Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Џексон останува на клупата на Лејкерси

Тренерот на Лос Анџелес лејкерс, Фил Џексон, ќе остане на клупата на шампионот и во сезоната 2009/2010, потврди самиот, прекинувајќи ги шпекулациите за неговата иднина. Џексон, кој го освои рекордниот десетти шампионски прстен со триумфот над Орландо од 4:1 во финалето на НБА минатиот месец, ја донесе одлуката по направените неколку медицински тестови.

„По консултациите со клупскиот лекар, се чувствувам подготвен за уште една долга сезона со плејоф“, изјави тренерот кој во септември ќе наполни 64 години. Тој ги има заменето и двата колка, а во 2003 година беше подложен на ангиопластична процедура за отворање на затнатата артерија во неговото срце. Во минатава сезона пропушти два меча на гости во Западниот Брег поради болки во долниот дел од десната нога.

Под негово водство Лејкерси против „магичните“ дојдоа до својата 15. титула и оставија впечаток на тим што ќе освои уште шампионски пехари во следните сезони. Со својата десеттата титула тој го засени рекордот што седум години го делеше со Ред Оербах, а ова ќе му биде 19. сезона во НБА-лигата. Џексон има шест шампионски прстени со Чикаго меѓу 1991 и 1998 година, пред да се пресели во Л.А. во 1999, одведувајќи ги „езерците“ до НБА-круната во своите први три сезони на клупата. Тренерот што најбрзо стигнал до 1000 победи во НБА моментно со 1041 триумф во лигата е шести на сите времиња, но неговиот процент на успешност од 70,5 отсто е ненадминат.


Статијата е прочитана 240 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Кадетките последни на ЕП во Србија
Бабунски официјално селектор на младите
Португалија и Австрија го отвораат младинскиот Евробаскет во Охрид
Трет освоен Вимблдон за Серена Вилијамс
Гечевски блиску до договор со Хемофарм
Фудбалски вести
Канчелара поведе на Тур де Франс
Металург му нуди 200.000 евра по сезона на Червар?
Надал во иднина само на Гренд-слем !?