Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Далај-лама ги скара Кина и САД

Пекинг му префрла на Вашингтон за средбата на претседателот Обама со тибетскиот духовен лидер

Втор пат во последниве денови Кина отворено ги критикува САД. По забелешките поради домашниот долг, Пекинг сега му префрла на Вашингтон и за средбата на претседателот Обама со тибетскиот духовен лидер Далај-лама

По критиките на Кина на сметка на САД поради внатрешниот спор околу лимитот на задолжување на државата, сега од Пекинг доаѓа ново негодување - Кина го критикува Вашингтон поради средбата на американскиот претседател Барак Обама со духовниот лидер на Тибеќанците, Далај-лама.

Во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи се вели дека средбата на Обама и Далај-лама во Белата куќа им нанела штета на кинеско-американските односи. „Вакво однесување значи мешање во внатрешните односи на Кина, ги повредува чувствата на кинескиот народ и им нанесува штета на кинеско-американските односи“, го цитира кинеската државна агенција Ксинхуа портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пеки��г.

Кина го обвинува Далај-лама дека ги поддржува тибетските стремежи за независност. Носителот на Нобеловата награда за мир, пак, постојано нагласува дека сака мирен премин кон автономија на својата земја. Тибет во 1950 година беше окупиран од страна на Кинеската армија, а Далај-лама побегна во егзил во Индија, во 1959 година. Инаку, американскиот претседател Барак Обама го прими Далај-лама и минатата година. Исто како и тогаш, и при актуелната средба духовниот лидер на Тибеќанците не беше примен во Овалниот кабинет, каде што вообичаено се примаат државници, туку во друга, споредна просторија на Белата куќа и без присуство на претставници на печатот. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 428 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Го уриваат мавзолејот на Енвер Хоџа
Седиштето на ОН ќе се шири
Мајката чедоубиец – на слобода
Руперт Мардок се извинува
Израел ќе го нападне Иран во септември
Партнерство на исток
Гадафи не си оди
Папандреу ја прозива Европа

"""