Студент го гаѓаше со чевел шефот на ММФ
Истанбул - Еден студент денеска фрли чевел кон извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан, за време на неговото предавање на приватниот универзитет „Билги“ во Истанбул.
Како што јавија турските медиуми, чевелот не го погодил Строс-Кан, по што припадниците на службата за безбедност го изнеле студентот од салата во која се одржувало предавањето.
За нас е важно да имаме отворени прашања. Драго ми е што се состанав со студентите и ги слушнав нивните мислења. Тоа е тоа што ММФ треба да го прави, дури и доколку сите не се согласуваат со нас, вели Штрос-Кан, во соопштението објавено по инцидентот во универзитетот Билги. Тој истакна дека турските студенти се учтиви и оти чекале до крај за да се пожалат. (МИА) |