рамки.
Со кого во Владата имате најдобра соработка?
Владата може да работи успешно само ако функцио��ира тимски. Јас ја координирам работата на неколку министерства, така што е логично што најчесто и најмногу соработувам со министрите за економија, за финансии, земјоделство, транспорт и врски и труд и за социјална политика. Но, и со сите други имам одлична соработка.
Колку сте задоволен од коалицирањето со ДУИ?
Наспроти бројните скептици, новиот состав на Владата во кој стожерите се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, донесе поголема стабилност во функционирањето на извршната власт. Обединувањето на двете политички партии околу Преродбата во 100 чекори како заедничка програмска платформа, заедно со навременото решавање на некои крупни и чувствителни прашања, помогнаа да се оствари висок степен на кохезија во функционирањето на Владата. Првите неколку месеци од нашето работење помогнаа да се воспостави и потребниот степен на доверба, при што умешно и прагматично беа решени неколку чувствителни политички прашања за двете партии, како што е одбележувањето на границата и признавањето на Косово, одложувањето за четири години на примената на Законот эа територијална организација на единиците на локалната самоуправа во делот на Општина Кичево, употребата на албанскиот јазик и изградбата на единствен политички став во рамките на Владата за позицијата на Македонија во спорот со Грција. Тоа не значи дека во иднина нема да има нови политички искушенија кои заеднички ќе треба да се решаваат, но стекнатата доверба ќе помогне да се изнајдат решенија за сите ситуации. Значајно е што постои согласност околу клучните приоритети од програмата на Владата, вклучително и економските приоритети, бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, децентрализацијата, спроведувањето на Рамковниот договор, инвестициите во образованието и, секако, интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Се подготвувате ли за избори?
Ако мислите на мојата политичка партија, одговорот е потврден, подготовките се започнати, се прават анкети за рејтингот на кандидатите и некои се веќе избрани, изборните тела на партијата се екипираат, се подготвува програмата и концептот за настап. Тоа е логично за сериозна политичка партија која сака да се презентира пред граѓаните со квалитетна програма за работа во следните четири години. Ако, пак, мислите на присуството на министрите, пратениците, директорите на државните агенции и претпријатија од ВМРО-ДПМНЕ меѓу граѓаните, по селата и градовите, би рекол дека тоа е наш стил на работа. Бевме во посети и претходно, ќе одиме повторно. Ги слушаме граѓаните, нивните мислења за нашата работа, нивните совети и критики, нивните сугестии. Несомнено, тоа е поинаков стил од оној што го практикува СДСМ, кој само пред избори ги посетуваше луѓето, па можеби затоа овие наши средби ги изедначува со изборна кампања. Но, ние и колегите од СДСМ дефинитивно сме различни политичари во се', па и во тоа колку често се гледаме со граѓаните и даваме отчет за својата работа.
Не дали партијата се подготвува за избори, туку дали Вие се подготвувате за избори. Ќе бидете ли кандидат на ВМРО-ДПМНЕ эа претседател на државата?
Тоа е прашање за раководните тела на партијата и оној што го номинира кандидатот за претседател. Она што можам да кажам е дека ВМРО-ДПМНЕ има силен кадровски потенцијал за да даде кандидат кој ќе ги исполнува највисоките човечки и професионални стандарди и критериуми за една така висока и значајна функција.
Ако Вие не сте кандидат эа претседател, кому би му дале поддршка за претседателска номинација во ВМРО-ДПМНЕ?
Според мене, поддршката треба да се даде на оној кандидат кој најдобро ги задоволува стандардите и критериумите за кои зборував претходно.
od site vmrovci na kup da se stavat ne moze da se sostavi eden asalen kandidat za pretsedatel koj ke e elokventen, vest diplomat, pretstavitelen...site se prvo na lik nesoodvetni a bashka koeficient na intelegencija nula. ovoj stavreski go gleam sega kaj karikaturana tomik ne znam dali veruva vo lagite ili laze pa se drznuva da go napaga crvenkovski koj napravi drzava od nisto , koj donese kandidatski status i priznavanje na rm od 120 zemji. ova stvorenje vcera doslo i ke kritikuva so nego kao da pocnala istorijata . a to ne kaze za negovata sovetnicka kolku e sposobna sto clenuva vo 10 upravni odbori, kako e toa cesno i mozno. more...narodov sreka e takov ko sto e pa ve glasal bog da cuva. rm nema da ima nikogas podobar pretsedatel od branko
Од: Trajko
Датум: 27.12.2008 00:30:50
Ako dpmne imashe kadri potochno intelektualci nemashe isti funkcioneri da gi rasporeduva po poveke komisi iupravni odbori.Istotaka nemashe da otvarat fakulteti vo sekoe selo za nivnite chlenovi po brza postapka da se steknat so diplomi od visoko obrazovanie a nekoi so magistraturi i doktorati.Vo momentot uvezuvat takanarecheni intelektualci so stranski diplomi od tretoklasirani univerziteti.
Од: ljupco,bitola
Датум: 27.12.2008 02:13:44
ВМРО има кадри за председател,неколкумина, но ниеден од нив не носи презиме Ставревски. Како најозбилни ги сметам Љубе Бошковски,како и Ѓорѓи Димитров и Вилма Трајковска.По тој редослед.
Од: зоран87
Датум: 27.12.2008 02:45:03
Несомнено станува збор за едне од најуспешните политичари и економисти кои биле во владата на РМ од осамостојувањето. Неоспорен факт е дека неговата работа во владата внесе една динамика и едно страшно темпо на работа се со цел да се подобри економската ситуација во земјата и бизнис климата. Моментално претставува еден стожер на кој се потпираат сите ресорни министерства коишто се од областа на економијата. Според мене господинот Ставревски за сите новини коишто ги внесе во македонската економија и справувањето со сите проблеми заслуува нобелова награда за економија. А што се однесува до тоа кој кандидат ќе го поддржи владејачката партија го поддржувам ставот на господинот Ставревски дека таму има доволно квалитетни кандидати кои можат достоинствено и чесно да ја извршуваат финкцијата претседател на РМ. И уште повеќе сметам дека овој пат ВМРО-ДПМНЕ тре��а да излезе со сопствен кандидат, а не да поддржува некои независни кандидати, имајќи го во предвид искуството од минатото.
Од: Dobro izmamen
Датум: 27.12.2008 06:45:57
Blagodarenie na taa vlada biznis klimata kaj nas vo Makedonija e preterano golema na granicite ne se mine od stanski Biznismeni(biznis-smeni)samo se menat li s menat denes se pazari eden utre drug samo grkot vo okta gi zaebal prodavachite pa samo si igra so narodot pa toa ti e vlada bre brate gledas sega i ajrodromite se poleka se mnozjat smo se cheka koj prv da se raboti dosta lagi more dosta go lazjavte narodot mu go izedovte pametot a za drugo da ne zborime.
Од: stole
Датум: 27.12.2008 07:36:26
VMRO DPMNE ima kandidat ama sto pravime ako vo konkursot za Pretsedatel de se prilozi i lekarsko uverenie so psiho analiza takov tesko ke najdat
Од: Trajko Kimov Amerika
Датум: 27.12.2008 07:59:47
Nemam zborovi za vicepremierot Zoran Stavrevski sve sto obekaa so premierot na vladata ispadna tocno.Za mnogu kratko vreme ovaa vlada mnogu napravi za razlika od minatite vladi za vladeenje od 14god. ne napravia ama bas nisto nemozat da ise fatat ni za najmaloto prste.Ako pak sakate Atentati i Kriminal poranesnata vlada na SDSM se pravi Profesionalci nezamenlivi.
Од: susana
Датум: 27.12.2008 08:39:44
Abe znaeme deka MMRO ima nekoja Budala za pretsedatel, pameten nema ama za takvi polni se.
Од: AHIL69
Дат��м: 27.12.2008 08:40:48
abe nekoj od drugite drzavi da ja slusha vladata ke misli deka tuka se e med i mleko, a za kvalitetot na vmrovci za da izberat koj da go kandidiraat za predsedatel so da kazeme "kitka do kitka". Nema so si rabotat samo na rejting a za narodot ......................
Од: Do Zoran 87
Датум: 27.12.2008 09:07:00
Ti slepec samo glasaj za dunster kako sto e Stavrev a postedi ne od tvoite vladini komentari i propaganda, Edinstven uslov sto go ispolnuva e sto e kum na Rejtingot, moron kako i site tvoi vmrovci, Cukni ja glavata, i prasaj se barem edno nesto sto napravi Grujo za dobro na ovoj narod, osven bogatenje na familijata, SDSM gresea ama za ovie se svetlosni godini napred!!!
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 27.12.2008 09:17:12
Како,млада личност ,која има високи перформанси и енергиа го почитувам господинот. Но како Вицепремиер во владата на ,,Самобендисаниот многу ЛАЖЕ,да појаснам.Околу вкупните инвестиции и времето кога тие се дојдени,Околу даночната политика , точно е само дека со страв и притисок се ракетираат повеке пари од граганите и за земјоделците, точно има субвенции но за кого и кога ќе ги добијат вистинските земјоделци. Сакам да го прашам Вицепремиерот - зошто граганите се многу по сиромашни секој ден или тоа ЌЕ го почуствуват во двеилјади и.........
Едн совет,не прифакајте да бидете кандидат за Претседател-ако бидете избран ќе се изморете од,,играњето како ќе ви свира САМОАРЕСАНИОТ-поточно ке бидете марионета на Колето.
Од: Aleksandar
Датум: 27.12.2008 09:19:02
Дефинитивно еден од луѓето кои ја изменија сликата за македонкиот политичар. Луѓе кои донесоа квалитет, знаење, честност.
Од: Bitola
Датум: 27.12.2008 09:51:24
Kako be nemaat vmrovcite covek,eve na primer Singo,hi,hi,hiiii,a mozi i onaj surato Nikola Kotevski so go ispustiJP Strezevo,lugeto nemozat plata da zemat po tri meseci.
Од: zabegan
Датум: 27.12.2008 09:55:53
za kogo vazi ovoj tekst ??????????za tie sto ne dosle vo makedonia od 1949.god.
Од: gv
Датум: 27.12.2008 09:56:01
Se slagam na Stavreski da se dodeli Nobelova nagrada za ekonimonija za neprodazbata na TEC Negotino bidej'i toj kako pretsedatel na komisijata odlucil da se prodade bez kompletna dokumentcija na covek firma.
Од: Trajce Karalioski
Датум: 27.12.2008 10:07:04
Sekoja cest za vice premierot ,cenejki ja negovata dosegasna rabota ,licnite i profesionalnite karakteristiki, moe mislenje e deka so negovo kandidiranje za pretsedatel ,Makedonija ke go napravi vistinskiot izbor.
Da go poddrzime gospodinot Stavrevski toj ke bide vistinski pretsedatel na site makedonski gragani bez razlika na nivnoto politicko,versko , ubeduvanje.
Gospodine Stavrevski objektivnite gragani na R.Makedonija se so Vas!
Од: Воденец
Датум: 27.12.2008 10:19:55
Се согласувам со Лјупчо од Битола, ако ДПМНЕ е ВМРО, тогаш за председател треба да ги кандидира Љубе Бошковски или Вилма Трајковска, а не некои коишто се' уште носат пелени и станале „Вмровци“ од пред три месеци.
Од: Vesna
Датум: 27.12.2008 10:32:02
Ma posle Crvenkovski koj i da dojde ce bide super. Stavrevski e zlato!
Од: dedo dimo
Датум: 27.12.2008 10:37:20
Nashive kritichari se site dobri ,Zaniv nema nikoj dobar" Site sve znajme, mnogu sne pametni no nishto ne mozime da naprajme."Razbravte-po neli e vreme so ova da se zapri .Ako e chovekot dobar i ima uspeh treba da se pofali i ushte poveke ke pridonesi odnosno ke se grizi da pridonesi ,ne e bitno od koja partija e, no bitno e kolku pridonesuva za MAKEDONIJA .
Од: ели кавадарци
Датум: 27.12.2008 11:26:22
во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има доста паметни политичари и искусни,кој знаат како треба да се движи нашата држава кон европските интеграции и нато,кој да биде избран за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,сигорно ќе покаже многу поголем интерес за доброто на овој народ од претседателот што го имаме во овој момент.
Од: pero
Датум: 27.12.2008 13:26:33
Nesporno e deka VMRO-vcite imaat kadri, ama se nepismeni i NEKADARNI... genetsko nasledstvo na sirotite, lek zasega nema medicinata...
Од: zom
Датум: 27.12.2008 13:39:22
Jas mislam deka najsoodveten kadar za pretsedatel e ex-premierot Ljupco Georgievski,odma komunjarive ke recat toj re bugarin, a kakov e segasniov pretsedatel???????????????
Од: Don Kiht
Датум: 27.12.2008 13:58:46
Odlicen mlad i kreativen politicar, retkost vo dosegasnata istorija na Makedonija.Samo prodolzete vaka gospodine Stavrevski, ima luge koi vasiot trud i cesnost, ja pocituvaat i cenat bez razlika na koj politicki blok pripagaat.Vakvi luge i trebaat na Makedonija za opsto dobro na site nas.Ostanete vo domenot na ekonomijata, sekoj drug angazman vo politikata nadvor od ekonomijata, mislam deka nema da gi dade vasite posakuvani rezultati.
Од: Dr. Mihail Sorko , Ohrid.
Датум: 27.12.2008 14:24:20
Gospodinot Zoran Stavreski, potpretsedatel na Vladata na Republika Makedonija so svojot visok profesionalizam , upornost , mudrost , hrabrost , stalozenost i cesnost uspesno moze da odgovori na funkcijata Pretsedatel na Republika Makedonija .
Од: Ance-Kavadarci
Датум: 27.12.2008 14:54:46
А бе многу активни овие комуњарите, па нели Бане се откажа не се кандидира. Инаку многу беше личен ): нема што.Немаат ни кого да извадат за кандидат, никој не е будала да излегува кога знае дека однапред е поразен,сите се кријат во глувчина дупка. А за Зоран Ставрески, немам збор, човекот си е одговорен, успешен, се што вети исполни, па не знам што сакате повеќе.Да, заборавив,за вас најважен критериум кој треба да го исполни еден кандидат е да биде патолошки лажго. Е па не може ви помина времето се освестија луѓето, се ви е залудно.
Од: el grkos
Датум: 27.12.2008 14:58:07
Da nebese Vera Rafajlovska da go spreci prodavanjeto na TEC Negotino, ekspertot Stavrevski sega veke ke ja dobiese nobelovata nagrada. Fakt e deka pretsedatelot treba da bide licnost sto ke bide tatko na nacijata i da bide slika na drzavata, ama da mi prosti Zoran, toj bas i ne e covek za toa. Jas bi sakal da se pojavi covek od tipot na Elenovski (tatko mak majka albanka) koj stvarno ke go pretstavuva narodot vo drzavata onaa multietnicnost sto site ja dokazuvame kade i da stigneme. Steta sto e mlad za toa inaku bi bil idealen kandidat za toa, bidejki isto taka e covek so visok megjunaroden rejting. Pozz utrinski
Од: Петко
Датум: 27.12.2008 16:03:52
ХХХХ-ДПБНЕ има кадри само за некакви неасолни,лажговци портпароли,на кои треба само да им обезбедиш некое денарче,па верно ќе ти служат.Споменатата партија нема кадар ни за половина претседател од типот на Б.Ц,како што милуваат да го наречат.
Од: realen
Датум: 27.12.2008 16:08:22
Momcevo e tapa ,super kandidat za poraz
Од: Bile Kavadarci
Датум: 27.12.2008 16:12:41
VMRO-DPMNE ima navistina kvalitetni kadri, intelektualci koi uspesno ja realiziraat izgotvenata programa. Dali vo neredniot period ke se kandidiraat istite kadri ili nekoi drugi povtorno od redovite na ovaa vlada, i ne e tolku vaznno, znacajno i osobeno vazno e toa sto uspesno gi realiziraat zacrtanite celi koi se vo interes na drzavata i narodot.
Од: goran
Датум: 27.12.2008 16:40:30
sakam da dadam replika na sandra pa sdsm da ne ima poveke kadri od vmro abe ne tropaj zeleni bea od sdsm precedateli crvenio ni ja unisti drzavata pozz
Од: VMK
Датум: 27.12.2008 16:43:18
Никако кандидат од тие две партии.Ако биде од двете партии еден тоа ке биде катастрофа за Македонија...Исто така не се согласувам со избор Ставрески нели е непотизам,кум на премиер...тука незнам дали има и законско право.Од СДС исто нема добар кандидат,него подобро да тоа биде независен човек кои навистина ке е поправи состојбата и ршумот што го направија двете партии во Македонија..и да се бара пак предвремени избори,по се изгледа народот се лизга на банана...Нема никаква стратегија,план са животот на обичниот македонец,а ваму се кажуваат некој работи во време на рецесија камери скапи,базени,ке ви дојде до глава се надевам на сите,па и на сдс и дпмне.А,Македонија ако не беше прифатено да биде „фиром“немаше да е имате да е крадете сите....Да живее обичниот народ во Македонија...другите сургун од Македонија...МК во НАТО и ЕУ...доста лаги.
Од: Roz
Датум: 27.12.2008 17:04:33
Vmro e momentalno partija so nagolem broj clenovi-intelektualci.A bidejki sdsm se plasi sega ke zboruvaat deka vmro se vakvi...vmro se takvi...Samo im zaviduvaat.Pomina vremeto na sdsm,a bidejki tie bea tolku inteligentni vidovme kakov pustos ostavija.Napred VMRO !
Од: Posetitel
Датум: 27.12.2008 18:05:06
Prashanje za sogovornikot od vladata: Kako go prifakjate premierot Gruevski voznesen od bugariziranioit Todor Aeksandrov koj ubival i ubival Makedonci - Jane Sandanski. Gorche Petrov, vnukot na Goce Delchev i drugi i drugi.
Takviot Gruevski se sretna so soidejnikot - premierot na Bugarija ,Stanishev, koj e bugariziran Makedonec.
Од: jule
Датум: 27.12.2008 18:43:33
ako vmro dpmne ne go podrzi lube boskoski za precedatel t.e. premierot ke ja napravi najgolemata greska prema toa neka razmisli dva pati kogo predlaga
Од: МК
Датум: 27.12.2008 18:45:50
Поголеми комуњари од овие сегашните дпмновци никогаш немало во Македонија ем лажат ем крадат ем се прават како роса да не ги роси.Законите ги менувата секој ден денеска важи утре пу не важи.
Од: zemjodelec
Датум: 27.12.2008 21:00:38
partijata na vlast dpmne ne treba da kandidira kandidat za pretsedatel zatoa sto pretsedatelot ke treba mnogu pati da kaze stop na vakvata politika sto ja vodi . treba nekoj intelektualec od tipot na venko andonovski.
Од: strumica
Датум: 28.12.2008 00:46:27
Smetam deka pred da pocnete da komentirate na nekoja statija,treba podlaboko da se razraboti makedonskiot pravopis i ako veke se klasificirate kako inteligentni licnosti naucete barem kako se pisuva pretsedatel ama za zal toa e kadarot na "visoko intelektualnata" VMRO-DPMNE...Zarem i posle se,smetate deka vakvi luge mozat da ja vodat drzavata?Ve zalam...Iskreno!Mozam da kazam licno za strumica-zosto vladeackata partija ne uspee da go najde i uapsi bivsiot gradnacalnik na Strumica,koj se zbogati na smetka na narodot?Zatoa sto e clen na VMRO-DPMNE.A zosto go uapsi Zaev?Zatoa sto im smeta negoviot uspeh i pocitta sto ja uziva od narodot...Steta sto narodot e seuste ovca,pa go strizat kako sakaat...Zalno!!!
Од: Dame Smilevec
Датум: 28.12.2008 06:49:48
Podobro ne izleguvajte so svoj kandidat, gospoda DPSNE (dem. part. za SRPSKO nac. edinstvo) oti ne ni treba drug tiranin Karadjordjevic. Ako vo vas imashe barem malku vmrovshtina, nemashe da gi vozobnuvate starite zgradi vo Skopje koi se simbol na srpskata okupacija i asimilacija. Vo vremeto na SDSM nemashe tolkava srbizacija na Makedonija kakva shto ima sega za vreme na vasheto vladeenje. Daleku ste vie od VMRO, daleku so svetlosni godini oti DPSNE vrie od srbomani, na celo so Dzingo.