Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Интервју: Зијад Грачиќ

Кралот на сапунските серии

Зијад Грачиќ има ретка привилегија во хрватското глумиште - теленовелите никогаш не го заобиколуваат

Валентина Тодоровска

Зијад Грачиќ (1959) евидентно е најекспонираниот и најистурениот лик од хрватската сапунска продукција. Поради таа препознатливост го нарекуваат - кралот на теленовелите. Без многу мистичарење врзано за овој комерцијален ангажман, босанскиот актер со хрватската адреса вели дека е горд и дека сапунските серии дале еден особен белег во неговата креација.

Може ли да е поинаку? И режисерите ја знаат неговата можност на трансформација - од Френки Фишер во „Љубов во офсајд“, Анте Драган во „Обични луѓе“, Јосип Јуриќ во „Гордоста на Раткаеви“, Иван Брнес во „Урота“ до Никола Буковац во „Долина на сонцето“. Колегите зборуваат за него како за особено вреден и скромен човек, несменет од сите добиени признанија.



Ние се' уште ја гледаме „Долина на сонцето“. Какви спомени вас ве врзуваат за ликот на Никола Буковац?

- Мојата улога и не беше најатрактивна во серијата. Затоа, пак, беше поангажирана за играње. Кај мојот Никола нема некоја особена акција, тој некаде во себеси е растргнат да го минува животот во поодмината доба со синовите и некои рани идеи од љубовта и животот. Тоа, доколку се изразам драматуршки, е доста еднолиниско, да не речам - здодевно. Нема многу сличност со мене ниту во некоја идеолошка смисла, ниту, пак, на начинот на кој ги минувам деновите. Инаку, беше многу пријатно да се работи со добро усогласена и професионална екипа на чело со режисерот, господинот Бранко Иванда.



Се гледате ли отпосле, Ви се допаѓаат ли креациите што ги правите?

- Морам да признам дека не сакам да се гледам. По природа сум голем самокритичар и перфекционист. Овој вид работа, да се глуми во долги форми, бара побрзо темпо, и поради квантитетот понекогаш се жртвува квалитетот. Тоа, да бидам искрен, ми паѓа потешко.



Се чини дека нема теленовела во Хрватска во која не сте биле ангажирани. Што мислите, на што се должи тоа - на Вашата пријатна надворешност или на Вашето актерско умеење?

- Мислам дека мојот ангажман се темели најмногу поради тоа што сум добар актер. Но, исто така, знам дека изгледот за актерите е многу важна работа. Околу тоа прашање можам да кажам дека имав среќа.



На која улога од многуте ТВ-серии Ви е убаво кога ќе се сетите? Дали е точно дека актерите се врзуваат повеќе за негативците, да речеме како што беше Френки?

- Ќе кажам нешто што може да зазвучи како фраза, ама е животна вистина. Сите улоги ми се еднакво драги и уживам во нив. Сепак, да си негативец во ��риказната, тоа е особен предизвик. Таков беше Френки од „Љубов во офсајд“.



Родени сте во Тузла. Го имате ли во себе оној ненадминлив босански шарм, секогаш расположени за шега?

- Го имам и знам да го користам. Поточно кажано, кој ќе ме открие како комичар, тој ќе ја погоди целта.



Што може најмногу да Ве расположи, што да Ве насмее?

- Да се види некој или нешто оригинално, нешто едноставно, природно, спонтано.



Како се случи од Босна да дојдете во Хрватска? Дали понекогаш се чувствувате како странец во Загреб, градот во кој живеете?

- Во Загреб ја запишав Академијата и останав да живеам во овој преубав град. Во него сум веќе 30 години и го чувствувам апсолутно како свој. Уживам во него, му ги препознавам миризбите, боите, знам кога е меланхоличен, кога ќе надвладее тагата наспрема радоста и летната еуфорија. Загреб во мене многу често разбудува поет.



Кои Ви се омилените актери од бившата Југославија? Филмови?

- Овој најблизок случај со колегата Беким Фехмиу ме потсети уште еднаш каков блескав актер и човек беше тој. Ненадминлив. Оригинален во изразот. Од филмовите би го издвоил – „Се сеќаваш ли на Доли Бел“, секогаш ми е драго да го видам.



Што значи финансиски да си актер во Хрватска? Ве има ли во театар?

- За да живееме од оваа наша работа во Хрватска мора многу многу да се работи. Јас сум постојано ангажиран во ХНК - нашиот театар, а секогаш имам ангажмани и во другите театарски организации. Моментално играм со двајца свои колеги, исто така, актери од мојот матичен театар во претставата „Арт“ од авторката Јасмина Реза. Да речеме, тоа е претстава со која би сакал да и' се претставам на вашата публика.



Сте биле ли некогаш кај нас, во Македонија? Што знаете за нас?

- Во Македонија бев одамна, уште пред војната, и навистина многу би сакал да ја посетам вашата земја. Можеби тоа и ќе ми се оствари.



Некаде сте на средината од патот. Дали актерството Ви го донесе она за што сонувавте?

- Да, во многу нешта, ама не и во се' што замислив. Ќе има уште многу работи.



Бевте генерација со Ена Беговиќ, сега покојна. Дали работевте со неа?

- Ена е мојата колешка од класот и заедно сме примени во театарот на 1 април 1984 година, и токму од таа причина бевме заедно во претставата „Аиаксаиа“, работена според текстот на Радован Ившиќ, а во режија на Владимир Хабунек.



Вие сте семеен човек. Како Вашата сопруга Катерина, прочитав некаде економистка по професија, реагира на Вашата работа, обожавателките, кои претпоставувам ги има?

- Катарина е една сталожена и разбрана личност, немам никакви проблеми со тоа. Инаку, е економистка и дома, таа го прави балансот помеѓу она што значи животот и реалноста.



Имате две возрасни деца. Со кој Ваш совет тие растеа?

- Да си човек со специфична тежина, тоа значи да си она што си.



Како се одржувате, држите ли некакви диети, одите ли на третмани?

- Токму сега се подготвувам на посериозни третмани и тренинзи. Прифатив да учествувам во емисијата „Танц со ѕвездите“.



Како ќе го минете летото? Имате ли некаква постојана дестинација? И што е со хоби, голема страст?

- Работно, неколку дена ќе бидам во Дубровник, на летните игри. Потоа, според нашата семејна агенда, ќе одиме во Крвавица кај Макарска, со семејството. Жена ми е оттаму, имаме семејна куќа и тоа се одмори во кои сите уживаме.

Инаку, порано играв кошарка, бев многу добар, а сега нуркам и ловам риба. Тоа ми е вистинска забава. И можете да замислите кој ќе биде најсреќен и најисполнет летово?


#
Статијата е прочитана 696 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Брана за беззаконието на факултетите
Радикалниот исламизам маршира
Тиквешански
На лозарите им скисна грозјето
Власта во паника
„Портокалово“ искушение за Бразил
Зурли, тапани и сите адети на Петровден
И протести и скапотија, а нашите јуришаат на грчките плажи
Политички игри со Тоше
Фантазерите го спасуваат Мундијалот
Бодигардите на државниот врв со краток фитил
„Китот“ ќе ја чисти нафтената дамка
Ослободување во три слики
Гана фокусирана на Форлан и на Суарез
Мамењето во фудбалот и етиката
Кристијан Вулф е новиот претседател на Германија
Секој месец се' поскапо
Тактика на нојот
Приоритетите во животот сосема ме сменија
Арогантна тенисерка што ги штеди насмевките
Нов врисок на принцот на темнината