Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

„Китот“ ќе ја чисти нафтената дамка

Најголемото пловило за собирање нафта во светот дневно прочистува 21 милион галони вода

ЊУ ОРЛЕАНС – Американските власти се надеваат дека расчистувањето на нафтената дамка во Мексиканскиот Залив ќе биде успешно со нова опрема: најголемото пловило за собирање нафта во светот што пристигна во средата.

Официјалните лица се надеваат дека бродот може дневно да собира до 21 милион галони вода загадена со нафта. Наречен „Кит“, поранешниот танкер што плови под знамето на Тајван, е со големина од 3,5 фудбалски игралишта и е десет ката висок. Тој тукушто излезе од големо осовременување за да биде подготвен токму за овој случај. „Тој е апсолутно огромен. Тоа е просто неверојатно“, вели Овертон, кој го виде бродот минатата недела во Норфолк, Вирџинија.

Бродот изгледа како типичен танкер, меѓутоа ја собира контаминираната вода низ 12 вентили од двете страни на предниот дел на бродот. Потоа нафтата треба да се одвои од водата и да се префрли во друг брод. Водата повторно се враќа во морето. Меѓутоа, бродот никогаш досега не бил тестиран и остануваат неодговорени голем број прашања околу тоа како ќе работи тој. На пример, морската вода задржува траги на нафта дури и откако ќе биде филтрирана, па затоа Агенцијата за заштита на животната средина ќе треба да даде дозвола со која третираната вода ќе може да се враќа во заливот. „Тоа е толку просто“, вели Овертон. „Собирате валкана вода загадена со нафта, а враќате во морето многу почиста вода“.

Крајбрежната стража ќе го има последниот збор за тоа дали бродот ќе може да оперира во заливот. Сопственикот, шпедитерската компанија „ТМТ груп“, ќе мора да ги усогласи надлежностите со БП, кој плаќа за чистењето.

Огромната нафтена дамка на БП ќе биде најголема досега во Мексиканскиот Залив врз основа на највисоките проценки на федералната влада што е застрашувачки податок, кој ја нагласува очајната потреба на нафтениот гигант да го запре истекувањето.

Нафтата, која два и пол месеца истекува од оштетениот извор на 1,5 километари длабочина се очекува да ја надмине оценката од 140 милиони галони, надминувајќи го рекордот поставен од истекувањето на „Иксток 1“ во близина на мексиканското крајбрежје од 1979 до 1980 година. Дури и според најниските проценки од страна на властите, најмалку 71,2 милиона галони се истечени во заливот.

Растечката вкупна количина на истечена нафта е од круцијално значење да се следи делумно поради тоа што БП Плц. со седиште во Велика Британија, најверојатно, ќе биде казнет по истечен галон, вели Лари Мекини, директор на Универзитетот „Тексас А и М“. Истекувањето на БП што почна откако нафтената платфо��ма „Дипвотер хорајзон“ експлодираше на 20 април при што загинаа 11 работници, исто така, е и досега најголемо истекување забележано во крајбрежјето во мирновременски услови.

Меѓутоа, не е најголемото во историјата. Тоа се случи кога ирачките сили ги отворија вентилите на терминалот и исфрлија околу 460 милиони галони нафта во 1991 година за време на Персиската заливска војна. (АП)


#
Статијата е прочитана 1971 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Брана за беззаконието на факултетите
Радикалниот исламизам маршира
Тиквешански
На лозарите им скисна грозјето
Власта во паника
„Портокалово“ искушение за Бразил
Зурли, тапани и сите адети на Петровден
И протести и скапотија, а нашите јуришаат на грчките плажи
Политички игри со Тоше
Фантазерите го спасуваат Мундијалот
Бодигардите на државниот врв со краток фитил
Ослободување во три слики
Гана фокусирана на Форлан и на Суарез
Мамењето во фудбалот и етиката
Кристијан Вулф е новиот претседател на Германија
Секој месец се' поскапо
Тактика на нојот
Приоритетите во животот сосема ме сменија
Арогантна тенисерка што ги штеди насмевките
Нов врисок на принцот на темнината
Кралот на сапунските серии