Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Бабунски официјално селектор на младите

Бобан Бабунски е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година до краот на актуелниот квалификациски циклус. Ова е една од одлуките на 34. седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) што се одржа викендот во Охрид. По предлог на Бабунски, неговите соработници во стручниот штаб во младата селекција ќе бидат именувани на наредната седница на УО на ФФМ.

Управниот одбор го усвои извештајот за организација и продажба на билетите за квалификациските мечеви за СП 2010 против Норвешка и Исланд во Скопје. Беше прифатен предлогот на Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски, за измена на пропозициите за снимање на натпревари на гостинските екипи. Па, така, секое оневозможување во иднина ќе биде парично санкционирано со 500 евра во денарска противвредност.

На седницата на УО, викендот, во Охрид, беше констатирана зголемена недисциплина кај фудбалерите според број на доделени црвени картони во минатата сезона во однос на таа претходно. Беше прифатен и предлогот за задолжителни пет играчи до 21 година во секоја екипа во записниците во мечевите од третите лиги од кои тројца ќе бидат во стартниот тим (досега беа пет).

Членовите на УО го прифатија извештајот натпреварувачката сезона во првата и втората македонска лига и го усвоија календарот за сезоната 2009/10. (С.Д.)

Стојков на проба во Арау



Македонскиот фудбалски репрезентативец Ацо Стојков е пред трансфер од унгарска Ниреѓхаза во швајцарскиот прволигаш Арау. Тој викендот беше на проверка и влезе во 56 мин. од пријателската средба со освојувачот на Купот на УЕФА, Шахтар Донецк, во која неговиот тим загуби со 3:1, иако на полувремето водеше со 1:0.

Стојков за националниот тим одигра 24 натпревари и беше стрелец во победата од 2:0 над Исланд минатиот месец во квалификациите за Светското првенство 2010 во Јужна Африка. Освен за Ниреѓхаза, има настапувано за Беласица, потоа за италијанските Специја и Фиделис Андрија, за Гурњик Забже од Полска, за Ла Лувие од Белгија, за Партизан од Србија и за Дебрецин од Унгарија.

Во Арау настапува и ексфудбалерот на Работнички, Иван Пејчиќ, кој има македонско и српско државјанство, а пред 15-тина години неговиот црно-бел дрес со голем успех го носеше и Саша Ќириќ.

Тричковски вишок во Ц. звезда



Тренерот на Црвена звезда, Владимир Петровиќ-Пижон, му соопштил на македонскиот интернационалец Иван Тричковски дека повеќе не смета на него и да си бара нов клуб за претстојната сезона.

„Бараме нов клуб за Иван. За него е заинтересирана Македонија Ѓорче Петров, имавме разговори, па ќе видиме што ќе се случи“, потврди идниот спортски директор на црвено-црните Иван Аџиќ.

Тричковски е дете на Вардар, од каде што замина во Работнички, а минатата година потпиша договор на 4,5 години со некогашниот европски шампион. За Звезда тој одигра 25 првенствени натпревари и постигна три гола.

Дека Пижон го отпиша Тричковски се виде и на пријателската средба токму со ѓорчепетровци во петокот на Златибор, која заврши нерешено 1:1, а младинскиот ексрепрезентативец на Македонија не беше ни на клупата.


#
Статијата е прочитана 193 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Кадетките последни на ЕП во Србија
Португалија и Австрија го отвораат младинскиот Евробаскет во Охрид
Трет освоен Вимблдон за Серена Вилијамс
Гечевски блиску до договор со Хемофарм
Фудбалски вести
Канчелара поведе на Тур де Франс
Металург му нуди 200.000 евра по сезона на Червар?
Џексон останува на клупата на Лејкерси
Надал во иднина само на Гренд-слем !?