Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Жени-мировници против силување во војните

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Американската државна секретарка Хилари Клинтон во средата ја пофали улогата на Индијките, припаднички на мировните сили, во спречувањето на насилствата против жените и девојчињата во Либерија, наведувајќи дека тие претставуваат пример на кој треба да се угледаат мировните мисии низ светот. „Индиската единица помогна да се мотивираат поголем број Либеријки да учествуваат во кампањата против силувањето, почната со заеднички сили на ОН и либериските власти“, изјави таа, додавајќи дека жените-мировници претставуваат „пример што мора да биде повторен во мировните мисии на ОН низ цел свет“.

Државната секретарка побара од земјите-членки да ги вклучат жените во дизајнирањето и во имплементирањето на националните и на меѓународните програми за градба на мирот. „Мора да се обидеме да обезбедиме услови нашите воени и полициски сили, особено оние што ќе учествуваат во мировните мисии, да се здобијат со стручност да спречат и да одговорат на насилството против жените и децата“, изјави Клинтон.

За време на 15-годишната граѓанска војна во Либерија, во земјата се случија голем број силувања и други форми на сексуално насилство. (Тајмс оф Индија)




#
Статијата е прочитана 187 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Сите очи на Брисел вперени во Даблин
Дали промената на власта ќе смени нешто во Грција?
Земјотресот во Индонезија однесе над 450 животи
Москва ладна за еуфоричните изјави на Обама
Кина одбележа 60 години комунизам
Ученик се избори за право на молитва
Паѓа романската влада
Островите Самоа пак се тресеа
Студент го гаѓаше со чевел шефот на ММФ
Париз и Берлин ја маргинализираат Велика Британија