Паѓа романската влада
Букурешт- Лидерот на Социјалистичката партија (СДП), која е дел од владејачката коалиција во Романија, соопшти дека министрите од оваа партија почнале да ги поднесуваат своите оставки до премиерот Емил Бок.
„Сите министри на СДП се солидарни со вицепремиерот Дан Ника и одлучија да отидат во зградата на Владата за да ги поднесат своите оставки“, изјави претседателот на СДП, Мирча Џоана. Тој го обвини претседателот Трајан Басеску дека повторно иницирал политичка криза, која ја зајакнува економската криза.
Шефот на романската држава, Трајан Басеску, вчера потпиша решение за отстранување од должност на министерот за внатрешни работи, Дан Дика. За привремено извршување на должноста е назначен министерот за регионален развој Василе Блага, кој е од Демократско-либералната партија, која е коалиционен партнер на СДП.
Според Џоана, назначувањето на Блага на оваа функција ја покажува намерата за „фалсификување на претседателските избори“.
Претседателските избори во Романија ќе се одржат на 22 ноември, на кои главни противкандидати се актуелниот шеф на државата, Басеску, и Џоана. (МИА)
|