Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Писмо до Дедо Мраз

Ванчо Узунов

За добро владеење е потребно да се создаде и кредибилитет на владата, но тоа не е исто што и висок рејтинг на некои политичари

Повторувањето е интересна, навистина интересна работа. Особено кога некој се надева, т.е. верува во поговорката дека повторувањето било мајка на знаењето! Но, се чини дека тоа како ич да не важи за нас? Или јас се лажам? Но, во однос на денешниов осврт, ќе го наведам само тоа дека тој, во својата оригинална верзија (тука е само малку изменета), прв пат беше објавен пред цели пет години (пред Новата 2003), а потоа беше повторуван уште барем два-три пати.

Децата пред Нова година му пишуваат писмо на Дедо Мраз. Да, тоа претставува одраз на нивната фантазија, но, сепак, значи и поглед кон иднината. Децата секогаш умеат подобро од возрасните, па затоа треба да учиме од нив. Токму затоа, како писмо до Дедо Мраз, овој осврт претставува преглед на тоа што ќе биде добро и убаво што не' очекува идната година во економијата. Поточно, тоа се насоки за економската политика, за бизнисите и за граѓаните. Дедо Мраз е од прикаските, но можеби писмото ќе стигне до целта? Драг мој Дедо Мраз, во Новата година, покрај да има мир, сакам да се остварат следниве работи:



Прво, и тоа е буквално прво по редослед, сакам да имаме добро владеење. А што подразбирам поконкретно под тоа? Па, повеќе работи. Едно треба да се сфати дека улогата на владата во однос на економијата треба да биде странична. Но, тоа, пак, не треба ниту да создава илузии, бидејќи страничноста не значи ниту небитност, ниту помала важност. Напротив. Страничноста значи специфично позиционирање и друга улога на владата кон економијата. Покрај тоа, за добро владеење е потребно да се создаде и кредибилитет на владата, но тоа не е истото што и висок рејтинг на некои политичари. Кредибилитетот се состои од четири работи кои треба да се почитуваат: (1) предвидливост на насоките и решенијата на политиката, бидејќи предвидливоста создава амбиент за водење бизнис, кој го посакуваат сите (добри) бизнисмени; (2) еднообразност (или недискриминација) во спроведувањето на законите и мерките на економската политика, бидејќи во секоја пазарна економија успешноста треба да се базира на способноста на секој "актер", а не на тоа кого владата го сака, а кого не; (3) транспарентност во водењето на политиката, но тоа, пак, не значи рекламирање во медиумите до бесвест, туку е начин на одлучување, начин на кој се врши избор при вработувањето во државните служби и слично; и (4) реално оцен��вање на оствареното, што значи постојана отчетност на владата и реално согледување на предвиденото и оствареното. Трет дел од доброто владеење е создавањето квалитетни и ефикасни јавни институции. Во најширока смисла, тоа значи обезбедување иницијативност на јавните службеници (министрите) за остварување подобри резултати, со едновремено задржување на нивните арбитрарни активности под контрола. Тоа треба да биде надополнето и со: (1) поставување правила и ограничувања во работењето на државните органи; (2) воведување поголем конкурентен притисок внатре во државните органи и тела при вработувањето, унапредувањето или отпуштањето; и (3) слушање на гласот на граѓаните (т.е. доближување на државата кон граѓаните) и почитување на партнерството јавен-приватен сектор. Четврт дел на доброто владеење претставува децентрализацијата (локалниот економски развој), процес кој во Македонија е започнат, но е и крајно исполитизиран. И конечно, петти дел од доброто владеење претставува квалитетно и ефикасно работење на судството. Судството претставува трета власт, но тоа не значи трета според редоследот на важноста, нели? А кога во Македонија би била направена споредбена анализа на квалитетот и ефикасноста на извршната и на судската власт, јас би се обложувал дека судската нема да помине подобро.



Добро, Дедо Мраз, ако не те заморив веќе со мојата прва желба, како второ за идната година сакам да имаме стабилност. Бидејќи говориме за економијата, станува збор, пред се', за стабилноста на економијата. Кога само ќе се сетам на состојбата од пред повеќе години кога, поради економската нестабилност и инфлацијата, не знаевме колку ни вредат парите на први, а колку на триесетти во месецот, желбата да го повторам ова барање се зголемува. Дедо Мраз, знам дека во некои други писма до тебе ќе има желби за некаква, најчесто се нарекува контролирана инфлација и девалвација, но да бидеме убедени дека акцентот треба да го ставиш на зборот контролирана, многу повеќе отколку на зборовите инфлација и девалвација. Друго, знам Дедо Мраз, исто така, дека доаѓа тешко време, како и дека во некои други писма до тебе има желби за остварување на најголемиот буџет во историјата на Македонија. Но, Дедо Мраз, да знаеш дека не верувам во тие подароци. Напротив, јас и не сакам да бидам толку нескромен. Знаеш што мислам, Дедо Мраз? Произлегува дека оние чичковците од ММФ, сепак, си ја знаеле работата. Па, ако ги послушаме, ќе си имаме стабилен макроекономски амбиент, кој, пак, е неопходен за другите реформи. А ако не, колку и да има настојување за структурни и други микроекономски реформи, ако нема макроекономска стабилност - бадијала. Како и обратно. И сега, ќе ми кажеш дека е веќе доцна за оваа моја желба? Немој, те молам Дедо Мраз...



А како трет економски подарок за наредната година сакам да имаме и повеќе инвестиции. Ова не е бадијала наведено како моја трета желба, бидејќи, за да се случи таа, потребно е остварување на претходните две. А што, бе, Дедо Мраз, пак ќе ми кажеш дека во светот имало економска криза, па оваа моја желба е неостварлива? Е, па, добро де, ај јас ќе ти кажам неколку препораки за таа цел што ти треба да ги направиш (наместо тоа што го правеше досега), па резултатите ќе дојдат, кога и да е: поддршка на извозот, на технолошката, пазарната и производната модернизација, стимулирање на вгроздувањето (кластерингот) на претпријатија, поддршка (ама не преку субвенции!) и на домашните и на странските инвестиции...



И четвртата желба, Дедо Мраз, ако веќе навистина не си помислил дека имам премногу барања, е продолжување на нашето веќе и досега долго патување кон Европската унија. Не зборувам јас за некое "новогодишно патување", туку на едно трајно патување, отсега па натаму. Да, тоа е долг пат, но вреди за парите. За да се оствари тоа патување, треба многу работа, точно е, потребни се многу промени, но, Дедо Мраз, јас не сум чул за некој, кој, откога кинисал на тоа патување, потоа да се покајал.

Дедо Мраз, ќе ти кажам, имам уште желби за Новата година. Но, немам повеќе место за пишување. А не сакам да бидам и нескромен. Нека се оствари, или барем нека почне да се остварува наведеното - ќе биде доволно.

(Авторот е професор на Правен факултет)


Статијата е прочитана 939 пати.

Испрати коментар

Од: i ja imam zelba do dedo mraz
Датум: 27.12.2008 00:44:32
sakam na 1 januari 2009 koga ke se razbudam da vidam deka VMRO bil eden gjavolski los son; deka sme na pragot na nato; deka sme dobile datum za pregovori; deka aerodomot e seuste skopje ili petrovec; deka gi nema onie grdi statui pred vladata; deka na tv ima ko nekogas kup debatni vnatresno-politicki emisii namesto bumbarkata i tomik; deka narodot ne se mrzi zatoa sto misli poinaku; deka ne sum predavnik niti stranski platenik sto uzivam da go citam frchkovski, deka e patriotski da se ima idnina a ne anticki spomenici i muzej na vostani figuri
Од: ljupco,bitola
Датум: 27.12.2008 02:05:48
Моето писмо до Дедо Мраз би гласело вака. Сакам Дедо Мраз да ги земе сите експерти по општа пракса од Македонија кај себе,да ги одведе во земјата Лапонија, таму да ги спрегне малку да ја влечкаат неговата санка,за да одморат ирвасите. Да куртулиме малку ние од нив.
Од: Kolega
Датум: 27.12.2008 02:45:00
Odlicen si Vanco. Treba da prodolzis da pisuvas za Utrinski.
Од: DEDO MRAZ
Датум: 27.12.2008 04:04:50
E vozrasni dechinja kolku ke bev sreken da me prashavte da im dadam malku pamet na vashite "mili"politichari, tova ke vi beshe najgolem blagodet, dedo mraz pozdrav.
Од: ekonomist
Датум: 27.12.2008 06:00:27
Pochituvan g-dine, Vashiot tatko mi beshe profesor po primeneta ekonomija i imashe napishano uchebnik so sporedba megju ekonomijata vo socijalizmot i kapitalizmot,pa zemete prvo taa kniga od sedumdesewtite godini prochitajte ja,ili ushte ednash prochitajte ja.Prof.Jakoski mi predavashe Marketing i vo toa vreme od "struchnjcite" po marketing imashe edno pravilo 4P(person,product,price,place)ili vo prevod:kadar,proizvod,cena,pazar.Vo devedesite godini eden avtor navede na site tie mesta treba da stoi samo edno:kadar,kadar,kadar,kadar,shto znachi ako imash struchni i sposobni rabotnici(bez razlika od koja profesija)ke imash uspeh.Vie G-dine se obrakate na pogreshna lichnost,Dedo Mraz nosi podaroci,a ne ispolnuva vakvi zelbi,sakam da kazam deka treba da se sozdade sposoben kadar pa site tie zelbi koi gi imate navedeno da gi ispolni.
Од: mirotvorec
Датум: 27.12.2008 08:28:10
Dedo mraz dojde i kaj nas, ama toa ne e toa, se dodeka mislime deka nekoj od vladata treba da ni go reshi problemot so mentalitetot se lazeme. Nie chekame se dedo Mraz da ni gi reshi golemite problemi bakshish, a ne zapochnuvame od najedostavnite pravila da ne primame podkup ili podaroci. Za kredibilitet na drzavata i narodot treba da ima spremnost da podnese se so uverenost deka Gospod kje promisli, koga nie na nego se nadevame a ne na nekoj pretpostaven ili nekoj profesor, pa makar bil toj i minister ili magister vo isto vreme.
Од: zabegan
Датум: 27.12.2008 10:09:03
pazi kakvi zelbi imas VANCO moze skapo da te cini da te tuzat ovie ako neim se dopaga tvojata zelba.
Од: Mile
Датум: 27.12.2008 10:13:43
Auuuu,profesore se sekavas sto zboruvase po televiziite pred izbori vo 2006g.?
Од: Цандо
Датум: 27.12.2008 10:25:34
А бе Ванчо. Колку си голем, а уште веруваш во Дедо Мраз.
Од: od koga
Датум: 27.12.2008 10:37:03
do"LJupco"Abre Ako ti se ispolni zelbata vo ova prokolnato parce zemja ce ostanat samo plukaci i profesionalci-tokmaci i bedni i jadni patrioti,poltroni kako tebe.
Од: acko
Датум: 27.12.2008 18:53:13
Ova seto moze da se sumira vo edna golema zelba a toa e deckive od vladata da naucat ekonomija.Vo vakvi uslovi ni ostanuva samo da se molime na gornion.......
Од: Kolumbo bil makedonec
Датум: 27.12.2008 19:58:32
Koga ke prestanat podanicie na Mr Rejting da plukaat po toa sto bilo koga SDSM bila na vlast? Ako sakaat da ziveat vo minatoto neka se potsetat na vladeenjeto na Kljusev i Ljubco, a najdobro da i poglednat na vistinata vo oci na ona sto se slucuva sega so Makedonija, sto e kazano vo spotot na Gruevski, pardon Mancevski. Koga zboruvate za upesite na ovaa vlada i Stavrevski kazete barem eden mal uspeh ako go ima, no i sami znaete deka osven promasuvanja, propaganda i kriminal drugo i ne postoi kaj ova vlada!! Tesko na "slepcite" sto nikogas nema da progledaat!!!
Од: vojvoda
Датум: 28.12.2008 09:28:35
na mene mi je zelba da ima pomalko takvi glupavi komentari protiv Makedonija i dali tie uopste se Makedonci se pituvam.jas ne veruvam a vie narode moj

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ има кадри за претседател
Претходен број
Загина македонски работник во Ирак
Пазарите ќе се фискализираат по влезот на Македонија во ЕУ
Зденко
Изборите ги спасија пазарџиите
Мистеријата продолжува
Аеродромите ќе почекаат на ТАВ
Милион евра за камери во Клиничкиот центар
Л.А. Лејкерс ја прекина серија на Бостон
Од Германија до Чешка - промашено дејствување
Дедо Мраз уби осум лица на божикна прослава во Лос Анџелес
Никола Ристановски премиерно во „Дервишот и смртта“ во Белград