Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Екон��мија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Што пишуваат весниците во светот

Газета Виборца

Партнерство на исток

Страницата на „Фејсбук“ за партнерството има застрашувачко многу коментари како: „Толку убави зборови – и кога ќе видиме нешто конкретно?“ Или: „Источно партнерство, оваа најважна иницијатива поддржана од Полска – тоа е само фарса?“

Двата извештаја сега се обидуваат да го проценат влијанието што го имаше партнерството досега. Прво, формулирано од Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), го нагласува фактот дека ЕУ никогаш не уживала такво присуство во постсоветскиот простор како што тоа е случај денес – а сепак останува немоќна да го преведе тоа присуство во моќ и да има некакво реално влијание врз политичките настани во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.

Авторите на извештајот Нику Попеску и Ендрју Вилсон посочуваат на растечките авторитарни тенденции во сите земји инволвирани во Партнерството, со исклучок на Молдавија. Белорусија, Ерменија и Азребејџан не успеаја да ги исполнат демократските стандарди. Иако секако подемократски, Украина и Грузија допрва треба да го достигнат нивото на демократија од западен вид. Неспособна да ја помогне демократијата во овие земји, ЕУ не е ниту подобра во одбрана на своите економски интереси.

Попеску и Вилсон веруваат дека неуспехот во демократизацијата на источна Европа може да доведе до револуционерни немири слични на оние во северна Африка и на Блискиот Исток.

На кинескиот пчелар Ли Конгџијанг целото тело му е прекриено со пчели. Пчеларите се натпреваруваа така што стојат на вага и користат пчела матица за да привлечат други пчели кон нивните тела. Победи Ванг поткако привлече 26 килограми пчели на неговото тело за 60 минути

 

Ле Монд

Либанската мода и париските светла

За време на минатонеделните модни шоуа се забележа дека источен ветар дува на пистите во Париз. И додека Франција почна да се сомнева во неопходноста на ултрависоките модни колекции, половина дузина либански дизајнери одржаа во живот одредена елитна идеја за мода, со помош на дизанјерските студија што вработуваат стотици шивачки.

Ели Сааб, еден од малкуте странски дизајнери признат од Француската комора за висока мода, е најпознат од овие ориентални дизајнери. Ѕвезди шетаат по црвените теписи низ светот во неговите креации. Фустаните од неговата нова колекција презентирана на 6 јули уште повеќе ќе засјаат оваа година, рефлектирајќи светлина преку стотиците „сваровски“ кристали. Долги, кратки, набрани или покриени, овие луксузни парчиња облека направени од муслин или тантела се извезени со мали кадифени цвеќиња или парчиња визон и за нив биле потребни меѓу 50 или 100 часа да се направат.

Зухаир Мурад, поранешен асистент на Ели Сааб кој, исто така, сака везови, работи на колекција инспирирана од Далечниот исток, надополнета со широк појас и карате пантолони. Мурад е дел од генерацијата дизајнери која експлодира на либанската модна сцена пред околу 15 години. Мурад слета во Париз пред седум години со цел да има поинтернационална клиентела. Негова цел беше да направи „богат микс меѓу францускиот вкус и медитеранската жена која сака да биде елегантна и ја негува својата женственост“.


#
Статијата е прочитана 462 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Го уриваат мавзолејот на Енвер Хоџа
Далај-лама ги скара Кина и САД
Седиштето на ОН ќе се шири
Мајката чедоубиец – на слобода
Руперт Мардок се извинува
Израел ќе го нападне Иран во септември
Гадафи не си оди
Папандреу ја прозива Европа

"""