Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Елен Баркин

Приоритетите во животот сосема ме сменија

Елен Баркин повторно е активна- „Ужасна година“ е нејзиното ново филмско остварување

Честитки за одличната улога. Баш убаво што ни се вративте, затоа што во оваа декада не ве гледаме пречесто пред филмските камери.



Прашувате зошто самоиницијативно се повлеков во своевидна фаза на мирување од филмовите? Па, веројатно, се работи за таков период од животот. Како и сите останати, верувале или не, и јас ги поминувам истите фази. Најнапред, приоритетите значително ми се променија и не ми е лесно да ги оставам децата дома за помалку вредни нешта.

Што знам, многу малку бев заинтригирана од филмовите во последните години. Сепак, не го напуштив Холивуд. Не дека немаше понуди, но без посериозни предизвици. Ниту улоги, ниту колеги и режисери не се најдоа на патот за да ме заинтересираат и поттикнат да влезам во некој филмски сет, како, на пример „Палиндроми“ на Тод Солонџ или неодамнешниот „Ужасна година“. Накратко, би рекла дека немаше доволно филмови поради кои би ја напуштила куќата. Мислев, доколку повеќе не снимам ниту еден филм, а ниту добијам добра улога – баш ми е гајле. Но, сега, откако направив филм како што е „Ужасна година“, веќе имам поголема желба за работа. Насобрав животни искуства. Сакам да раскажувам разновидни приказни. Отелотворувам ликови кои ми одговараат и со кои можам да се поистоветам. На пример, додека истражував дали сум добра сопруга и мајка, го снимив „Тешко детство“ со Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо. Мораш да се оддаваш на улогата и да се сочувствуваш со ликовите. Доколку го немаш тоа, слободно барај си друга работа. Инаку, од првиот филм сум таква, па сакам низ глумата да кажам и откријам некоја моја тајна.



Точно ви одговараше улогата во „Ужасна година“ (Shit year), но и идејата и екипата на самиот филм.

Така е. Сценариото на Кем беше повеќе од одлично, прилично зрело за некој со тогаш наполнети 27 години, а сепак и доста несекојдневно. Секако, иако се поистоветуваше со актерка во 50-тите години од животот која Холивуд повеќе не ја сака како порано, актерка, која, по одигрувањето низ ликови, не знае за себе освен за улогите што ги толкува, а нејзина карактеристика е лизгање во надолна линија. Кој не би можел да се идентификува со тоа (хахаха )?!



Колин, ликот од твојот последен филм, го поистоветуваше својот живот со другите луѓе. Знаеше ли да ви случи истото и вам?

Не во толкава мера. Ликот не останува долго во мене, го исфрлувам надвор многу брзо. Не сакам да го носам насекаде со мене, а камоли дома. Со текот на времето, се научив да се справувам со тој проблем. Па, така, кога снимам филм, доаѓам дома и извршувам најнормални работи, како, на пример, правам вечера, ги легнувам децата во кревет и на крајот, самата себе се заспивам... Друг пример, неодамна, ужасен и прилично тежок лик одиграв во филмот „Камелеон“ на Жан-Пол Саломе, еднакво како и во „Законот на улиците“, режиран од Антони Фуке. Улогата во „Shit Year“ беше емотивно исцрпувачка, но и катарзична. Исто така, постои и процес со новите, полесни ликови, ги избришете од памтењето минатите улоги.



Слично како што беше со ликот во „Тринаесеттемина на Оушн“?

Да. Режисерот Стивен Соденберг и продуцентот Џери Вејнтрауб ми понудија забавна и лежерна улога. Просто, не можев да ја одбијам.



Какво беше чувството повторно да се работи со Ал Пачино?

Многу добро! Се запознав со Ал Пачино кога имав само 22 години. Филмот ни влета во одлично време, па уживавме да снимаме заеднички проект по повеќе од 20 години.



Мислите 18? Толку помина од „Море на љубовта“.

Добро, 18, ме фативте дека лажам (хахаха).



Што прави Елен Баркин кога не снима филмови?

Кога не работам, останувам дома, во куќата. Читам книги, гледам филмови... Уживам во долги разговори по телефон. Еве, ќе ви откријам, пред снимањето на „Shit Year“, со Кем Арчер зборувавме по четири часа секоја вечер. И што е најинтересно, ниеден од нас не се запраша зошто се наоѓаме дома, зошто ниту еден нема потреба да излезе надвор (хехе).



Како е вашиот однос со публиката и обожавателите? Им придавате ли внимание?

Нашата работа е бесмислена доколку луѓето не те препознаваат. Поласкана сум кога некој ќе ме застане на улица. Немам воопшто добро мислење за актерите, кои се прават дека немаат ниту минута време за автограми, заеднички фотографии и слично. Всушност, гледачите не „создаваат“ и поттпомогнуваат да направиме високоплатежни договори, па односот со нив треба да биде внимателен и одговорен.



Сте биле ли некогаш заљубена во некоја филмска ѕвезда?

Ух, да, и тоа многу, во Пол Њуман. Пред точно 30 години имав аудиција за филмот „Хери и синот“, со него како режисер и актер. Беше очигледно дека ќе ја добијам улогата, но никако не можев да го погледнам Пол во очите, затоа што, тој ќе ми опростите, е „проклетиот“ Пол Њуман. Се сеќавам дека Џоан Вудворд, неговата сопруга и една од актерките во филмот, рече: „Ќе ја добиеш улогата, но веќе е време и да почнеш да гледаш во тие сини очи, зашто ќе мораш да го правиш тоа и пред камерите! Па, успеав некако. Пол беше многу кул на снимањето.



А беше ли затрескана во Ал Пачино?

Не, само во Пол Њуман (хахаха).



Имате независна продукциска компанија заедно со брат ти Џорџ. Сте помислиле да се пробате како сценаристи, режисери?

Не, не ме интересира тоа. Нема чувство за визуелна работа. Не сум од луѓето што први доаѓаат со некаква идеја. Јас сум добар интерпретатор, но само ако сум рационално упатена во истото. Кога учителката од основното училиште ќе ми дадеше задача да нацртам цвет, јас тоа со задоволство ќе го направев. Но, кога имаше часови за слободно цртање, мојот блок остануваше празен. Се чини, си дадов прекрасна работа (хехе).



Како гледате на моменталната ситуација со денешните млади актери и актерки од Холивуд? Забележувате ли некаква разлика во однос на почетокот на вашата кариера во раните осумдесетти?

Ситуацијата е прилично изменета. Мислам дека има талентирани младинци, како актери, така и актерки. Во почетокот на деведесеттите ја играв мајката на Леонардо ди Каприо, кој, во меѓувреме, стана прекрасен глумец. Но, денес, филмската индустрија се однесува кон нив тотално немилосрдно и пазарџиски. Кариерите им се кратки, многу кратки. Ќе потраат две-три години, и толку, тие се веќе минато. Затоа, никој нема потреба да биде добар актер и професионалец, зашто и онака брзо ќе те снема. Доволно е да се биде приземјен. Не знам дали би имала актерски императив, знаејќи дека ќе траам само три години?!? (BBC)




#
Статијата е прочитана 573 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 02.07.2010 15:31:28
sovrseno retko-dobra glumica!bravo za elen barkin!

Најди! во Утрински
Насловна
Брана за беззаконието на факултетите
Радикалниот исламизам маршира
Тиквешански
На лозарите им скисна грозјето
Власта во паника
„Портокалово“ искушение за Бразил
Зурли, тапани и сите адети на Петровден
И протести и скапотија, а нашите јуришаат на грчките плажи
Политички игри со Тоше
Фантазерите го спасуваат Мундијалот
Бодигардите на државниот врв со краток фитил
„Китот“ ќе ја чисти нафтената дамка
Ослободување во три слики
Гана фокусирана на Форлан и на Суарез
Мамењето во фудбалот и етиката
Кристијан Вулф е новиот претседател на Германија
Секој месец се' поскапо
Тактика на нојот
Арогантна тенисерка што ги штеди насмевките
Нов врисок на принцот на темнината
Кралот на сапунските серии