Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Ученик се избори за право на молитва

Берлинско училиште на гимназијалец му забрани молитва, но судот пресуди поинаку

Дали еден ученик-муслиман смее да се моли во училишниот ходник? Не, сметаше едно берлинско училиште и на гимназијалец му забрани молитва за време на паузите. Тоа не е праведно, одлучи, пак, управен суд од Берлин.

Шеснаесетгодишниот Јунус М. не се појави на изрекувањето на пресудата. За време на процесот тој седеше на клупата покрај своите двајца адвокати, малку срамежливо, облечен во фармерки и карирана кошула. Кога кон него се свртеа многу микрофони и камери и новинарите му поставија многу прашања зошто својата пладневна молитва сака да ја врши во училиштето, тој кратко одговори: „Тоа е моја религиозна должност“.

Во исламот, всушност, постои можност пладневната молитва да биде одложена и да се изврши заедно со попладневната, тоа го практикуваат хирурзи, на пример, кои се среде операција. Но, секој муслиман сам одлучува за оправданоста од одложувањето на својата молитва поради надворешни околности. Јунус М., оценија на крај судиите, беше уверлив во барањето дека молитвата за него претставува религиозна обврска од која не мора да се откажува и за време на наставата.

Тој пред судиите мораше да ја докаже јачината на својата вера и да одговори на одредени прашања. Тој се моли петпати дневно, постот го сфаќа сериозно и речиси секој ден оди во џамија.

Судиите проценија дека неутралноста на јавните училишта не се нарушува ако учениците еднаш дневно, за време на паузите во наставата, се молат во училишните простории. За право на посебна просторија за молитва не стана збор.

Адвокатката на образовните установи аргументираше дека, напротив, фактички дозволата за молитва би значела и обезбедување одредена просторија за таква намена од страна на училиштето. Ако вакви аспирации пројават и останатите ученици ќе настанат организаторски проблеми. По прогласувањето на пресудата, Јенс Штилер, портпарол на образовните установи, изјави дека пресудата претставува одлука за поединечен случај, но таа може да стане правен урнек: „Жалиме што нашите аргументи за обврската од неутралност на училиштата, како и за организаторските проблеми, не беа земени предвид. Размислуваме за преземање правни средства против оваа одлука, нејзино обжалување“.

По привремената судска одлука по итна постапка од март 2008 година, Јонус М. смее да се моли за време на паузите меѓу часовите во училниците кои моментно се празни. Дали ваквата одлука ќе продолжи да важи во училиштето, останува отворено. (Дојче веле)

 


#
Статијата е прочитана 306 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Сите очи на Брисел вперени во Даблин
Дали промената на власта ќе смени нешто во Грција?
Земјотресот во Индонезија однесе над 450 животи
Москва ладна за еуфоричните изјави на Обама
Кина одбележа 60 години комунизам
Паѓа романската влада
Островите Самоа пак се тресеа
Жени-мировници против силување во војните
Студент го гаѓаше со чевел шефот на ММФ
Париз и Берлин ја маргинализираат Велика Британија