Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Си велам

Власта во паника

Ерол Ризаов

Црвенковски најави бојкот на вонредни избори, а бара предвремени

Владата влета во паника по еден сосема обичен митинг на опозицијата. Премиерот Никола Груевски ги свика на итен вонреден состанок коалиционите партнери да го анализираат говорот на Бранко Црвенковски. Небаре се случила голема временска непогода. Потоа Груевски веднаш отрча на својата телевизија Сител да ги смири симпатизерите и да им појасни дека митингот е катастрофално промашување, а Бранко бил очајно лош и немал што да каже ново. За секој случај, вмровските агитпроповски институти подготвија долгометражен филм за ликот и делото на Црвенковски, кој 24 часа се врти на провладините телевизии како страшило за народот во стилот чукнете ја главата оти може да ви се врати Бранко. Како мајките што ги плашеле децата во стариот Рим - Ханибал анте портас. Најисплашени, сепак, беа медиумските полтрони и мегафони кои се растрчаа по телевизиите, весниците и радиостаниците да им објаснат на граѓаните тоа што тие не го виделе: колку малку луѓе имало на митингот, колку ни е добра власта, колку е умен и омилен Груевски, колку е страшно ако се врати Бранко на власт, дека митингот го организирале Грците, дека се црна чума зададе над Македонија. Таква атака и насилство врз сетилата на граѓаните, таков примитивизам кој ја навредува интелигенцијата на партиски незагрижените луѓе досега немало. Таа пропагандна наезда стана контрапродуктивна за власта зашто сосема логично е прашањето: чуму толку страв ако немало луѓе на митингот, ако Бранко се повторува и ако тој народен собир бил неуспешен. Тоа би требало да бидат добри вести за власта, а не јавна демонстрација на паника.

А, во суштина нема ништо ново. Власта по четири години владеење влезе во длабока политичка и економска криза поради расчекор меѓу големите очекувања и надежи на јавноста, ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ и секојдневна реалност во која живееме. Дури може да се каже дека Груевски успешно, за скапи пари, го менаџираше рејтингот на Владата и својот лично, иако не сработија ни тој ни Владата ништо од стратегиските приоритети на Р. Македонија. Владата навистина многу работи и е присутна секаде, но она што го сработува не е ни близу до главните приоритети на државата. Кажано со други зборови Владата и премиерот Никола Груевски успеаја во овие четири години да создадат привид кај мнозинството граѓани дека Македонија чекори напред иако егзактните бројки и секојдневието видливо ги демантираат. Успешноста на секоја влада се мери според универзални светски стандарди, без трикови, популизам и демагогии. Период од четири години е оптимален да се проверат резултатите на едно владеење. Првиот и основен показател од кој стравуваат сите премиери, десни и леви влади, е каков е квалитетот на живот на граѓаните. Дали во тој четиригодишен период луѓето живеат подобро или полошо, дали им пораснал стандардот или опаднал. Сите параметри недвојбено укажуваат дека огромното мнозинство граѓани на Македонија живеат полошо отколку пред четири или осум години. Ова не може да се преправа со прикаски и рекламни кампањи и козметички статистики. Тоа и досега го гледаа граѓаните, но, сепак, негуваа надеж дека е потребно време Груевски да ги оствари своите ветувања. Сега, по четири години, гледаат сосема јасно дека од тоа нема ништо, освен фантастични визии за изградба на споменици, музеи, стадиони, театри и потрага по пославно минато. И тука Груевски често прави замени на тези. Сигурно дека никој разумен не е против изградба на објекти од типот стариот театар, филхармонија или да се постават некои споменици од подалечното и од поблиското минато. Проблемот е во тоа што тие сега не се македонски приоритети. Кога нема основна инфраструктура, стадионите и спомениците не можат да бидат главни приоритети.

Втората работа која ги оценува владите според светски мерила е вработеноста. За ова што да се каже. Веќе угледни светски економски списанија не' прогласија за светски шампиони по бројот на невработени. Тоа што нема бунт и жестоки демонстрации само потврдува дека цветаат сивата економија, шверцот, митото и корупцијата, трговија со луѓе и дрога.

Третиот параметар за успешноста на една влада е развојот на демократските процеси и човекови слободи, безбедноста на граѓаните, почитувањето на законите и правната држава. И тука резултатот е нула. Оваа Влада не е демократска, ниту, пак, има демократски капацитет. Сите значајни контролни механизми за злоупотреба на власта се отстранети и не функционираат. Новинарството и медиумите се под силен притисок. Безбедносната состојба во Македонија е полоша од пред четири години. Никогаш меѓуетничките односи по 2001 година не биле толку затегнати колку што се сега. Веќе се доведува во прашање и Охридскиот договор од неговите потписници и најголеми поддржувачи. Правната држава се' уште е мислена именка. Приватната и државната сопственост не се заштитени. Државниот имот се крчми по партиски директиви и преку ноќ станува приватен посед, а приватниот имот го преземаат државни кападахии. И за евроатлантските интеграции нема што да се каже. Поназад сме отколку пред пет години. Проблемот со името е голема кочница, но владите и премиерите се бираат да ги прерипнат пречките и да ја водат земјата напред. Ете, затоа не му беше тешко на Бранко Црвенковски да направи митинг во Скопје на кој имаше двапати повеќе луѓе отколку на митингот на ВМРО-ДПМНЕ десетина дена порано по повод 20-годишнината од основањето на партијата.

Конечно, кои беа пораките на Бранко Црвенковски, лидерот на опозицијата. Прво, тоа беше силна порака да се совлада стравот од едно недемократско владеење. Стравот од граѓаните се пренесе кај власта, што е нормално. Колку опозицијата ќе успее да го одржува стравот кај се' поарогантната власт е сосема друго прашање. Црвенковски се закани дека нема опрост и дека власта ќе одговара за своите злоупотреби и криминал. Црвенковски вчудовидувачки најави бојкот на вонредни избори, а бара предвремен: „Избори пред ноември би биле погубни за иднината на земјата, па затоа ниту такви избори бараме ниту на такви избори ќе учествуваме“. Тоа значи дека ако владејачките партии побараат пред ноември избори, ќе има бојкот на изборите од страна на поголемиот дел на опозицијата. Најавувајќи вонредни избори, Црвенковски, всушност, најави нивни бојкот доколку не бидат тогаш кога тој посакува. Пораката на Црвенковски е од психолошка природа: демек опозицијата бара и е подготвена за избори. Тој знае дека ниту една власт нема да го распушти парламентот за предвремени избори кога не и' оди тоа во прилог. Но, исто знае дека политиката на Груевски треба да се порази на избори вонредни или редовни, сеедно, со понуда на подобра алтернатива. Ако Црвенковски чека Владата на Груевски да падне само затоа што расте незадоволството кај граѓаните, ќе се изначека.

Но, она што најмногу го интересираше Груевски и разузнавачките служби е кој му даде пари на Црвенковски да организира митинг. Дали парите пристигнаа од дома или однадвор. Ако се од дома, брзо ќе видиме спектакуларни апсења, ако се однадвор, Груевски е веќе на заминување.


#
Статијата е прочитана 3351 пати.

Испрати коментар

Од: andrej
Датум: 02.07.2010 00:14:29
grujo e totalno zelen da vodi drzava nekoj mora da go sopre duri i vo kongresrtot na sad kongres man baral od obama da se zakani na grujo da ne ja provocirat vece grcija so kradenje istorija,mozno e sad da go trgne grujo od vlast i po nasilen pat toj covek ima samo edna cel bogatanje i zaminuvanje vo bugar biznismen.
Од: Od Prijatel
Датум: 02.07.2010 00:20:24
Sto ima Grujo da se plasi od bc toj nema sansa dase vrati nazat a isto i sdsm narodot krena race za Vek Grujo isto ke ostani kako Tito duri e ziv samo razlikata e nee komunist on e istaliran na demokratski nacin na Vlast...
Од: vlado
Датум: 02.07.2010 00:25:11
koj mu dal pari,pa ne se valda toolkavi fukari da nemaat pari za eden miting,sto se odnesuva do tekstot,izvonreden e
Од: ја
Датум: 02.07.2010 00:30:29
(Продолжение на колумната)Груевски е на заминување но не само од власта туку и од државава.Уплашен е.Готов е.Бранко само го пренесе ставот на 3/4 од населението поддржан од 50 000 незадоволни граѓани а народот порано на предвремени или малку покасно на редовни избори ќе му кажи:„Глујо оди си во историјата“ но пред тоа да си ги расчистиме сметките.Каде се трошеа народните пари!И џабе му се партиските мегафони од типот на Латас,Томиќ,баба Мирка,бурекџии и бумбарки.Џабе се трошат и пари на анти реклами за Бранко.Народот ова не го гледа и Ви порачува - СИКТЕР.
Од: maja
Датум: 02.07.2010 00:36:22
хахаха, крајот е многу јак...немојте бре луѓе Грујо ќе умре од страв од тоа што го чита.... ајде Грујо, куферите спремни и адиоооо
Од: Миле - Охрид
Датум: 02.07.2010 00:46:56
СДСМ и ними наклонетите медиуми ги прават последните напори да ја реализираат грчката агенда за промена на името на Република Македонија како сеопфатно решение за сите проблеми во државава. Тие го прикажуваат прифаќанјето на грчките шовинистички барања како единствен исправен пат кон реализацијата на сонот на сите македонци да влезат во комунизам (Или можеби овој пат визијата им беше некоја друга? Што би рекол Ѓорѓе Балашевиќ „принципот е ист, се останато се нијанси“) . Недна опозиција која нема јасен и чврст став кон неменувањето на нашето име нема шанси, во регуларна процедура, да дојде на власт. Залудни се и напорите на медиумите кои заговатраат прифаќање на грчките шовинистички барања, да го оправдаат своето постоење пред нивните налогодавачи. Со сила можете да ни го земете името. Со сила не можете да ни дадете ново име. Дали Власта има грешки? Да, ги има многу. Но, се ќе им биде простено ако опстојат на зачувување на името. П.С. Не сум член на ниедна партија.
Од: Alpha +
Датум: 02.07.2010 00:53:43
Nedela 27.06.2010 godina treba da bide golema,ogromna,otreznuvacka pouka za Gruevski.I ne samo za nego,tuku za site naredni vladi.Normalen covek posle vakov protest,ke sedne ke se cukne vo glava i ke razmisli sto pravi,sto napravil i sto treba da pravi za da ja vrati drzavata na posakuvaniot kolosek.No se plasam deka panikata i stravot koj gi zafaka vmroovcite namesto vo omeknuvanje na diktaturata ke evoluira vo agresivnost kon narodot,za sto veke se pokazuvaat i prvite znaci.No uste poveke sum siguren deka dokolku ne se zauzdaat i ne pritisnat na kocnicite,na takviot niven bes narodot ke odgovori so revolucija.Propagandata koja ja sirat preku svoite mediumi ne sfakaat deka postignuva sosema sprotiven efekt od toj koj go ocekuvaat.
Од: nacional-patriot
Датум: 02.07.2010 01:45:55
Cudno,Erol samo vo edna recenica gi spomna meguetnickite odnosi,kako nesto sto treba da go uplasi narodot.Nemase da bide cudno ako Erol napisese deka ke ima domovi vo plamen,bombi,krv do kolena...,ako SDSM ne se vrati na vlast.No tie zaplasuvanja veke ne palat kaj narodot,bidejki celi dve godini opozicionite mediumi se obiduvaat da go uplasta narodot so vojna,no ne im uspeva.Narodot principielno e protiv dodavka na imeto na drzavata i ne se plasi od zakani.Sega meguetnickite odnosi se podobri nego sto bea vo 2004 godina koga SDSM bese na vlast i koga se donese teritorijalnata organizacija i koga se zategnaa odnosite.Ne se plasi za povlekuvanjeto na potpisot na ramkovniot.Onie od DPA nisto ne pravat.A za finasiranjeto na mitingot odnadvor,ako go finasirale neprijatelite na Makedonija,togas SDSM e gotov uste poveke.A Erol.
Од: Afion
Датум: 02.07.2010 04:14:38
Erole, ova so finansiranjeto na mitingot ti e "koitus ante partas". povikuvajkji se na demokratija i kako demokratski drzavi reagiraat pri takov "koitus" ti be trebalo da bides zagrizen a ne vesel oti Grujo kje "padnel"? Ovoj podatok e za javen obvinitel.
Од: Crn pojas
Датум: 02.07.2010 04:24:16
Evo cicko EROL PAK SO ISTA TEMA,ajde molimte provri kolku pati si pisal za Gruevski i za negovata vlada dali vopste coveku imas nesto da pisuvas ili skros si go zgresil pato.Pa ajde kazi sto treba da napravime dali lmas ti ime za nasata drzava oti ova ne ti e na kejfo i od kade mislite vie da donesite investici koj ima pari sega za biznis ili taka tebe ti odgovara,pa ajde coveku dosta bese se umorivme od tvoite kolumni napisi nesto svezo pa malu da se osvezime.Evo na primer izborite ke se desat uste malku si cekal tolku pocekaj uste malku i so srka ako mislis oti so sigurnos odma nie ko go smenime naseto mislejne oti ti taka sakas.
Од: citatel
Датум: 02.07.2010 04:50:56
Stavot na Erol za segasnava vlada e poznat uste od nejzinoto formiranje. I dobro e sto e dosleden i sto nema ni milimetar pomereno vo svoite stavovi. Citajki gi negovite kolumni se zabelezuva opsednatost so polkitickiot i ideoloski pravec na vladata koja sepak go sledi potrebite i ocekuvanjata na onie sto ja donesoa na vlast. Duri i da padne ovaa vlada narodot pak ke donese promakedonska vlada koja ke gi gleda interesite na izbiracite. Nadezite na Erol deka SDSM ima nesto poveke ili poavtenticno da mu ponudi na mnozistvoto se nerealni. I po narednite izbori Erol ke si ostane kako voajer na koj licno ne mu se dopagja ona sto go gleda niz klucalkata.
Од: Moris
Датум: 02.07.2010 06:53:59
Silnata ekipa okolu Crvenkovski ja pokaza svojata sila i ja pobedi ekiptaa na Mijalkov. Toa e momentalna pobeda no sepak uspesno ja skri organizacijata an mitingot i gi navlece so informacii i dezinformacii vlastite da se custvuvaat komotno. Tolkava silna podzemna organizacija nemalo vo Makedonija od vremeto kga srpskata opozicija an celo so Gjingjic rabotese protiv milosevic so pomos na zainteresiranite da go trgnat. Dali ova istoto mu se slucuva na gruevski dodeka leta opien od vlasta i potemkiovite sela koi m gi pravat negovite podrzuvaci.
Од: Nikola
Датум: 02.07.2010 07:55:12
Najiskreno ,preku glava mi e dojdeno od politicari,od predvremeni izbori,od prazni vetuvanja.Najgolemiot problem vo Makedonija e ZDRASTVOTO.Toa postoi na hartija,vrabotenite vo istoto si zemaat redovna i dostojna plata(za Makedonski uslovi),no rabotnikot ,obicniot covek e toj koj sto mora da e zdrastveno osiguren bez taa nelogicna participacija.Namesto politicarite na predizbornite mitinzi da ne lazat deka ke otvorele rabotni mesta ,ke donesele investitori...vreme e da prestanat so praznite obekavanja i najvasnoto da go sredata vo drzavata a toa e sekoj zitel vo Makedonija da bide zdrastveno osiguran!
Од: bt
Датум: 02.07.2010 08:00:26
Tekstot e prepoln so goli lagi i pusti zelbi
Од: Јован АН
Датум: 02.07.2010 08:05:12
Кои медиуми се на власта?Утрински весник?Дневник?Време?Глобус?Канал 5 со Васко?Фокус?Шпиц?А1?А2?Време?Алфа?....
Од: Народот
Датум: 02.07.2010 08:09:41
Вие што вака пишувате па и самиот напис сте против народот. Затоа тој ке ви каже на избори. Ке ве замолчи засекогаш. Всушност замолчани сте само претате како оние невладини шарлатанчиња а тие биле политичари, привезоци на СДС.
Од: Nikola
Датум: 02.07.2010 08:14:26
nest se menuva! Se sretnav so trojca na mitingot koi stravuvaa deka nekoj od vlasta ce gi vidi i moze da imaat posledici. No, sepak dosle. Ova vece ne se trpi, ne se moze povece- velat tie!
Од: ORCE MAKEDONSKI
Датум: 02.07.2010 08:18:14
Analiza,si velam VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA ,iako ne e na valast ne e nitu vo panika ,bidejki resenijeto go ima i lezi bar taka si velam jas i mojata idealoska partija VMRO-ZA SVETSKA NGEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA ,a dotogas mirno spijte VMRO-DPMNE analiza pravi i sproveduva ZA TATKOVINATA SE RABOTI I ZA EVROPSKA RM , a SDSM gi imase site tie sansi i analizi si velam i ne samo toa se prasuvam zosto ne gi sprovede i resi site problemi so koj se soocuvaat graganite na RM od samoto osamostojuvanje na RM ,si velam do kolku VMRO-DPMNE ne gi resi ,si analiziram i velam ke gi resi ,zosto da ne VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA ,POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSK GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA
Од: Sasop Germanija
Датум: 02.07.2010 08:18:35
Onie koi tuka pisat VALJDA, SVE itn poarno da si sedat mirno na dupeto.A, tebe dragi Erole mnogu pati ti velam, cuvaj si zudravje an da go cuvas Crvenkovski. So nego ne biva be taa rabota.Kako Turcin te molam stori gigantsko delo Turcija na Krivolak da dojde so edna brigada so staro oruzje za da se vednas smiri grckiot imperijalizam. Makedonsko ime nema da zagine Erole. Nitu edna bukva da ne se menuva.Pozdrav be bate.
Од: Do PrijaTele
Датум: 02.07.2010 08:38:40
"Bitkata za imeto" na Grujo e samo paravan za drzavniot kriminal koj go sproveduva na patot do stanuvanjeto bogat kolku eden "prosecen biznismen", seto drugo se nijansi. Toa sto onie sto go podrzuvaat ja pikaat glavata vo pesok, ili go drzat magareto za stapot i velat deka e magarica, e samozalazuvanje deka Grujo ke vladee dozivotno, kako Tito. Za takvo nesto bi trebalo, barem, da moze da go bojadisa ona sto Tito go napravi.
Од: SPIRIDON
Датум: 02.07.2010 08:43:25
Mile origjanče,ne go davame imeto,taka?Z*š be,antičko makedonče,potpmok na Aceta.Aku re.BJRM?Ama jas sakam mojte deca da rabotat i živejat so standard kako tija u Evropa.Šo gi mešaš grčištata so Bane i SDSM.Aj re i VMRO so "majka B*lgarija".Odi begaj be.Erole u pravo si so natpiso za site vija halabuki,ama i šo ke ni e i voa mitingo.Narodo ne čine.Narodo naučen na leb bez motika,klati vrata zimaj plata,državni jasli.Ja pokažaa anketite so mladite.Zašo?Oti do se pa i pod Ljubče,pa i pod Bane,pa i pod BUČE,pa i pod Nikolčo pokaža se deka ni edno ministerstvo ne im odolea,ne ostana čisto,na tenderite,proviziite,na korupcija.Nogu od ni istadnaa kako biznismeni od državnite jasli.A i od narodnostite.Za godišen detašman u Germanija se plakjaše na raka po1500 marki.E za toa narodo treba da se smene.Da ne čeka "koa ke dojdeme nija na vlas".
Од: јас
Датум: 02.07.2010 09:38:44
Текстот е сосема во ред и ја погодува суштината на стравот ( уплавот ) на племиелот од неделниот митинг на опозицијата..Само една поправка : не беа 2 пати повеќе од митингот на портокловите , ами 4 пати повеќе !!! А за парите за митингот , не се секирајте дека се дојдени од странство : Имаме доволно богати донатори ( бизнисмени ) на кои владеењето на портокалите им е преку глава ( од секојдневните државни рекети по приватниот бизнис )...
Од: Nikola-Germanija do nacional-patriot
Датум: 02.07.2010 09:41:49
Gledajki kontinuirano po vremeto koga gi pisuvas tvoite komentari,zaklucuvam deka si eden od tie partiski vrabotuvanja vo administracijata koi si sedat doma i sepak primat plata.Na zapad toa go narekuvame "Home office":-).Domakin covek sto treba utredentta da stani za na rabota,ke se legne navreme.No ocigledno tvojot krevet tie e na dofat.Epa ne si lud da navivas za opozicijata.Vazno tebe da tie arno;a za ostanatite-KOJ GI SISA! I tuka tvojot nick ja gubi smislata.PATRIOT znaci da pridonesuvas za dobroto na opstestvoto,no ti gi zastapuvas tezite na Dusmanite na Makedonija. NACIONAL ne mozes da bides,bidjeki vo svetot si priznat kako FYROM i tokmu toa ime sega go branat "tvoite omileni",namesto da go resat problemot za dobroto na MKcot i negovata idnina i ne zaradi si nekoi organizacii kako EU ili NATO,na cii vrati uporno cukat tvoite samobendisani avanturisti so tajfata,pa izigravat Heroi stom EU i NATO ja isporacuvaat cenata za priem,bidejki MK ni od daleku ne gi ispolnuva uslovite!
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586t
Датум: 02.07.2010 09:47:35
Sto mu e na covekov!? Vaka ili onaka vlast na izbori se dobiva ! Ili pak drugo nema za sto da pisuva pa politicki analiticar ke izigruva!?
Од: sirma vojvoda
Датум: 02.07.2010 09:59:03
GOTOV E!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: dbreak
Датум: 02.07.2010 10:39:20
Glujo nema namera da si ODI. NIE KE GO IZBRKAME !!!
Од: itar pejo
Датум: 02.07.2010 10:49:35
kakov ekonomist e grujo koga ne mozi da kupi eden stan pa mora majkamu so panzija od medicinska sestra is golema ekonomija da mu kupi cetiri stana zalna e nasava prerodba vo 100 cekori rikverc decava na vlast nemaat nisto cekaat na roditelskite penzii
Од: Turchin
Датум: 02.07.2010 10:56:36
Shto e ubavo da kidnesh vo Germanija ,da glumish patriot,a za tebe da se borat Turcite,pa bash na Krivolak!Takvite patrioti kako tebe,Sasho od Germanija,se grobari na Makedonija!Zasrami se i ne pishuvaj nikogash povekj posle deneshniot idiotski komentar!
Од: gimi
Датум: 02.07.2010 11:21:05
Ima edna narodna pogovorka "Ako se plasev od vrapcinja proso ne sadev".
Од: tihi
Датум: 02.07.2010 11:44:52
tekstov mi lici na mecka strav mene ne strav.
Од: Професорка
Датум: 02.07.2010 12:11:24
Не сум во ниту една партија ниту ќе бидам. Но, дел сум од огорчените од овој режим. Многу се радувам што ДПМНЕ-овци премреа од страв. Тие ионака се параноични. Затоа прислушкуваат се живо и диво. Митингот на Бранко беше митинг на масовно нездоволство. Не сакам да амнестирам никого во нашата политика во овие 20 години бидејќи стално одиме надолу. Но, со овие се струполивме во бездна. Дај боже да се најде било кој маж (или жена, ха, ха...) да ги бутне и тоа пред да банкротираме.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 12:57:37
Сиромашките од власта - та тие се веше отпишани а не се ниту свесни за тоа.Требело Пастирот да се преправи во обичен граѓанин и да се вмешаше меѓу народот и тога се ќе му беше јасно.Сега треба некој да го лаже.Та сите ги псујат дури и тие кои имаат корист од нив.Им се случува народ и тоа не можат да го запрат, можат само да го одложат, за неколику месеци и тоа е тоа.Порака до дедовците Димо и кои не да не се тревогаат ако имаат наредба за плукање кога ќе дојде демократијата ни влакно од главата нема да и�� фали...
Од: nina
Датум: 02.07.2010 13:00:05
.......ГРУЈОВИЗМОТ очигледно ке заврши, самите тие си се доведоа до својот крај....но нека внимаваат ОНИЕ кои ке ги заменат, да не ги повторуваат секогаш истите грешки, ПОДРШКАТА СЕ ДАВА НО И СЕ ВОЗВРАКА НА НЕА.....
Од: Krusevchanec
Датум: 02.07.2010 13:14:51
Erole,prijatelu star,mnogu sakam da go citam toa sto go pisuvas i sekogas e pravo vo centar,ali bi te zamolil za nesto sto sekogas go zaboravas,nemoj te molam vlasta t.e.VMRO DPMNE da gi narekuvas Vmrovci,so toa mene licno me vredjas zosto jas licno sum za VMRO SDS,i bi bilo pokorektno niv da gi narekuvas Dpmne-ovcinja!! So pocit kon tebe i tvoeto potroseno mastilo site ovie godini koi si gi potrosil za vistinata sto za zal nasiov narod i posle dvaeset godini ne razlikuva magare od avion vo politicka smisla !!!!
Од: goce
Датум: 02.07.2010 15:04:51
Gospodin Rizaov ne preteruj. Deka malce im se podotvorija oci -Da Deka mladite i pametnite decki od VMRO to (vrz koj i se bazirase kvalitativnata razlika) svatija deka Crvenkovski si obezbedil grb i deka ke treba da pocnat barem da gi razgleduvaat opciite za presaltuvanje -Da. Ali ko so i kaza Crvenkovski "vo parite e rabotata" , a ovie od "familijava" posto rabotea centralizirano i vo mal krug natrupaa mnogu pari , tesko se rusi toa . Plus go imaat onoj maliot Protuger so e pameten ali i prljav igrac ( gen si e gen,se metnal maliot na dedo mu). Mora Sekerinska da se aktivira ekspresno za da ima koj da parira. i uste ednas poleka borbata ke bide dolga teska i neizvesna. Edno mu se cudam na Branko sto ne go cenam narocito kako nositel na izvrsna vlast , ali mu se voshituvam na energijata.Iskreno ja na negovo mesto ke si uzivav u penzijata i ke si sedev na Leninova so drugar mu Medo.

Најди! во Утрински
Насловна
Брана за беззаконието на факултетите
Радикалниот исламизам маршира
Тиквешански
На лозарите им скисна грозјето
„Портокалово“ искушение за Бразил
Зурли, тапани и сите адети на Петровден
И протести и скапотија, а нашите јуришаат на грчките плажи
Политички игри со Тоше
Фантазерите го спасуваат Мундијалот
Бодигардите на државниот врв со краток фитил
„Китот“ ќе ја чисти нафтената дамка
Ослободување во три слики
Гана фокусирана на Форлан и на Суарез
Мамењето во фудбалот и етиката
Кристијан Вулф е новиот претседател на Германија
Секој месец се' поскапо
Тактика на нојот
Приоритетите во животот сосема ме сменија
Арогантна тенисерка што ги штеди насмевките
Нов врисок на принцот на темнината
Кралот на сапунските серии