Папандреу ја прозива Европа
Атина - Време е Европа да се разбуди и да пронајде решение за должничката криза во Грција што се заканува да ја загрози цела еврозона, изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу во интервјуто за вчерашниот број на атинскиот весник „Катимерини“.
Папандреу во интервјуто нагласува дека Грција ќе успее да го врати огромниот долг од 350 милијарди евра со кој се соочува сега, додавајќи дека се во тек разговори за наоѓање долгорочно решение за излез од кризата.
„Во овој момент нема место за оние што шират страв и се убедени во неуспех“, истакнува Папандреу.
На 21 јули во Брисел ќе се одржи вонреден самит на ЕУ на кој би требало да се најде трајно решение за излез на Грција од кризата што се заканува да се прелее и во други земји од еврозоната, пред се', во Италија. |