Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Надал во иднина само на Гренд-слем !?

Рафаел Надал во иднина најверојатно ќе настапува само на големите четири Гренд-слем турнири. Според, пишувањата на шпанските медиуми младиот светски рекет број 1 е толку начнат со повреди што едноставно мора да ја дозира својата програма.

Најдобриот светски тенисер, кој вчера можеше да му ја препушти првата позиција на АТП листата на Швајцарецот Роже Федерер (со победа во вчерашното финалето на Вимблдон над Родик), мора да ги смени приоритетите, тврдат и лекарите.

Надал, како што е познато не настапи на Вимблдон поради повредата на коленото, а специјалистите за такви повреди велат дека е неверојатно така млад човек да има таква повреда. „Неговите колена се како на 30 годишник, а не на дваесет“, кажаа лекарите по прегледите.

Сега е ред на Шпанецот, кој моментно се опоравува на Мајорка, да одлучи дали ќе ги послуша стручните лица. Според, личниот лекар Руиз Котор, Шпанецот би требало да биде подготвен за игра за три до четири недели. Тој треба најпрвин да се појави на турнирот Мастерс 1.000 во Монтреал, а потоа ќе следат подготовки за Ју-Ес опен, еден од четирите Гренд-слема.


Статијата е прочитана 642 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Кадетките последни на ЕП во Србија
Бабунски официјално селектор на младите
Португалија и Австрија го отвораат младинскиот Евробаскет во Охрид
Трет освоен Вимблдон за Серена Вилијамс
Гечевски блиску до договор со Хемофарм
Фудбалски вести
Канчелара поведе на Тур де Франс
Металург му нуди 200.000 евра по сезона на Червар?
Џексон останува на клупата на Лејкерси