Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Гадафи не си оди

Триполи -  Никогаш нема да ги прифатам барањата да ја напуштам земјата на моите дедовци, изјави либискиот лидер Моамер Гадафи, коментирајќи го засилениот меѓунарoден притисок за негово заминување од власта.

„Бараат од мене да ја напуштам Либија. Тоа е смешно. Никогаш нема да ја напуштам земјата на моите дедовци ниту, пак, мојот народ кој се жртвува за мене“, изјави Гадафи во обраќањето пред неколку илјади свои приврзаници во градот Завија, 50 километри западно од Триполи, истакнувајќи дека е подготвен да го жртвува својот живот за народот.

Реакцијата на Гадафи следува по средбата на Контакт групата за Либија, што се одржа во четвртокот и во петокот во Истанбул, на која опозицискиот Преоден национален совет беше признат како легитимна власт на земјата, а од либискиот лидер беше побарано да се повлече од власта.

Во меѓувреме, пак, силите на НАТО во текот на ноќта во саботата и вчера претпладне ги продолжија воздушните напади врз Либија. Само во Триполи во текот на ноќта одекнале најмалку 13 експлозии.

Либиската државна телевизија Ал Џамахирија објави дека „колонијалните крстоносни агресори“, мислејќи на силите на НАТО, нападнале цивилни и воени објекти во населбите Аин Зара и Таџура во источниот дел на Триполи. Телевизијата тврди дека во нападите имало и жртви, но не наведе конкретни бројки. (МИА)


#
Статијата е прочитана 382 пати.

Испрати коментар

Од: vistina
Датум: 18.07.2011 00:21:19
Ova chto go pravi nato ne samo vo Libija nego i vo drugi drzavi e ne normalno zalosno kako ubivaat i ruchat nechto chto ne e nivno.Koga vo nekoja drzava ima nezadovolstvo od vlasta a go ima sekade treba da si go rechat sami odnosno tie chto ziveat vo tie drzavi.

Најди! во Утрински
Свет
Го уриваат мавзолејот на Енвер Хоџа
Далај-лама ги скара Кина и САД
Седиштето на ОН ќе се шири
Мајката чедоубиец – на слобода
Руперт Мардок се извинува
Израел ќе го нападне Иран во септември
Партнерство на исток
Папандреу ја прозива Европа

"""