Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Мајката чедоубиец – на слобода

Протест пред затворот поради нејзиното ослободување

Самохраната мајка Кејси Ентони е пуштена од затвор откако во почетокот на јули беше ослободена од обвинението за убиството на двегодишната ќерка во 2008 година. Меѓутоа, таа беше осудена на четиригодишна затворска казна поради лажење на полицијата што ја истражуваше смртта на нејзината ќерка. Неа и' беше признат престојот во затвор пред судскиот процес и беше ослободена од затворот во Флорида во неделата изутрина.

Овој случај ја заинтересира американската јавност откако исчезна Кајли Ентони. Останките на девојчето беа пронајдени во шумата, околу 400 метри од семејниот дом, во југоисточниот град Орландо, во декември 2008 година, шест месеци откако таа за последен пат беше видена жива.

Во почетокот Ентони (25) рече дека Кајли била киднапирана од дадилката, потоа на судењето кажа дека се удавила во базенот. По шестнеделниот судски процес, кој детаљно беше покриван од медиумите, поротата ја прогласи за невина по обвиненијата за убиство и злоупотреба на деца. М��ѓутоа, таа беше осудена за лажење на иследниците откако ја пријави Кајли за исчезната во летото 2008 година, повеќе од еден месец по исчезнувањето на девојчето.

Десетици луѓе со транспаренти се собраа пред затворот во Оринџ Каунти за да протестираат поради нејзиното ослободување. Адвокатите на Ентони рекоа дека таа добила голем број закани, објави новинската агенција Асошиетед прес. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 960 пати.

Испрати коментар

Од: Alek®
Датум: 18.07.2011 08:21:26
„Неа и' беше...“ Ова е слобода на изразување во поглед на правописот или лекторот ви е на годишен одмор?

Најди! во Утрински
Свет
Го уриваат мавзолејот на Енвер Хоџа
Далај-лама ги скара Кина и САД
Седиштето на ОН ќе се шири
Руперт Мардок се извинува
Израел ќе го нападне Иран во септември
Партнерство на исток
Гадафи не си оди
Папандреу ја прозива Европа

"""