Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Самуел Ето џокер во ракавот на Фергусон

По неколку дена тишина напаѓачот на Барселона Самуел Ето пак е на насловните страници на светските весници. Најновата приказна вели дека Камерунецот оди во Манчестер, но не во Сити, туку во Јунајтед. Британските медиуми објавија дека Ето одбил да го продолжи договорот со Барселона, како и астрономската понуда од Сити, како би се приклучил на тимот на Алекс Фергусон.

За таа цела тој е подготвен да се согласи на помала плата од онаа што ја бараше од Сити (200.000 фунти неделно). Во Јунајтед, наводно, би играл за 50.000 фунти помалку, но и тоа би го направило најплатен фудбалер во соблекувалната на "бебињата".

Ето, се чини, дека го одбива Сити од истите причини поради кои не се согласи Кака минатата зима. И двајцата, имено, сметаат дека и покрај парите Сити не е доволно угледен тим за нивниот играчки квалитет.

"На Ето не му се доаѓа во клуб сместен во средината на Премиерлигата, а нема да продолжи ниту со Барса", изјави извор близок до Камерунецот. Фергусон во петокот потпиша двегодишен догор со Мајкл Овен, но бројните повреди што го следат упатуваат на претпазливост, па Шкотот сака да се осигура со уште напаѓач од екстра класа. "Фантастично е чувството да се потпише за Јунајтед. Ни во најлудите соништа не помислив дека ќе играм за овој клуб, но тогаш добив повик од Фергусон. Бев шокиран, но многу сум среќен што вака заврши. Верувам дека ќе постигнам многу голови", ијави Овен, кој секако, најголемата трага ја остави во Ливерпул, за кого меѓу 1996 и 2004 година заби 118 гола во 216 премиерлигашки меча.

Руни заврши во болница по падот на јахта



Ѕвездата на Манчестер Ј. Вејн Руни заврши во болница во Сент Тропе откако се лизна на јахтата и потешко ја повреди главата. Руни со сопругата Колин е во Франција на одмор, а по инцидентот лекарите го задржале два и пол часа во болницата. "Руни ја расече главата, а сите се загриживме да не станува збор за потрес на мозокот. Но, за среќа повредата не беше сериозна", изјавија пријателите на Руни.

Роналдо ја одбра деветката и мисли дека вреди за секое дадено евро



Најспекаткуларното засилување на Реал М. Кристијано Роналдо треба да биде претставен вечерва во 21 часот на "Сантијаго Бернабе". Португалецот даде интервју за "Марка" во кое ги кажува своите амбиции. Во Реал ќе го носи бројот девет. Седумката не можеше да ја бара бидејќи ја носи иконата Раул, додека 17-ката исто така не му беше на располагање бидејќи таа е на грбот на Ван Нистелрој кој одлучи да остане. Така му остана да ја земе деветката, која со своето заминување ќе ја ослободи Хавиер Савиола. "Целта ми е со Реал М да ја освојам ЛШ. Се надевам дека во белиот дрес ќе освојам уште многу "Златни топки". Сакам еден ден да ме споредуваат со Алфредо ди Стефано", изјави Роналдо, кој во Реал М дојде за 94 милиони евра. "Вредам толку пари затоа што сум најдобар. Секое вложено евро во мене се исплати", порача Роналдо, кој не заборави да каже дека со Кака ќе се сложува одлично, бидејќи се "компатибилни играчи".


#
Статијата е прочитана 893 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Кадетките последни на ЕП во Србија
Бабунски официјално селектор на младите
Португалија и Австрија го отвораат младинскиот Евробаскет во Охрид
Трет освоен Вимблдон за Серена Вилијамс
Гечевски блиску до договор со Хемофарм
Канчелара поведе на Тур де Франс
Металург му нуди 200.000 евра по сезона на Червар?
Џексон останува на клупата на Лејкерси
Надал во иднина само на Гренд-слем !?