Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Канчелара поведе на Тур де Франс

Швајцарецот убедлив на хронометарот во Монако, оставајќи го Контадор цели 18 секунди зад себе

Швајцарецот Фабијан Канчелара прв ја облече жолтата маичка на годинашниот 96. Тур де Франс, однесувајќи убедлива победа во хронометарот на стартот во Монако. Првиот фаворит и победник пред две години Алберто Контадор од Шпанија заврши втор со заостанување од 18 секунди, а една секунда по него финишира Британецот Бредли Вигинс.

Контадор, кој и покрај присуството во тимот на седумкратниот победик Ленс Армстронг, од менаџерот Јохан Бринел е поставен за лидер на Астана, ги исполни очекувањата и го наметна својот авторитет во екипата со солидното возење. Ниту Германецот Андреас Кледен (четврти) ниту Американците Леви Липхајмер (шести) и Армстронг (десетти) не можеа да ја нарушат тимската хиерархија во спарниот ден во кнежевството.

„Во добра форма сум и се надевам дека ќе останам на тоа ниво“, изјави Контадор. „Атмосферата во тимот е добра. Мораме да работиме заедно за да го освоиме овој Тур де Франс. Се разбира, би сакал да облечам уште една маичка“, додаде тој, мислејќи на маичката за најдобар искачувач.

Спортскиот директор на Астана, Алан Галопан, изрази задоволство од епилогот на првата етапа.

„Помина според планот. Ова е совршен резултат, бидејќи знаевме дека Канчелара ќе биде пресилен. Ако Андреас или Леви беа напред, тоа немаше да смени ништо внатре во тимот. Алберто е нашиот лидер“, нагласи човекот што го доведе Шпанецот во екипата.

Канчелара победи на хронометарот на Олимпијадата во Пекинг минатата година во слични услови на влажен воздух.

„Многу сум горд. Направив максимум што можев. Не сакав да форсирам во почетокот, но стартував добро и создадов разлика на рамниот дел“, изјави Швајцарецот.

Бранителот на трофејот Карлос Састре од Шпанија ја ограничи штетата, освојувајќи го 21 место со заостанување од една минута и шест секунди зад Канчелара. Вицешампионот во последните две години Кејдел Еванс, кој настојува да стане првиот Австралиец што го освоил Тур де Франс, беше петти со 23 секунди заостаток, а Енди Шлек од Луксембург заврши 18. со една минута послабо време од победникот.

Освојувачот на Џиро ди Ит��лија, Русинот Денис Менчов, ја почна трката на разочарувачкото 53. место со заостанување од 1:31 мин.


#
Статијата е прочитана 113 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Кадетките последни на ЕП во Србија
Бабунски официјално селектор на младите
Португалија и Австрија го отвораат младинскиот Евробаскет во Охрид
Трет освоен Вимблдон за Серена Вилијамс
Гечевски блиску до договор со Хемофарм
Фудбалски вести
Металург му нуди 200.000 евра по сезона на Червар?
Џексон останува на клупата на Лејкерси
Надал во иднина само на Гренд-слем !?