Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Португалија и Австрија го отвораат младинскиот Евробаскет во Охрид

Македонските кошаркарки до 20 години стартуваат утревечер против Израел

Вчеравечер на градскиот плоштад во Охрид требаше свечено да се отвори кошаркарското првенство за кошаркарки до 20 години (Б дивизија), кое официјално стартува денеска во 12 часот со мечот меѓу Португалија и Австрија во салата „Билјанини Извори“.

Македонската репрезентација настапува во групата Б заедно со националните селекции на Холандија, Словачка, Израел и Романија, а во групата А партиципираат Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Грција и Португалија. По четири репрезентации од двете групи одат во втората фаза, а првата и втората репрезентација на крајот ќе се квалификуваат во А дивизијата. Селекторот Александар Петровиќ верува во своите 12 селектирани кошаркарки дека може да направат успех. На неговиот список се најдоа: Бисера Рајчиновска, Симона Јаневска, Александра Иванова, Ана Тантуровска, Јелена Антиќ, Ана Догазанска, Анжелика Митрашановиќ, Бисера Божиновска, Сања Раденковиќ, Арнела Хоџа, Ванеса Василевска и Ема Решкоска. Овие кошаркарки кои се убедливо најмлад тим на ова првенство (нема ниту една 20 годишна) првиот меч ќе го играат утре од 21 часот против Изреал. Битно е да се стартува со победа, со што ќе се намали притисокот кој го носи домаќинството. „Овие девојки играат заеадно подолго време и младоста ќе ни биде дополнителен мотив. Ова е генерација која има волја и талент за работа како можеби ниту една друга досега во нашата кошарка. Со голема поддршка од трибините верувам во победа над Изреал“, изјави Петровиќ.

Искуството од вакви првенства вели дека е тешко да се анимира публиката, особено за оние натпревари во кои не игра Македонија. За таа цел Кошаркарската федерација на Македонија најави организирање наградни игри, доделување топки и кошаркарски реквизити за посетителите во салата.

„Градот Охрид на овој континентален шампионат ќе постави нови стандарди кога се во прашање вакви турнири. Се очекува меѓу високата делегација на ФИБА гостин да ни биде и генералниот секретар на оваа институција Нар Занолин. Несомнено сме на прагот на голем настан, кој ќе предизвика голем интерес��, изјави генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија, Дејан Лекиќ.

Денеска на програмата се натпреварите Португалија - Австрија (12 часот), Грција - Велика Британија (14,45 часот), Унгарија - Белгија (16,30 ч.), Изреал - Словачка (18,45), Холандија - Романија (21 часот). Сите натпревари се играат во слата „Билјанини Извори“, а цената на дневната влезница е 100 денари. (Н.К)

 


#
Статијата е прочитана 222 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Кадетките последни на ЕП во Србија
Бабунски официјално селектор на младите
Трет освоен Вимблдон за Серена Вилијамс
Гечевски блиску до договор со Хемофарм
Фудбалски вести
Канчелара поведе на Тур де Франс
Металург му нуди 200.000 евра по сезона на Червар?
Џексон останува на клупата на Лејкерси
Надал во иднина само на Гренд-слем !?